NBA Сезона 2011/2012

  • Креатор на темата Креатор на темата GreenRoot
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ке започне НБА лигата со натпревари?

  • ДА! Ке се одиграат сите натпревари.

    Гласови: 19 16,8%
  • НЕ! Нема да со одигра ниту еден натпревар.

    Гласови: 24 21,2%
  • ДЕЛУМНО! Ке се играат помалку натпревари од предвидените 82 натпревари за секој тим.

    Гласови: 70 61,9%

  • Вкупно гласачи
    113
Get a life :cautious:
очигледно си имаш некои психички проблеми, дали си бил тепан како мал или нешто слично. до толку да се јаде го*на, мора да си имаш некои проблеми. и кажав ти веќе не ми враќај, не ме цитирај...немам намера да се замарам со такви како тебе
Ехехејј, на јавен форум си припази малку на речникот.

Ова да не е простор за Ти да ни пишуваш а ние само да те читаме?
Ако не сакаш да ти се коментираат (и цитираат) возвишените ти мислења, тогаш единствено ти преостанува да се изгубиш од тука.

Во спротивно задржи некое ниво на дискусијата и воздржи се од навреди. Ако не ти се допаѓаат моите мислења не ме читај, а имаш и игнор опција во контрол панелот.

Што се однесува на тоа дали, кого и што Јас ќе коментирам или цитирам, тоа е само моја работа и право.
Впрочем зафркавање на вакви недоквакани незнајковци како тебе, е втора најинтересна занимација на темава... после самиот баскет, се разбира. :sneaky:
 
за болдираното, кој да пази речник ??? и како што реков... get a life. очигледно си во тежок филм, по она што читам како си пишал, филозофски.
ако не гледаш пишав ти за тебе дирекно да не ме цитираш и слично, со другите немам никакви кавги. па сега ти види кај кого е проблемот, кај мене или кај тебе што мисли дека коби играл со скинати лигаменти. иначе ако сакаш, вака можеме да тераме до бесконечност....се додека некој не банират од темава, а како што гледам како се понасаш тоа најверојатно ќе бидеш ти
 
Овој се потпишал Рондо и ќе ме убедува тука дека он бил добар плеј. Си кажав јас мое мислење после 100 изгледани утакмици, значи не зборам на памет си кажав ја како што сум заклучил според мене. А можам да ти најдам 100 статии кај што пишува мани и недостатоци на Рондо.
1. Ми кажуваш најдобар асистент. Па добро ајде сега да ги имам и јас во тим Гарнет,Ален и Пирс, кој имаат просек од 20+ поени во последните 10 сезони, мислиш тешко е да имаш просек од 10 асистенции??
2. По што заклучи дека е најдобар дефанзивец? Не викам дека не е добар во одбрана ама од кај го најде тоа најдобар дефанзивец?
3.За 3 и 4 озбилен си ми споредуваш атрактивност и популарност. Па колку поатрактивни плејови има од него тоа е чудо едно. Пример Роуз и Вестбрук секој ден пред Рондо( освен нормално ако не навиваш за Бостон). Плус тоа освен предходната утакмица Рондо е еден од плејовите кој најретко го напаѓа обрачот така да знаеш.

Види, ние може да дискутираме до утре за личен вкус или за персонален впечаток, но пред фактите и боговите молчат:

1. Рондо е фантастичен асистент гледајќи од секој аспект.

Просек на асистенции во последните три сезони, од последната па наназад:
Неш - 11,4 / 11,0 / 9,7
Рондо - 11,2 / 9,8 / 8,2
Вилијамс - 10,3 / 10,5 / 10,7
Пол - 9,8 / 10,7 / 11,0
Вестбрук - 8,2 / 8,0 / 5,3

Однос асистенции на секоја изгубена топка:
Пол - 4,42
Рондо - 3,25
Неш - 3,22
Вилијамс - 2,90
Вестбрук - 2,12

Вака изгледа распоредот на играчите кои најмногу асистирале до нивните соиграчи додека биле на паркетот минатата сезона:
Неш - 53% (процент на асистирани шутеви од него во однос на сите успешни шутеви на неговиот тим додека бил во игра)
Рондо - 47%
Вилијамс - 46%
Пол - 45%
Вестбрук - 42%

Сега, субјективно е да споредуваме кој со какви соиграчи игра во тимот. И кад би било шта би било.
Неш лани имаше 11,4 асистенции со скапана екипа, додека во МВП сезоните кога Феникс беше ултра-силен со Стадемаер и Мерион имаше 11,5 и 10,5 асистенции по натпревар. Нема некоја посебна разлика нели? Дури напротив...
Вилијамс во најдобрите денови во тимот на Јута реализираше 9,3 и 10,5 асистенции (`07 и `08 година со Бузер, Окур, Бруер...), лани реализираше 10,3 во очајните Нетси.
Вестбрук покрај себе го има можеби најдобриот поентер во НБА, плус одличниот Харден и рационалните Ибака, Перкинс, Колисон кои знаат да реализираат умешни додавања.
Неможе така да се гледа на работата, премногу е субјективно.
Плус еве ја разликата на асистенциите на Рондо од руки сезоната 2006/2007 кога играше со мизерни соиграчи (Бостон не влезе ни во плејоф), во однос со следната година кога Бостон освои шампионска титула со „големата тројка“.
Screenshot_1.jpg

Да упростам - Рондо со Пирс/Џеферсон/Шчербијак/Вест/Грин/Оловоканди/Гомес/Ален и Перкинс имал 5,8 асистенции за 36 минути игра.
Следната година со Ален/Пирс/Гарнет/Перкинс/Ален/Поу/Дејвис/Поуси во шампионски поход имал само 0,3 асистенции повеќе за истото време поминато на паркетот.
Соиграчите буквално не направиле никаква разлика.

2. Дефанзивна НБА петорка на ланската сезона

Рондо е 2 сезони по ред во првата дефанзивна петорка, а сезоната 2008/2009 е во втората дефанзивна петорка.
Лани Рондо заврши петти во изборот на Дефанзивец на Годината зад Хауард, Гарнет, Чендлер и Ален.
Сезоната 2009/2010 Рондо е повторно петти во изборот: Зад Хауард, Џош Смит, Џералд Волис и Џејмс.

П.С. Се е во ред... разбирам дека кон секој играч си формираме сопствено субјективно мислење и сите си имаме некакви емотивни предрасуди кон некои играчи, некои ги преферираме повеќе од другите... Меѓутоа немој да оспоруваш и да омаловажуваш фантастичен талент (во секој аспект - и како асистент и како дефанзивец и како комплетен играч) каков што е Рондо.
Не ти личи.
 
Нема што да се расправам со фан-клуб Бостон тука, ако беше толку добар колку што вие го величите ќе ги однесеше до негде Бостон предходната година. Или барем некое лично признание. Најдобар плеј бил у лигата. Коа си го глеате само Бостон многу јасно така ќе ви изгледа. И многу глупо изгледате коа ќе кажете што има врска Ален, Пирс и Гарнет. Па зашто Крис Пол сака да си оди, зашто Хауард бара друг клуб? Секој сака да има добри соиграчи околу него, како што има Рондо у Бостон. Да го видам со Туркоглу и Ричардсон во Орландо како ќе му иде.
И нема што од инат да зборам нит сум некој попален фан на друг клуб ни ништо, онака реално ми е пресмешно коа ве читам за Рондо како најдобар играч у лигава. Сиротиот абер нема
Го заборави ли фактот дека во решавачките натпревари играше со лонгета на левата рака, а.к.а. играше само со една рака?

Бараш принзание?
Код:
http://en.wikipedia.org/wiki/Rajon_Rondo#Awards_and_honors

btw Јас нереков дека е најдобар играч во лигата...тоа е дискутабилно прашање за било кој играч, ама да кажеш дека абер си нема...:confused:
 
Ок еве вечер ќе го видиме феноменот Рондо против Вејд како ќе изигра.
 
Да не ве снема од темава само покасно...
Ако заспијам до тогаш ке ме снема мене, ако не ке бидам во првите кои ке коментираат.
Но сепак и утре е ден, ама гледам имаш комплекси од Рондо, па бараш начин да ги залечиш...
 
како сакаш Бостон да победи кога нема да игра Пирс. сеа Рондо треба да се покаже, ама неможи он сам да ги тепа Мајами
 
за болдираното, кој да пази речник ??? и како што реков... get a life. очигледно си во тежок филм, по она што читам како си пишал, филозофски.
ако не гледаш пишав ти за тебе дирекно да не ме цитираш и слично, со другите немам никакви кавги. па сега ти види кај кого е проблемот, кај мене или кај тебе што мисли дека коби играл со скинати лигаменти. иначе ако сакаш, вака можеме да тераме до бесконечност....се додека некој не банират од темава, а како што гледам како се понасаш тоа најверојатно ќе бидеш ти

:)
За материјал за банирање препочитај се доле.
очигледно си имаш некои психички проблеми, дали си бил тепан како мал или нешто слично. до толку да се јаде го*на, мора да си имаш некои проблеми. и кажав ти веќе не ми враќај, не ме цитирај...немам намера да се замарам со такви како тебе

Тебе не ти помина одамна времето за легнување? ;)
 
Ако заспијам до тогаш ке ме снема мене, ако не ке бидам во првите кои ке коментираат.
Но сепак и утре е ден, ама гледам имаш комплекси од Рондо, па бараш начин да ги залечиш...
Ај глеам мал си па само би ти кажал, научи да го употребуваш зборот комплекс кај што му е местото, вака изгледа смешно. Јас да играм баскет у НБА па да имам комплекс пошто е подобар од мене.
 
Ај глеам мал си па само би ти кажал, научи да го употребуваш зборот комплекс кај што му е местото, вака изгледа смешно. Јас да играм баскет у НБА па да имам комплекс пошто е подобар од мене.
:pos::pos::pos:
Како бе можеш да го кажеш ова за кого незнеш ништо?
Бате, нека не те лаже аватарот или никот...

Комплекс го знам зборот, и го употребувам како треба, ама изгледа не го конташ ти...
 
Се во ред, само немој да ми го споредувате со малоумниот Вестбрук:facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom