NBA Сезона 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата D-Wade
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде сите пред телевизор, да се надеваме на добар натпревар :)
 
Ови од Орландо не знаат од кај им фури.

Очекував поголем отпор да пружат да му еем !
 
И тука ке пишам,го почитувам Леброн но Вејд е класа!! Кој гледаше ке потврди дека Вејд е заслужен за победава бидејки во првите 3 четвртини Леброн доста утнуваше а Вејд 90 посто све погодуваше! Затоа е јак Мајами,ако не му иде на Вејд ке му иде на Леброн и обратно,нема тим кој ке ни парира ! МАЈАМИ - Орландо 96 - 70 !
 
Оние трите тројки на почетокот на 3та четвртина ги собори Орландо, и никако не можеа да станат. Пензионерот Картер редовно потфрла кога игра против квалитетен противник, а башка и се повреди троа сношти. Исто во второ полувреме и како без Хауард да играа, заради личните грешки. Ете ги причините зошто Орландо не можеше да пружи отпор. А па и шутот за три беше над-катасторофален. Луис никаде го немаше...

И Вејд е ѕверот!!! Очекувам за месец-два да почнат расправии меѓу него и Леброн. Не верувам дека ќе издржат двајцата од тоа што го гледам. И едниот и другиот сака да се наметне како лидер. Во една утакмица е Џејмс во друга Вејд и кад-тад кога ќе почнат да идат решавачки моменти од утакмица, ќе има недоразбирања за кој да ја земе играта во свои раце. Освен ако тренерот е толку добар па створи една добра хемија меѓу нив, ама искрено тренеров на Мајами не ми личи на тренер со таков профил.
 
незнам зошто ама преносите на МТВ незнам за другите канали ама доека гледам нба навечер повеќето се реклами отколку играта ...тамам почнале оп тајм-аут....па почнале оп телевизиски тајм-аут ....и ми се скурчи и веќе не гледам лајв пренос освен финалето и ол старот :( можеби некој нема да се сложи ама тоа е моето мислење ...бтв годинава финале :) ЛАЛ-Бостон или ЛАЛ-Мајами
 
Абе МТВ шо сакаш :).

Нема веза МТВ братче, НБА е една преголемо маркетиншко место. А и баш МТВ беше тиња со реклами сношти, само глупави најави за филмови даваа. А башка ако запримети, само кога имаше прекини одеа тие. Или ти сакаш да ги гледаш играчите цело време :).
 
Моментално оди снимка на МТВ 1 , на некој случајно ако му се гледа ...
 
Така треба да игра Мајами. Вејд да е прва опција во нападот. Поубиствен, покрволочен ми е од Леброн. Леброн секогаш нека го води тимот со асистенции. Е за Бош, отпадоците-офанзивните скокови, тоа ти е :) Плус кога ќе се врати Милер, Мајами ќе бидат уште подобри. Солиден дефанзивец, интелегентен, добро се движи без топка, снајперист...ќе биде добро да си види Мајами во полна сила. Само уште не сум уверен во постот на Мајами. Типови како Гарнет, Онил, Перкинс, Хауард, Гасол, Бајнам...ќе биде многу тешко да се задржат со Хаслим, Зи и Бош. Плус во плејофот автоматски ќе се смири играта, нема толку трчање и давање лесни поени. А тоа ќе оди против Мајами...но сеуште е многу рано да се прогнозира било што.

А за Орландо...леле Орландо...Двајт стварно си ја подобрил играта, ама сите други си ја влошиле. Стварно Двајт се труди ама тоа ти е кога играш со двоклеточни амеби, што да се прави?

Рашард Луис не знам како зеде толку скап договор, па Екрем Јеврич да беше менаџер на Орландо, ќе му дадеше подобар договор(подобар за Орландо - полош за Рашард). Мислам дека неговиот договор е најкатастрофалниот договор во последната деценија. Ужас.

Картер бил half man - half amaizng. Картер сега ти е half man - half disaster. Па уште кога ќе се сетам, како лани ги промаши двете слободни со Бостон во Источното Финале...леле. Картер кога го гледаш сега исто ти е тоа како да гледаш трагедија, и тоа оргинална - грчка! ( Да не се напумпат фановите на Картер, не зборувам за Картер од Торонто и Њу Џерси, зборувам за денешниот Картер, овај од Орландо)
 
! ( Да не се напумпат фановите на Картер, не зборувам за Картер од Торонто и Њу Џерси, зборувам за денешниот Картер, овај од Орландо)

То е то. Менувам омилени тимови како што Картер ги менува. Во Торонто беше ѕверот, со полна сила и енергија. Во Џерси можеби првите 1-2 сезони, од тогаш кариерата му е во опаѓачка линија. Лани имаше искри на квалитет, во една дури и постигна 40+ поени. Ама тоа не е ништо важно кога во утакмици против директни конкуренти се губи. Нема експлозивност во напад, во одбраната од секогаш бил само просечен и тако даље. Годините си го прават своето.
 
Затоа Картер требаше да развие пост игра и константен шут. Сега кога ја снема експлозивноста и брзината, на што се потпира Картер? На ништо. Затоа е на вакво ниво.

А за годините си го прават своето...Данкан, Пирс, Гарнет, Грент Хил, Неш...не се согласуваат со твојата изјава.
 
Зборувавме за Картер, не за Данкан, Пирс, Гарнет ...

Има дедовци што на 90 години копаат по нивите, има некои од 51 не можат да одат.
 
Некои дедовци се грижат за своето тело и ритам, некои не.
 
Некои дедовци се грижат за своето тело и ритам, некои не.

На тоа и целев, и не ти спорам за ништо. Значи исто збориме, не сфаќам што уште сакаш да кажеш.
 
Сакам да кажам дека има постари кошаркари во NBA од Винс, а изгледаат поагилни и помобилни. Тоа се должи на големиот влог за зачувување на своето тело во кондиција за натпреварите. Некои тоа го имаат усовршено(Данкан,Коби,Неш) а некои како Картер ќе изгледаат забавена снимка.

Сигурно годините уграат улога, сигурно Коби не може да ја освои Слем Данк титулата сега, но тој исто како и Данкан наоѓаат начини(покрај своите години) видно да помогнат на својот тим.

Кога го прочитав "годините си го прават своето", ми изделува како да даваш оправдување за лошата игра на Винс. Ако тоа не е така, се извинувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom