Ај све ама најјак аргумент контра Леброн ми е 4/10. За разлика од некој со 4/4, клач играч, маме ебе у финалиња.


4 титули и 6 порази у финале < 4 титули и 6 пати у плејоф не влегле - Кајгана експерт
Џордан меѓу едната и другата трипл титула правеше пауза заради смртта на татко му.
Далеку од тоа дека не влегол во ПО, така да провери си ги фактите пред да тропаш глупости следен пат.
И да, ите како е битно дали некој имал силни тимови позади себе кои ги носел до финале и после ги губеле финалињата (како Леброн), а од др страна Џордан играл сам против Лејкерси и Селтикси во 80-ти, додека во 90-ти
кога Пипен станува олнба играч исто и олстар почнува да реди титули без изгубено финале.
Додека Пипен не беше тоа т.е. беше руки и пар сезони се развиваше како играч, учеше од Џордан титули немаше. Моментот кога стана ол нба играч т.е. признат дури и од лигата за нивото кое го достигна како играч, т.е. моментот кога Џордан доби зрел партнер играа како дуо и беа незапирливи.
Друга битна работа која се случи и на која во вакви муабети не му се придава на значение е Фил Џексон т.е. Џордан, Пипен или било кој друг НЕ беше оставен сам на себе да си одбери тренери и да ги менува ко чорапите. Раководството му одбираше, Џексон дојде како заслуга на ГМ Џери Краус и како негова заслуга и си замина во 98 т.е. не му беше продолжен договорот и така всушност заврши династијата пошто без него ниту Џордан, ниту Пипен сакаа да продолжат понатаму (беа едноставно презаситени еден од друг и Фил беше алката која го држеше тој тим).
ЛеФлоп да беше малку повеќе скромен и да оставаше да му решава некој трет кој ќе биди тренер и што играчи ќе му бидат соиграчи можеби ќе имаше уште некоја титула повеќе од тие 10 финалиња кои ги изигра и што е за почит, но никако не е достигнувањето на Џордан.
Скромност никогаш не е на одмет, но тој никогаш не ја ни имал.
Разликата е небо - земја
во споредбата и во вистината.
Само кајгана експерти како тебе никогаш нема да ја увидат пошто гледаат преку навивачки очила, не реално како што било.
Никогаш 4 од 10 нема да е поголемо од 6 од 6.
Па ни тогаш.
Никогаш мелтдаун во финален натпревар не му се десил на Џордан, па да постигне 8 поени како на ЛеФлоп против Далас.
Никогаш Џордан не флопирал, никогаш немало видеа каде се фрла и прпелка по терен.
Како што, никогаш 6 од 6 не било досега надминато.
Расел имал 11 титули во 13 години
Меџик имал 5 во цела декада 80-ти
Бирд имал 3 во истата таа декада.
во 90-ти, сосе пауза Џордан имал 6 од 6, да не правел пауза ќе имал најверојатно 8 од 8 или 8 од 10 *ако останел Фил и понатаму во клубот.
во 2000-ти
доминираше Шек со Коби, исто и Данкан пошто тие земаа титули
од 2010 до 2020 доминираше ГСВ пошто имаше 3 титули, во меѓувреме Леброн стигна до својата трета но со различни тимови и со накрцани тимови, додека сите овие погоре стигнаа до титули со својот тим и тој тим го надградуваа до патот до финале и до титула, ЛеФлоп не.
од 2020 па досега е ничија земја, секоја година имаме нов шампион и немаме доминантна екипа (не е ни ЛеФлоп доминантен, туку со накрцан состав во 2020 зеде уште една титула).
Сума сумарум, секој ГОАТ-иш тип на играч, суперстар, имал своја декада, Расел, Лери и Меџик, Џордан, Коби и Данкан, Кари, додека леКоњ немал.
Лекоњ има кариера полна статистика
и гасење како светулка во финалиња.
Затоа неговите 4 од 10 обиди не се признати од кошаркарскиот свет како поголемо достигнување од 6 од 6 обиди на Џордан.
Кајгана експертите, ќе заговараат поинаку, но вистината секој што барем малку поима баскет ја кажува таква каква што е.
6 од 6 > 4 од 10
Во меѓувреме е најдобар стрелец во историјата на лигата, изиграл 20+ сезони, успева на 40 години ефективно да игра баскет, во еден куп други статистички категории го има земено приматот и капа му долу за тоа. Кошаркарски мастермајнд е, ја чита играта, има доволно искуство да знае кои одлуки кога да ги носи на терен и со најмал напор да доаѓа до асистенција, поен, скок.
Но, никогаш нема да е ГОАТ.
Никогаш нема да е Џордан.
Никогаш нема да е 6 од 6.
За тоа едноставно не го бива и не е доволно добар.
Губи НБА финалиња.