Насилство во врска

  • Креатор на темата Креатор на темата RealGirL
  • Време на започнување Време на започнување
Е да ми простиш, ама со 120.000 плата од некој што ме тепа, не седам сама, па камо ли со деца. Немој да мислиш дека се е во парите. Ако гледаш среќа во пари, пропратено со ќотек, браво за тебе. А ако сама не сакаш да спречиш нешто, ни пријатели, ни родители... никој нема да ти помогне. Во ваков случај и не станува збор за сродна душа. Малце е покомплексна темава и треба со пошироко отворени очи да се дискутира. И не се сите претходни идиоти или во случајов ТЕПАЧИ, па не мора да значи дека поради тие причини се прекинуваат нештата.

Точно не треба да трпи жената за едни пари психичко и физичко патење, таквиот маж се затвора и се тепа дури не му дојде умот да види и тој како е да јади ќотек само тоа му е лекот,
 
Здрава врска претставува доверба, почит, разбирање и љубов. За жал во многу врски тоа го нема и таа преминува во врска на малтретирање и тортура. Еве еден чест пример на врска која секојдневно ја гледаме кај многу различни луѓе. Физичкото малтретирање е често застапено, но психичкото "силување" е многу почесто.

"Кога почнавме да излегуваме, сите велеа колку сме среќни што сме заедно. Другарките беа воодушевени од тоа колку тој е добро момче, колку сака да поминува време со моите пријателки и како знае секому да му посвети внимание.
Тоа беше сликата за јавноста, но се менуваше кога ќе останевме сами. Испрашување за тоа како и со кого сум го поминала денот. Навреди за тоа колку лошо изгледам во некој фустан, како косата ми е ужасна, како моите пријателки се вистински озборувачки.
Буквално бев заробеник во врската. Не смеев никаде да излезам без претходно да му се јавам. И да сакав да отидам некаде, бев постојано следена и исплашена да не посегне да ме удри. Најмногу бев вџашена од начинот на кој глумеше пред другите. Сите мислеа дека со него го видов рајот, но само јас знаев дека го видов пеколот".



Кога е во прашање физичкото малтретирање, нема потреба да се бараат докази, самите се видливи. Но тоа не може лесно да се види и кај менталното силување. Најчесто девојките кои подлежат на таква тортура не се ни свесни за истото. Многу често работите погрешно се толкуваат, особено болната љубомора и потребата за постојано следење е толкувана како голема љубов.
Најчесто се употребуваат реченици во стилот "Ако ме сакаш нема да го направиш тоа, нема да излезеш, нема да се задржуваш". Ако се побуните на истото првичниот глас од молежлив ќе премине во агресивен бидејќи барањето не е задоволено. Се работи за класичен пример на маж кој сака да го добие она што го наумил и кој не води сметка за чувствата на својата партнерка.

Во љубовта не постојат уценувања, закани, барања кои повредуваат една страна... Девојките кои се наоѓаат во вакви врски најчесто почнуваат сами да се обвинуваат за ситуацијата. Околината само допринесува во создавањето на лажната илузија. Во нивните очи тој е совршен, грижлив и внимателен дечко. На жалбите од нивната другарка, тие и велат дека тој само се грижи за неа и дека премногу ја сака, односно дополнително и мачкаат очи. Нејзините пријатели не се присутни за време на вербалните расправии и закани, не се присутни во реалната ситуација, тие само од страна гледаат и имаат слика која што упорно ја всадуваат во нејзината глава.
Знам на многу им е чудно што оваа врска не се раскинува лесно, ниту пак во онаа која има физичко насилство. Единствената разлика е што во овој тип на врска, вие сте кривецот, вие сте единствената причина за проблемите, вие сте таа која што не знае да цени, само поради фактот дека не можете да понудите видливи докази како што постојат во врските со физичко малтретирање.

Единствен спас е освестувањето за тоа дека не смее никој кој ќе се најде во истава ситуација да се повлекува во себе и да се обинува. Да се обрати кај родителите бидејќи тие секогаш се настроени заштитнички кон своето дете и можат да помогнат многу повеќе отколку пријателите кои можно е и да ве осудат ако сакате да ја прекинете врската.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom