Настава за време на колоквиумска недела

  • Креатор на темата Креатор на темата Marija001
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 август 2011
Мислења
83
Поени од реакции
34
Ме интересира дали постои некој закон или правило што наложува да не се одржува настава за време на колоквиумска недела? На Филолошки факултет на никој не му е гајле дали е колоквиумска недела или не, закажуваат колоквиуми кога им одговара, настава се држи и за време на колоквиумска недела, студентите имаат 10 колоквиуми за полагање и плус настава. Дали е во ред ова или некој си игра мајтап со студентите?
 
Па и кај нас е така, плус ние на ветеринарен немаме колоквиумски недели, колку е добро толку е лошо. Ретко кој професор дозволува полагање во терминот за предавање, обично е после предавања и вежби.
 
Па, не е секаде толку лошо, на пример на Економски имаме две колоквиумски недели во времетраење од околу 10-12 дена, во кои не се посетува настава, а многу ретко се закажуваат колоквиуми и прет- или послеколоквиумска недела, но тоа се е во договор со одредени професори. Значи се зависи од самиот Деканат и факултет кои би го спровеле ова во пракса. Инаку не знам како е уредено законски, но доколку сакаш нешто да преземеш секогаш ти стои на располагање студентски правобранител или пак просветен инспекторат.
 
Ме интересира дали постои некој закон или правило што наложува да не се одржува настава за време на колоквиумска недела? На Филолошки факултет на никој не му е гајле дали е колоквиумска недела или не, закажуваат колоквиуми кога им одговара, настава се држи и за време на колоквиумска недела, студентите имаат 10 колоквиуми за полагање и плус настава. Дали е во ред ова или некој си игра мајтап со студентите?
Јас сум на филолошки и ќе ти кажам вака, за време на оваа колоквиумска недела некои професори нас не ослободија од предавања, ама тоа се само професорите кај кои што имаме колоквиум неделава, останатите изгледа си држат редовни предавања, ама никој не им доаѓа. Кој е луд на сред колоквиумска недела наместо да се спрема и учи на предавања да оди.
 
И кај мене на факс секогаш за време на колоквиумска има предавања.
Во испитните април/октомври исто има предавања, само што не добиваш минуси за присуство ако имаш испит за време на некое предавање.
Мене тоа до сега не ми сметало, посебно што не учам ден пред колоквиум, обично тогаш воопшто не ни учам.
 
Секоја факултет сам си ги пропишува правилата за полагање и за тоа дали треба, или не треба да има предавање за време на колоквиумска недела. Закон за колоквиумски недели не постои, така да вината може само да ја барате кај деканатот на факултетот.
 
Ова ме вади од такт и мене ! Да им се мочам и на предавања и на се' ... Само нервоза не пунат, ни го кратат сонот и времето за учење.

Минатиот семестар од 12 имав колоквиум, а проф. од 9.30 до 11.00 држеше предавање, на кое јас бев еден од 'среќниците' кои плус презентираа и семинарска од 15ина страни. Лепо лепо .. :tapp:
 
абе море ај студенти сте вие или што е работа...а штом сте на фиолошки немате гајле па таму кој иде на предавање
 
Ние кај нас имаме ’’колоквиумски месец’’ оти цел месец (Март/Мај) имаме колоквиуми, по еден/ најмногу до два неделно. И предавања имаме нормално зошто имаме и време да ги спремаме колоквиумите. Можеби цел месец ќе се влечкаш со колоквиуми, но психички си порастеретен. Јас денес полагав, па потоа другиот Четврток имам колок. Топ ми е. :pipi:
 
Мајтап си играат со тебе бе :mad: и што ќе направите? Ништо!

Еве пример ја кога почнував ред 4 години, имав по 2 колоквиуми во ист ден, секако дека имав предавања и вежби од 8 до 16 нормално ко да немам полагање. Среќа пошто сум малку заостанат па се водам со подобро научено отколку исчистено, па идев само по 1, најмногу 2 предмети на колоквиум, ова другото на испит. Пошо кај мене по секој предмет се полага и усен испит, така да малку работа ти вршат колоквиумите.

После и на профињава им светна нешто па рекоа ќе си идете на испит директно. :icon_lol:

Силата повеќе не може да биде во студентите оти студентите веќе не заслужуваат да се викаат така. Чест за некои факултети што уште држат до некои првични правила и замисли, ова другото, отиде.
 
Абе нека се гонат, ни фукаат секој семестар по шест предмета да полагаме во рок од пет дена, да не се мачеле душичките да иделе 2-3 пати па ајде се наеднаш, море ти зимаш 1.000 евра плата, има да идеш и 10 пати ако треба...Ја ќе изигравам тука Ајнштајн ќе спремам шест предмети за пет дена...:mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom