Наташа Малинкова

  • Креатор на темата Креатор на темата Dee_Jay
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 август 2007
Мислења
3.609
Поени од реакции
2.657
Девојкава има често пати настапувано во Прилеп во живо, и стварно сум изненаден од тоа колку убаво пее. Иначе настапи годинава и на песна за евровизија, со песната Север и Југ. Си негува некој поп-рок стил, а мотивација за да ја отворам темава ми даде нејзиниот нов спот, што мене искрено многу ми се допадна.

Па што мислите? Ја имате слушнато, како ви се бендисува, што мислите за новиов спот... ?
 
Ако не се лажам, оваа беше во бендот на братот на Љупчо Бубо Каров од к15. Нема лош глас, спотот е ок. Песната... :toe: Не сум слушал нешто повеќе за да изградам мислење.
 
Ако не се лажам, оваа беше во бендот на братот на Љупчо Бубо Каров од к15. Нема лош глас, спотот е ок. Песната... :toe: Не сум слушал нешто повеќе за да изградам мислење.
Да да, во Багаж пееше. Знам тогаш имаја тие еден хит Името твое...
 
Има убави свирки и убав глас,но како да нема среќа со песните :)
 
А врзале со синџир, инаку знам која е.
 
добра е :drk: :drk: :DD
 
Спотов е добар, песната е ужасна у секој поглед.
 
Оваа мислам дека сите ја знаете. Ми се допаѓа лириката.



Името твое на брегот го напишав
бран ми го избриша.
Името твое на облак го напишав
ветер ми го однесе.

Името твое во срцево ќе го скријам
со цела душа ќе го покријам
ниту вода, ниту ветер,
ниту сонце, ниту дожд
да не го најде.

А ти погледни нагоре
ааааа, ангели маршираат
еее погледни на небо
ангели чувари маршираат
за нас само за нас.
 
Вечерва ја слушнав за прв пат во живо во Прилеп, и бев позитивно изненадена...Сите песни убаво ги отпеа...
 
Вечерва ја слушнав за прв пат во живо во Прилеп, и бев позитивно изненадена...Сите песни убаво ги отпеа...

Е сеа ако проценуваш за песните кои припаѓаат на машки автори:tapp:, ама репертоарот ептен ме бендиса, дури уште сакав да пее.
 
Новиот спот, со новиот сингл на Наташа Малинкова...
 
Убава песна на SnoopyMC, дечкото кој буквално ја лансираше својата кариера на Кајгана :)
А спотот и самата песна неверојатно многу потсетуваат на Way you lie... :)
 
Убава песна на SnoopyMC, дечкото кој буквално ја лансираше својата кариера на Кајгана :)
А спотот и самата песна неверојатно многу потсетуваат на Way you lie... :)

И мене прво тоа ми падна на памет :) ама ако заслушаш добро, ќе видиш дека само концептот е тој, рефрен на женски вокал, со рап, а во однос на музиката, не е ни мелодијата таа, ни ритамот :)
 
I love the way you lie - Мацедониш вержн. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom