deXterche
тадаммм
Регрутите од априлската класа се последните македонски граѓани кои заминаа на задолжително служење воен рок во Армијата на Република Македонија, соопшти министерот за одбрана Јован Манасијевски. Тој најави дека од октомври годинава Македонија ќе добие професионална армија.
Обзнаната беше направена на пресот на министерството на кој Манасијевски ги претстави предлог законските измени со кои се укинува задолжителното служење на војска. Според новиот план се воведува три месечно доброволно служење на војска, по што од пријвените регрути се избираат идните професионалци.
Истовремено се престанува и со праксата за цивилно служење на воениот рок, која според министерот претставувала единствено материјална штета за Армијата и носела само загуби, пренесува Макфакс.
Министерот порача дека очекува законот да биде изгласан до почетокот на мај а целиот процес на професионализација на сите видови и родови на АРМ да заврши до крајот на 2007-ма.

ama ete se otkaza fala bogu nema da odam :je: