Не ги следам другиве тимови многу и не можам да кажам дали кај сите е таква ситуацијата со повреди, ама ненормално е ова што редовно им се случува на Клиперси. За повредите на ѕвездите низ минатите сезони сме збореле многу. Константни долгорочни повреди на главни играчи (Елтон Бренд, Блејк ја пропушти цела сезона кога го драфтаа, па после исто го мачеа повреди за главни утакмици, па Џорџ (тој Дорт треба затвор да лежи за намерната повреда) и особено Каваи со по милион утакмици утнати). Сезонава, прво Бредли Бил се повредува во први кола до крај на сезона.
Таман ќе фатат залет, стално оди курбан некој од појаките на подолго време.
Со носење на Гарланд (патем повреден), Матурин и вклучување на 3-4 млади играчи во составот, Каваи кој конечно врза утакмици, тимот стана интересен за гледање. Прво оди курбан Колинс кој беше главна замена за Зубац. Па конечно поголема минутажа добива рукито Јаник Нидерхаузер висок 2,10 (кој кај фановите на Клиперс ужива огромна поддршка и сите сакаат да биде форсиран), врзува добри утакмици и се повредува до крај на сезона.
Ненормално нешто...