ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Шестмина од "алфите" што на почетокот на овој месец раководеа со акцијата за апсење на Хамди Бајрамовски, викан Бреза, водач на криминална банда по кого има распишано потерница за сторени тешки кривични дела, се на милост и немилост на заменик министерот на МВР, Фатмир Дехари. Тој лично за она што го сторија во "Галија", среде Скопје, за настанот што надлежните во министерството тогаш молчешкум го протуркаа, уште дента ги викнал во неговиот кабинет и им се заканил дека ќе летаат од работа. Ги пцуел сите од ред, и нив и колегите од едницата, и им рекол дека тој е главниот, а не Џанго, дознава "Вечер", од неофицијални извори. Викањето тогаш го слушале сите. Вревата се слушала до долу, до влезот на зградата каде што е кабинетот на Дехари.
Иако од МВР тогаш се "претргнаа" од информирање дека во "Галија" биле преземени службени активности и, наводно, само било извршено легитимирање и проверка на идентитетот на неколку лица трагајќи по нови моменти дознаваме дека "алфите" откако ги уапсија Бреза и уште едно лице, функционер во ДУИ, ги однеле во полициската станица "Беко". Не стигнале ниту да ја почнат истрагата кога се јавил Дехари којшто тогаш во отсуство на министерот бил прв човек во министерството. Следувала наредба, уапсените да се вратат онаму од каде што биле земени и да ги седнат секој каде што седел. Им рекол на полицајците што директно работеле на случајот дека Бреза, наводно, не бил тој Бреза што го барала полицијата, дека станува збор за друго лице, а оти фотографиите што ги имале со нив им биле за никаде.
Дваесет и петгодишниот Хамди Бајрамовски од Брест, Скопско, да потсетиме е осомничен за серија тешки дела, убиство во обид и разбојништво, тешка кражба, учество во толпа што ќе изврши кривично дело и шверцување. Кај него дома во Брест, полицијата на први минатиот месец при претрес пронајде цел арсенал оружје. Во неговата визба беа најдени минофрлачи, маскирни униформи, вреќи со куршуми од различен калибар и подлога за минофрлачи. Во акцијата беа уапсени татко му и брат му на Бреза. Арсеналот, изјави тогаш Горан Павловски, шеф на кабинетот на министерот Љубомир Михајловски, бил, наводно, зачуван и конзервиран.