Како прво не реков дека немало други суперстарови да дојдат у Лејкерс, како второ и сам знаеш дека суперстаровите одат таму каде што има барем уште еден суперстар. И пак ќе ти кажам не можете да давате такви претпоставки дека Лејкерс ќе освоеле барем една титула ако Леброн ич не дошол, тоа ви е само what if. Сето ова го кажувате заради преголемиот хејт спрема Леброн и ве тера така и да размислувате. Мислам у ред е да хејташ играч, како спортски фан тоа е нормално, и јас сум хејтал безброј играчи па никогаш не би ги деградирал. Сум го хејтал и Коби и КД и Харден и не знам ти кој друг, ама сепак видов дека тоа не вреди и сега имам многу почит за тоа што тие го успеале у нивната кариера и никогаш не би рекол дека само тие се заслужни за неуспех, сепак тоа потпаѓа на целата екипа. Не е малку неубаво да гледаш цело време како се напаѓа само еден играч од поединци и како би се чуствувал ти тоа да е твојот омилен играч?
Да се надоврзам и на муабетот за ол тајм рангирањето, се е у ред и генерално пак чуствувата спрема некои играчи играат улога кога се прави рангирањето и јас би сакал да си го кажам моето мислење и ова е само јас како мислам шо не мора да значи дека е исправно, за мене Леброн е број еден па Коби. Намерно не го ставам Џордан оти не сум имал можност да го гледам. И малку ми е без веза тоа што некои не го сметаат Коби за бар топ 3, а ги ставаат играчи како Меџик, Вилт, Карим итн. Верувам дека скоро секој тука нема барем 40 или повеќе години за да имал можност да ги гледа овие играчи во нивниот прајм. И затоа како шо кажав за играчи кои ги немам гледано не можам да ги ставам толку високо.