Натпревар за помирување: ABC - Ada!

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
По толку непроспиени ноќи на прилепчанецот ABC од страната на опозицијата и Ada од страна на власта за да докажат која партија крадела повеќе, и по толку партиски препукување на истите членови, тие решија да изиграат хуманитарен фудбалски меч во знак на помирување и смирување на страстите.

Со саботната ждрепка во Пожаране беше одлучено мечот да се одигра на стадионот во Прилеп и ABC беше запишан како домаќин на настанот. Според нашиот репортер Дарко Штаргоски кој е ексклузивен дописник од Прилеп за време на овој голем евент, на градскиот стадион во Прилеп се собрале 10 илјади гледачи. Замислете, тоа се 20 илјади дланки, 20 илјади дланки кои аплаудираат и ги бодрат учесниците.

Натпреварот почна во 2 часот и 45 минути по локално време, и можеше да се следи единствено како резултат на телетекстот на обложувалницата PREMIER.

image018423.jpg


Како што можете да забележите, ABC водеше со резултат од 1-0 уште по првото полувреме, но Ada пружаше силен отпор и се бореше до крај... При еден остар старт на прилепскиот ветеран врз атрактивната скопјанка, младата старлета се повреди и не можеше да го продолжи натпреварот. Кога сите мислеа дека ABC ќе го добие натпреварот службено, судијата Франк Де Блекере му додели црвен картон и карта во еден правец до Мариово + згоден кондуктер.

Темпераментниот ABC не го призна службениот пораз и бараше реванш, но перспективната Ada ќе отсуствува барем 3 месеци од зелените терени, па ABC за нашата телевизија револтирано изјави дека преку глава му е од владините намештаљки и дека борбата ќе ја продолжи на форумот, како и досега.

Ada остана недостапна за нашите репортери и имаше само една изјава на нејзината веб страна дека добро се чувствува по операцијата и набрзо ќе почне со лесни тренинзи.
 
А барем одржаа ли прес-конференција?
 
Ада беше нападната од бесни фанови на АБЦ и се сокри во блиндираниот точак за да не биде линчувана, а АБЦ беше толку фуриозен и напизден, што нашиот репортер не ни помислил да го праша дали ќе има прес.
 
Нцнцнцнц на што нема да те натера досадата во оваа доба од ноќта(или утрото):pos:
 
Ја наместија ццц како не ви е срам бе.. ја имав 3+ за големи пари само за да ме зафркнат!
 
хахаха у 5 ипол се смеам како зелен. Браво за идејава
 
zmija noze krie, so vi e na vas be?...:pos2:
 
Море фантоме овие некои јужноамериканци да не се ? Ги немам сретнато во билтенот.
 
Ја имав од кец у кец на 500 евриќи....лаки ми:)
Гоу гоу ABC
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom