Partizanen banditen
Психијатриски случај
- Член од
- 24 август 2016
- Мислења
- 6.197
- Поени од реакции
- 19.137
Океј, да ја отвориме најкоментираната тема во катчето кошарка.
Сезоната број 79. е пред нас драги кајганџии, а традиционално во 1:30 по наше време во среда наутро „завесата ке бидне дигната“ на дуелот помеѓу актуелниот шампион Оклахома и Хјустон. подоцна не очекува и калифорниското дерби помеѓу Лејкерси и Голден Стејт. Трета година по ред ке се игра и НБА Купот.
Регуларниот дел ке трае до 12. април, а од 14. до 17. не очекуваат расплетите во плеј-ин турнирот. Плеј-офот почнува од 18. април и е предвидено да се игра до мај 2026. Главната работа која не интересира, Големото финале е предвидено да почне на 4. јуни. Ол-стар натпреварот ке се одигра на 16. фебруари во домот на Лос Анџелес Клиперс.
Најдобар стрелец, а воедно и најкорисен играч за минатата сезона е предводникот на шампионскиот тим Глигориус Шеј Александер, а истото признание го добие и по НБА финалето. Најмногу асистенции подели Тре Јанг, а најдобар скокач е Хрватот Ивица Зубац. Најмногу топки крадеше Дајсон Даниелс од Атланта. Еван Мобли од Кливленд ја доби наградата за најдобар дефанзивец, најмногу блокади друга година по ред има Виктор Вембанјама. Најдобар нов играч или руки е неговиот соиграч Стефон Кастл, додека Дајсон Даниелс се закити и со титулата за играч кој највеќе напредувал. Пејтон Причард од Бостон ја доби наградата за најдобар шести играч, Кени Аткинсон од Кливленд е прогласен за тренер на годината.
Најдобра петорка во регуларниот дел е Тејтум - Јокиќ – Јанис – Мичел - Глигориус Александер.
Купер Флег беше избран како прв пик на драфтот од страна на Далас Маверикс.
Од активно играње кошарка се простија Бојан Богдановиќ, Марко Белинели, Џон Вол и Џереми Лин.
Кога сме кај тренерските смени, првин да го споменеме легендарниот Грег Поповиќ кој замина во заслужена пензија, а негов наследник е неговиот помошник Мич Џонсон. Мајк Браун доаѓа на клупата на Њу Јорк наместо Том Тибодо, а тренерската вртешка продлжува во Феникс. Наместо Мајк Баденхолзер доаѓа Џордан От. Дејвид Аделман (Денвер), Туомас Исало (Мемфис) и Даг Кристи (Сакраменто) од привремени беа промовирани во трајни решенија на клупите на тимовите.
Оваа година ке имаме три натпревари кои се играат вон САД и Канада – во Мексико сити, Лондон и Берлин.
Kaко и секоја година ви оставив анкета кој ке влезе во плеј офот, според мене сигурни фаворити се Денвер, Оклахома, Лејкерс, Минесота и Хјустон, додека на другата страна Кливленд, Милвоки, Бостон, Орландо и Њу Јорк.
П. С. Ке ве молам по три тима да изберете.

Автоматски споено мислење:
Kaко и секоја година ви оставив анкета кој ке влезе во плеј офот, според мене сигурни фаворити се Денвер, Оклахома, Лејкерс, Минесота и Хјустон, додека на другата страна Кливленд, Милвоки, Бостон, Орландо и Њу Јорк.
П. С. Ке ве молам по три тима да изберете.
Последно уредено: