Нема работни места или нема кој да работи?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Ааа! Но без средства ќе го влече гладот. А тој ги влече и мрзеливите и оние другите. Срамота е да си питач, со здрави раце и нозе, па макар си магистрирал на илјада факултети.
Имаше еден тип познат американски писател (го заборавив како се вика), човекот беше многу контроверзен и ретко давал интервјуа (само два три пати). Го гледав на Опра шоу. и кога Опра го праша зошто одлучил да биде писател, овај и одговори дека не сакал да работи досадна работа 8 саати, 6 дена во неделата. Иако човекот живеел во камп приколка и буквално гладувал, сепак останал да живее со својот сон и денес е еден од најуспешните американски писатели(читај многу богат). Сигурно и за него зборувале дека е мрза.
И питачењето е работа.
 
Поентата на темава ја гледам малку повеќе од филозофски (како поинаку да ја наречам? :toe: ) а помалку од политички аспект, односно без потреба од факти и докази за економија, берза, книшки и чуда.

Според мене, многу е едноставно. Секојдневно во сите дневни весници има огласи за работа, но луѓето се мрзеливи и не прифаќаат слабоплатена работа.
Разбирам дипломи и се`, но не се сложувам дека е подобро да се седи дома со диплома во скут, отколку да се работи и слабо платена работа, отколку да се плаче дека нема работа.

за мене лично не е проблем слабо платената работа туку односот на работодавачите. Инаку јас би работел и без пари.
 
за мене лично не е проблем слабо платената работа туку односот на работодавачите. Инаку јас би работел и без пари.
А од љубов ќе живееш?:smir:
 
Имаше еден тип познат американски писател (го заборавив како се вика), човекот беше многу контроверзен и ретко давал интервјуа (само два три пати). Го гледав на Опра шоу. и кога Опра го праша зошто одлучил да биде писател, овај и одговори дека не сакал да работи досадна работа 8 саати, 6 дена во неделата. Иако човекот живеел во камп приколка и буквално гладувал, сепак останал да живее со својот сон и денес е еден од најуспешните американски писатели(читај многу богат). Сигурно и за него зборувале дека е мрза.
И питачењето е работа.

И поентата е...? :toe:

Сеедно, питачењето е работа, но е неблагодарна.
А примерот твој за писателот е одличен. Прво, тој работел како и сите други, бил писател, за тоа имал дар, тоа и го правел. Сметаш дека можеш и си способен, повели. Но тоа значи дека нема социјален живот, нема излежавање по цел ден, туку барање инспирација и работа, што на македонскиот просечен граѓанин екстремно тешко му паѓа.

Второ, не може сите да бидат одметници, за тоа треба крв да имаш, да се родиш таков, и едноставно не може два милиони луѓе да бидат способни за тоа, и одберат дека сакаат да гладуваат. На крајот на краиштата, твојот пример претпоставувам дека се имал само себе си на грб, но не и цела фамилија, ниту пак (втор пример) имал родители кои би ги молзел да му платат нови патики, или пијачка во Картел.
 
Па нормално дека не може да си дозволи да прифати слабо платена работа, како ќе преживее со тие мали средства? Подобро своето време и енергија да го потроши за барање на подобро платена работа отколку да заглави и да тапка во место.

Воопшто не е така. Било каква работа, па дури и слабо платена и надвор од струката, значи правење на работни контакти, кои се есенцијални за понатамошното вработување. Например, комшивката работеше 7 години за минималец како куварка во школо, додека не се ослободи местото за кое беше квалификувана - педагог. Да ги седеше тие години дома, нааа што ќе се вработеше на струката.
 
Но мислам дека реалноста е барем малку поинаква. Ако пробуричкаме под површината ќе видиме дека многу факултетлии работат на пазарче (пример едно момче со диф на зелен пазар), работат со струка но за доста мали пари, посебно во однос на факултетот што го учеле (пример фармацевти во една наша веледрогерија), многу се вработени и со договор за дело (притоа не тече стаж, ниту се осигурани), вработени како шивачки во погон (не знам каде, ама ги знам лицата) со плата буквално да си покријат основни трошоци... Има многу примери ако малку се свртиме околу нас. Не се луѓето мрзливи, немаат можност. Немаат вујко владика, ниту партиски водич, ниту некој влијателен пријател. едноставно се борат.
Кај нас функционира она Вештица што го спомена овде, кратко и јасно http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2358565&postcount=190 со дополнение од Amnaesiac дека понуда-побарувачка си го прават своето. А зошто постојано се држи невработеноста на околу 30-35%, не се ззголемува ниту намалува-тоа е симптоматично и е за тема политика. Симптоматично е и дозволувањето работа на огромен број луѓе на црно (шверц, непријавен бизнис, неплаќање данок, непријавени работници...а се ова е поврзано со невработеноста). Но дефинитивно овој проблем кај нас во најголем дел зависи од политиката и политичките врски.
Зарем невработениот е мрзелив? При толкава невработеност е чудо што е жив.
Ако се невработените мрзеливи, тогаш Данците се најработлив народ-кај нив нема невработени :smir:
 
И поентата е...? :toe:
Поентата е дека работел тоа што сакал и верувал во себе, па затоа и успеал.

Зарем невработениот е мрзелив? При толкава невработеност е чудо што е жив.
Ако се невработените мрзеливи, тогаш Данците се најработлив народ-кај нив нема невработени :smir:
Работат луѓево само на сиво не на црно, затоа што ако работат за некого тој ќе им дава некој мизерен минималец со кој едвај се преживува, па затоа се снаоѓаат како знаат и умеат.
Еве примерот со волонтерството што го дадов, волонтира за 4000 денари, тежок факултет има завршено, ама тоа е тоа :toe:. Да работи нешто друго непријавено сигурно повеќе средства ќе заработи и ќе си чека на ред за вработување под завод. Ама тоа е тоа нејзина одлука нејзин живот.
 
Еве примерот со волонтерството што го дадов, волонтира за 4000 денари, тежок факултет има завршено, ама тоа е тоа :toe:. Да работи нешто друго непријавено сигурно повеќе средства ќе заработи и ќе си чека на ред за вработување под завод. Ама тоа е тоа нејзина одлука нејзин живот.
Ваков пример ми беше на врв јазик, ама дадов примери, затоа овој не го спомнав. Но еве, типот доктор, волонтира на медицина 10 години, ама нема врски. Иде во Америка, дозавршува хирург, се вработува приватна клиника, зема пари колку ние за цел живот што нема да видиме. Судбини секакви, примери многу, но факт е дека (океј, има и исклучоци, има луѓе што не им се работи па се вадат..) секој сака да биде корисен во животот и секој сака парче леб. Но некој добива трошки, а велиме дека не сака да ги собере трошките.
 
Е овој муабет злато вреди:)
Изгледа дека некој на погрешно место работи,баш она што претходно го зборев,доктор е механичар,економист е правник,средношколец е менаџер.
Quark и јас се согласувам дека некој не си ја врши работата како што треба.Никаква стратегија,ама баш никаква.4000 дипломирани менаџери со царина седат дома,за нив нема работа уште јас кога се упишував на фах од 2001.Па еве го и Велес го отворија и во Охрид си продолжи струката,за да живее тој фамилијарен факултет од нешто пара да се зема.Уште утре треба да ги затворат сите струки во Охрид,јавна администрација,воздухопловство во Битола,Економски во Прилеп,Филозофски,Педагошки,Технолошки,ПМФ сите струки до една,Медицински.
Останатите квота до 150,кој влезе влезе,нареден пат повеќе среќа.
Но и ова е меч со две острици,ќе произведеме необразована сила за неколку години,а ќе вработиме малку.Веќе незнам каде крајот да го најдам или екстремно или лабаво,ништо не бива кај нас.
Со пораст на бдп од 1%,со дефицит (денес слушнав за некоја милијарда домашни обврзници),со рецесија од 19 години,и 78 докторати да завршиш пак ќе бидеш вошкар.Да ти се плукнам во системот и во неспособноста која царува.

За Охрид се согласувам, не сме таква држава каде што е потребна диплома за работа на Царина. Не потценувам никого, сепак некој вложил труд, некој лапнал пари. Било како.
Ако не те разбрав попрај ме, но зошто Педагошки и Медицински да се затворат????? Па баш во тие факултети има работа, ако не во болница или училиште (значи државно), приватна ординација или приватна школа за јазици. (знам дека не е така лесно да се отвори приватна ординација или школа.. ги знам сите процедури, ама така лупнав, пример само дадов)

Мене ме нервира тоа што факултетот е направен за секој да можи да го заврши. Па не еден, два завршват, со диференцијални или било како. Порано (не дека оправдувам, но изгледа повеќе функциноират така работите) беше без пари упис, ама ела да те видам стигни до 10ка. Сега ќе ти треба една оцена погоре, ќе напрајш една семинарска и оп 10ка. Чекај бе. Каде?? Јас сум се отепала од учење за семинарската да ми ја решава оцената? Е не го бива.
Целта на муабетот ми е дека, штом е лесно да се стигни до 10ка, тогаш за 6ка што треба?? Автоматски еве ти го факултетот. Еве ти еден куп дипломирани правници, економисти... . Еве ти еден куп невработени. Сега од тука темата се проширува. Кој е крив за тоа што нема доволно работни места, зошто?? И така натаму.
Целиот систем ни е пореметен и очигледно не функционира и не е во ред.
А дали има слободни работни места, а некој дома си седи и ужива, ќе ни треба една статистика, инаку на празно зборуваме..
 
работа и работници

Ајде да не забегуваме од темата а тоа е дали ви македонија има/нема работа или нема работници?! Уште еднаш ке напишам: Во Македонија има и работа и работници ама има и ГАЗДИ кои никако да ги збогатиме. Би било во ред да се превземе нешто во врска со таа работа а работници има и ќе има секогаш.
 
Ааа! Но без средства ќе го влече гладот. А тој ги влече и мрзеливите и оние другите. Срамота е да си питач, со здрави раце и нозе, па макар си магистрирал на илјада факултети.

Прости што ти рипнав на врат,но:)Викаш дека било што и за било колку да се работи.За било што се согласувам,но за било колку не,од проста причина што платата треба да ми ги покрие цигарите,автобусот и појадокот.Ако мене ми дадат 6000 денари,јас повеќе ќе потрошам,отколку дома да седам и да варам леќа секој ден со мојата фамилија.Не дека се преценуваш,едноставно не се покриваш,подообро е да се фрлиш на производство.
Да не ме сфати некој погрешно,дома никој не иде да ти понуди работа,а било каква работа е работа со која ќе можеш да се прехраниш месецот.

п.с.pOzZ kis4e до локал удварачот:)
 
Прости што ти рипнав на врат,но:)Викаш дека било што и за било колку да се работи.За било што се согласувам,но за било колку не,од проста причина што платата треба да ми ги покрие цигарите,автобусот и појадокот.Ако мене ми дадат 6000 денари,јас повеќе ќе потрошам,отколку дома да седам и да варам леќа секој ден со мојата фамилија.Не дека се преценуваш,едноставно не се покриваш,подообро е да се фрлиш на производство.
Да не ме сфати некој погрешно,дома никој не иде да ти понуди работа,а било каква работа е работа со која ќе можеш да се прехраниш месецот.

п.с.pOzZ kis4e до локал удварачот:)

Мислам дека не ја земаш предвид ситуацијата во која сме ние, некоја “средна класа“ и оние луѓе кои немаат апсолутно ништо, како и оние кои имаат премногу. Три различни типови на луѓе но со иста мака.

Првите, можЕМЕ да си дозволиме и да не работиме, бидејќи сеуште можеме да се вадиме на мама и тато и да преживуваме. Но не сме во право, од илјада причини, бидејќи иако имаме за леб, подобро е да работиме отколку да сме терет на родителите, сигурно ќе се сложиш.

Вторите, се апсолутни лузери. Иако децата им гладуваат, тие попрво ќе се понижат пред далечни пријатели да им побараат заем кој потоа и онака ќе го потрошат на цигари и пиво.

Третите, гнаси, се оние деца на богати родители кои нема да работат апсолутно ништо бидејќи тие имаат сина крв, и не им се исплати да се возат секој ден од црниче до тафталиџе за да работат за друг. Или газда, или ништо. На крајот секако ќе бидат газди, ама снобови газди.

Пак ќе кажам, поговорка стара, престара “Џабе работи, џабе не седи“.
ex machina напиша:
Воопшто не е така. Било каква работа, па дури и слабо платена и надвор од струката, значи правење на работни контакти, кои се есенцијални за понатамошното вработување.
Комплетно мојата поента со постов и воопшто со ставот.

stefan_tm напиша:
Во Македонија има и работа и работници ама има и ГАЗДИ кои никако да ги збогатиме.
Газдите, секогаш ќе се трудат да направат профит повеќе. Во принцип, работодавецот гледа на вработените како инвентар, што секако не е испрвно, но е факт.
Но, повторно старите, велат, “И над попот - владика“, па така, кога владата, односно оние луѓе кои треба да се грижат за народот, ќе скројат политика која ќе им помогне на вработените, газдите нема да имаат многу место за опуштање. По тој систем, оние кои ги пријавија своите вработени, а беа фатени, сносат огромни казни, па тоа секако нема да им се случи повторно. Но, од друга страна, давачките на газдата за својот вработен изнесуваат речиси исто колку и бруто платата на работникот. Исто така, стандардот е катастрофално низок, па секој газда има проблем со обрт на средствата, нешто кое владата треба да го форсира.
Светот има рецесија последнава година, ние ја имаме 15 години. :baeh:
 
Незнам за вас, си знам за мене :)
Во мојава ситуација, кога сум оформил семејство, имам деца, имам сметки за плаќање и се што оди со тоа, во некоја не-дај-Боже ситуација би работел се што треба, се разбира - чесно.
И да знаете:
Првата година од бракот ми беше таква.
Таа 2003-2004 работев за 8000 денари месечно, жена ми без работа. И тоа и не беше баш работа, ама ајде...морав! Бремена жена дома, нашите помагаа, ама срам ми(ни) беше пари да барам на 26 години...
Потоа успеавме да се средиме, но не е тоа муабетов тука.
Поентата ми е дека од работа нема срам.
Оној кој може да калкулира и да бира - го прави тоа и не се нафаќа на се и сешто.
Оној кој неможе - ќе се нафати на работа, која можеби според образованието и платата е понижувачка, но мора...затоа што на пр. не е сам...има семејство кое бара и чека.
 
работници, работа...газди.

Кога еден газда ке мора да ја исплати платата која ја заслужува еден економист, инжинер или обичен работник сразмерно на својата струка и образование, тогаш тој нема да ризикува да запослува луѓе без соодветно образование на места за кои е потребен стручен кадар кој би му бил од корист во својот бизнис. Се додека еден машински инжинер зема иста плата како обичен средношколец се дотогаш газдата ке одбере инжинер да ја работи истата работата која би ја работел средношколецот. Затоа и ни се случува наши деца да бегаат во странство, просто затоа што не се платени за својата работа. Од друга страна имаме и друг проблем. Се случува деца на богаташи ќе завршат факултет а немаат знаење туку ја платиле дипломата доаѓаат на високи позиции во големи фирми или во политиката. Во такво општество нема напредок! Само погледнете какви личности ни ја водат државата. Јас неможам да сватам дека доктор на науки незнае да сврзе два збора кога ке искочи да говори пред јавноста. Ако е доктор на науки тој секако дека ке има речник. На крајот можам само да заклучам со онаа народната: “Рибата смрди од главата“.
 
Воопшто не е така. Било каква работа, па дури и слабо платена и надвор од струката, значи правење на работни контакти, кои се есенцијални за понатамошното вработување. Например, комшивката работеше 7 години за минималец како куварка во школо, додека не се ослободи местото за кое беше квалификувана - педагог. Да ги седеше тие години дома, нааа што ќе се вработеше на струката.
- да си ми жив и здрав , сосема го делам твоето мислење , од проста причина што јас го испробав истиот начин. да знаете дека за се треба борба и трпение . никој нема да те бара од дома за да ти даде работа , самиот треба да си ја бараш.:toe:
- инаку во Македонија наизглед нема доволно работни места но не е така , работа има а и отварањето работни места е работа , нели ?:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom