Не верувам во љубов?

Верувам во љубовта, ама исто така верувам дека и љубовта е работа која може брзо да дојде ама и брзо да замине.
 
Не е страшна реченица, нити пак секогаш полна со разочараност и исфрустрираност.
Но не верувам, иако постои.
 
Верувам во љубов,љубовта постои само треба да ја препознаеме.Зошто воопшто кога зборувате за некого што го сакате ги користите зборовите вљубен сум во него/неа кога не верувате во љубов?Често се збунуваме и ја мешаме со други чувства како што е опсесијата.Најчесто се здобиваме со искуства дека можеш да се вљубиш во секое време независно од тоа дали си сакал или не,можеш да сакаш повеќе пати во животот и на различен начин.Според мене љубовта најпрво започнува со допаѓање па понатаму ќе дознаеш дали си печен.Таа е однос помеѓу две особи,без разлика дали сака само едниот и другиот е вклучен во тој однос.Ми се допаѓа многу една легенда за љубовта во која се кажува зошто се вљубуваме.Одприлика беше вака:Порано во времињата кога имало богови на почетокот еден човек бил две нешта и маж и жена,што значи секој можел да опстане сам без да му треба друг пол,и таа воображеност на луѓето ги лутела боговите и тие сакале луѓето да знаат што е љубов.Затое ги поделиле на два дела маж и жена и секој еден го осудиле да си го бара својот загубен дел.Треба малкуцка време за да сватиш дали сакаш некого...кога ќе сватиш,делуваш вљубено иако се трудиш да делуваш разумно!
 
Veruvav do pred nekoe vreme oti postoi ama sega veruvam oti ne postou
 
Не само што постои љубовта, туку за да има постоење треба љубов.
 
Не може да "не веруваш" во љубов. Не е тоа религија или божество, љубовта е емоција како и сите други чие постоење од биолошки аспект е докажано.
 
Верувам во љубов.
Не онаква, ,,сега и засекогаш,,.
Кај мене ништо не трае засекогаш.
Ми треба кратко време да се вљубам, тешко се одљубувам.
И колку пати и да ми биде тешко, нема да се откажам од тоа да бидам вљубена.
Тагата е добра цена за такво прекрасно време, чувства и спомени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom