Навала од Македонци во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
простор на преминот Богородица - Евзони на македонско-грчката граница. Зголемената фреквенција била причината за тоа. покрај зголемениот број странци, околу 5.000 Македонци продолжениот викенд ќе го поминат под грчкото сонце. За македонските погранични органи ова било очекувано и си ја организирале работата, но Грците биле изненадени и работеле бавно.
„Нашите ленти беа слободни до блокада дојде во меѓуграничниот простор затоа што побавно работеа грчките погранични органи“, рече Никола Стамнов командир на ПС Богородица.
По тивкиот бојкот од лани, Македонците на стартот од годинашната туристичка сезона масовно се враќаат на грчките плажи. Желбата за одмор на Егејот го победува патриотизмот.
„Имаме навала на туристи за Грција имаме полни аранжмани можам да речам дека е цел јуни полн, тоа што го викаме поевтина сезона генерално се пополнува“, рече Исидор Балојани менаџер на туристичка агенција од Битола.
Грците ги тријат рацете и покрај економската криза велат за 2 насто имале повеќе туристи во однос на лани.
„Со оглед на тоа дека се насетуваше некоја тешка година со економска криза, сепак стартувавме добро“ рече Астерјос Валвакис, сопственик на апартмани на Халкидики.
Зголемена фреквенција денеска имаше и на останатите гранични премини со Грција.

A1
 
А1 и прави реклама на Грција :toe:

Не е ни чудо, кога се знае кој им е газда.
 
И сакаш после да те ценат.
Те прават подолу од лајно и па одиш кај нив.
 
Добри се тоа сигнали дека сме спремни за компромис, само на плажа да отидеме.
 
Арогантниот однос на Охриѓани,скапите цени,катастрофалните плажи и нивните “усвитени глави“,како и незаинтересираноста на државата да инвестира во средување на ваквите состојби,го победуваат патриотизмот кај малку поимотните граѓани од Македонија,особено кај оние што не се Македонци по националност.:toe:
 
АБЦ, свеста бате тука игра главна улога, се друго ти е ирелевантно и Охриѓани и држава и пари и незнам што.
 
Поентата која срамежливо ја натура А1 во текстот е:

Желбата за одмор на Егејот го победува патриотизмот.

Јас наместо патриотизмот би го ставил - достоинството, меѓутоа јас не сум А1.
 
АБЦ не генерализирај.:nenene:

Не генерализирам бе,ја кажувам реалноста иако никогаш во животот не сум бил на одмор во Грција,кога ќе дојдам во Охрид или било каде низ Македонија состојбата се повторува,ако не и покатастрофална од предходната година.И што очекуваме сега,дека поимотните граѓани од Македонија ќе јадат и по кило сол ако треба,од патриотски причини?

АБЦ, свеста бате тука игра главна улога, се друго ти е ирелевантно и Охриѓани и држава и пари и незнам што.

Која свест бе Славјански,која свест?Таа дека кога ќе појдеш на камењарите во Охрид наместо плажи,ќе ти биде поубаво окулу срцето па макар и цел ден да се стегаш за мочање помеѓу ѓубрето надвор од малкуте контењери,кој како и да ги нема на Охридското крајбрежје?За таа свест ми зборуваш?Или мислиш дека живееме во Северна Кореа па да мора да ги учиме новите химни за новиот лидер Ким-Јонг (X) од патриотски причини?
 
И сакаш после да те ценат.
Те прават подолу од лајно и па одиш кај нив.

а бе ја тоа овде веќе доолго го потенцирам..., ама некои тврдат дека грешам...за стуктурата на МАКЕДОНСКИОТ народ...која е многу подолу и од тоа твоето подолу....јеби га...
 
Не генерализирам бе,ја кажувам реалноста иако никогаш во животот не сум бил на одмор во Грција,кога ќе дојдам во Охрид или било каде низ Македонија состојбата се повторува,ако не и покатастрофална од предходната година.И што очекуваме сега,дека поимотните граѓани од Македонија ќе јадат и по кило сол ако треба,од патриотски причини?

абц не претерувај, не е само Грција со море
 
Ај ко ќе си го вратиме делот нема да мора да одат на море во странска држава.:smir:
Некако ми е чуден текстов зголемена посетеност од 2 посто во однос на лани,а било навала.Да беше навала ќе имаше поголем процент во споредба со лани.Според некоја моја логика...
 
добар наслов секогаш ти ја прави читана веста
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom