Dani^^^ напиша:
Во никој случај барем јас не мислам на држава која ќе биде составена само од една нација а вратите ќе бидат затворени за сите други кои ќе исполнуваат барем некакви услови за престој во истата.Но генерално гледано мултиетничките држави барем од аспект на традиција,култура постојано трпат внатрешни немири и препукувања(најблаго кажано). Исто така под мултиетничка не подразбирам јас мнозинско население,и уште 2-3 етнички групи кои би биле најбројни туку држави кои всушност се претвораат во земји без идентитет,традиција и култура поради многуте народи кои живеат во нив. Народот кој живее во една земја треба да има нешто да го сврзува со таа земја како историја или култура,а доколку сите земји се претворат на пример во САД или Белгија што би станало со светот?Каде би отишле некои основни вредности?Сепак ,обележјето на една земја е нејзината историја,народ,јазик и култура а сето тоа полека се губи во мултиетничките држави.
Факт е дека идентитетот (твојот) е ИДИОСИНКРАТИЧНА т.е. ЛИЧНА работа. Белгија и САД се такви какви што се ама ФАКТ е дека ВО НИЦ ПОДОБРО СЕ ЖИВЕЕ ОТКОЛКУ ВО Белорусија, Ирак и Иран, Македонија, Србија и сите други парчиња ЗЕМЈА (во смисол земја т.е. тера - органска материја) коишто се во посесија на оќоравени националисти.
Факт е дека јазикот не е продукт на некоја си политичка концепција наречена “држава“(Луј Жан Калве -
Војна на јазиците, Анри Боаје,
Вовед во социолингвистика, Дуркхајм,
Социологија на јазикот и ред други, да не ги цитирам)...
Никој нема тебе да ти забрани да си фарбаш јајца за велигден ако соседот му се клања на Буда. Едноставно - тоа е твоја работа.
А доколку збориш за фолклор - фолклорот можеш да го живееш и доживуваш и без да се лупаш во гради дека си некој патриот.
А ако одиме по твојата логика, би требало да бидеш прва на листата за испорака во Грачаница бидејќи, колку што знам, не си “етничка македонка“ туку имаш српско потекло.
И на крајот на краиштата, сите вие коишто пишувате овде, пишувате и на други места дека другарот Тито и Југославија (коишто беа луѓе на “братството и единството“ [коешо е
концепт на една федерација на повеќе етникуми т.е.
мешана етничка заедница]) им фалат.
Ете толку имав да кажам а вие повторно можете да си продолжите со вашите контрадикторни ставови. (не сте вие контрадикторни со мене туку со самите вас).