Нефротски синдром

  • Креатор на темата Креатор на темата sonja.14345
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 декември 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Возраст
46
ДОКОЛКУ НЕКОЈ БОЛЕДУВА ОД ОВАА БОЛЕСТ БИ САКАЛА ДА СТАПИМЕ ВО КОНТАКТ
едитирано:
Нефротски синдром е збир на знаци или симптоми кои можат да укажуваат на проблеми со бубрезите. Нефротски синдром може да се јави кај децата и возрасните. Причините и третманот на нефротски синдром кај децата, понекогаш се разликува од причините и третманот кај возрасните. Нефротскиот синдром не е сам по себе е болест. Но, тоа може да биде прв знак за болест која ѓи уништува малите бубрежни единици за филтрирање на крвта, наречени гломерули, каде што урината се создава. Важно е да се запамети дека, нефротскиот синдром е збир на знаци или симптоми кои можат да укажуваат на проблеми со бубрезите, детсткиот нефротски синдром е најчест на возраст меѓу 1 ½ и 5 години, нефротскиот синдром предизвикува протеинурија, ниско ниво на протеини во крвта, помалку често мокрење, и оток и зголемување на телесната тежина од акумулацијата на течност, дијагнозата на нефротскиот синдром бара испитување на урината и крвта, и може да има потреба и од бубрежна биопсија, повеќето случаи на нефротски синдром во детството се резултат од минимални промени, двете најчести болести кои ѓи оштетуваат гломерулите и предизвикуваат нефротски синдром се фокална сегментална гломерулосклероза (FSGS) и мембранопролиферативен гломерулонефритис (MPGN), вродената нефропатија е ретка состојба која предизвикува нефротски синдром кај новородени деца.
 
Back
На врв Bottom