Насилства во Македонија

Со 2 куршуми го спаковале убиениот, опасна прецизност...
Постојат некакви контра групи Порој vs. Боговиње?
 
Вечерва тежок инцидент во скопска Мавровка: 23 годишно момче во болница

policijanoke4.jpg


Две убодни рани во пределот на грбот заработил 23 годишниот Јетон Зекири од скопски Чаир вечерва во казиното Адмирал во Трговскиот центар Мавровка во центарот на Скопје.
Според информациите до кои дојде Press24 од свои извори во полицијата, Зекири, работел како обезбедување во казиното преку агенцијата МНД Обезбедување кога се уште непознато лице го нападнало со нож.
Тој итно е префрлен во Градската општа болница каде по укажаната лекарска помош е задржан на лекување.
Од МВР и официјално ја потврдуваат информацијата на Press24. Од полицијата најавуваат мерки за откривање на сторителот и соодветна постапка против него.

Црна Хроника
10.04.2015 - 23:49

http://press24.mk/vecherva-tezhok-incident-vo-skopska-mavrovka-23-godishno-momche-vo-bolnica[DOUBLEPOST=1428735330][/DOUBLEPOST]Имал само 21 година: Познат идентитетот на убиеното момче во Тетово

policijanoke1.jpg


21 годишниот Алтрим Касами од тетовското село Порој е момчето кое вечерва беше убино во престрелката во кафе барот Бар Код во Тетово, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, Касами бил донесен со две прострелни рани во Клиничката болница Систина. Лекарите не можеле да направат ништо бидејќи момчето кога пристигнало во болницата веќе било мртво.

Уште две лица имаат посериозни повреди и се згрижени во Ургентниот центар во Скопје. Останатите две лица имаат полесни повреди и се згрижени во Медицинскиот центар во Тетово.

Како што веќе објави Press24 инцидентот избил вечерва околу 22 часот, кога се уште непознато лице отворило оган од огнено оружје кон повеќе лица. Причината за инцидентот најверојатно е расправија поради девојка.

Црна Хроника
10.04.2015 - 23:56

http://press24.mk/imal-samo-21-godina-poznat-identitetot-na-ubienoto-momche-vo-tetovo


Првично мислев дека ова во Тетово има некаква поврзаност со убиството пред некој ден во Албанија во Валона, кога беа изрешетани со калашников тројца Албанци од албанското подземје, па да ги лоцирале и извршиле одмазда врз нив.
 
Последно уредено:
Со калашников пукал бе :tapp: Пиштоли се за мали деца, седмо-осмо одделение.
EDIT: Го уапсиле убиецот
 
Последно уредено:
Синот на Мендух Тачи меѓу повредените
Сабота, 11.04.2015 16:10 Македонија
По вербална расправија сега починатиот Алтрим заминал од кафулето, а по 20 минути се вратил со калашников и пукал од надвор

sinot-na-menduh-tachi-megju-povredenite-251489.jpg

Неофицијално, еден од 11-те повредени лица во пукањето синоќа во Тетово е синот на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дознава Проталб.

Во инцидентот во кафулето Баркод, беше повреден, а на пот кон болница, почина 22- годишниот Алтрим А. од тетовското село Порој. Четворица се потешко повредени со рани од куршуми и се наоѓаат во болница.

По вербална расправија сега починатиот Алтрим заминал од кафулето, а по 20 минути се вратил со калашников и пукал од надвор. Му било возвратено со стрелба од пиштол од внатрешноста на кафулето, по што завршил со куршуми во стомакот и градите.


http://daily.mk/makedonija/sinot-menduh-tachi-megju-povredenite-2
 
Вечерва: Со автоматска пушка убиен скопјанец
policijanokespark2.jpg


Едно лице е убиено најверојатно со автоматска пушка при инцидент кој вечерва нешто по 22 часот се случил во скопското село Љуботен, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации околу 22:15 часот во градската општа болница Св. Наум Охридски мртов бил донесен скопјанец со прострелни рани.

Од полицијата за Press24 го потврдуваат убиството но не откриваат повеќе детали

Црна Хроника
16.04.2015 - 23:43

http://press24.mk/vecherva-so-avtomatska-pushka-ubien-skopjanec
 
Го нема нешто али паша да ни спомне за зачестените убиства кај мирољубивите.
 
Пукање во Студеничани: Пет лица во маскирни униформи напаѓаат во околината на Скопје


policijalenta20147.jpg


Пет лица облечени во маскирни униформи запрела група од 18 мигранти од Сирија и заканувајќи им се со огнено оружје им одземале 335 евра, 8000 денари и два мобилни телефони. Едно од маскираните лица почнало и да пука при што повреден е еден Сириец во пределот на поколеницата.
Во тој момент Сиријците ги нападнале своите напаѓачи. Го совладале оној со оружјето и му го одземале по што случајот бил пријавен во полиција а оружјето предадено на полициските службеници.

Повредениот сириски државјанин со возило на ИМП бил пренесен во УЦ-Скопје, каде му се констатирани телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.Против Б.Ш. по брза постапка ќе биде поднесена соодветна кривична пријава додека пак по останатите лица интензивно се трага.

Црна Хроника
17.04.2015 - 13:17

http://press24.mk/pukanje-vo-studen...rni-uniformi-napagjaat-vo-okolinata-na-skopje
 
Го нема нешто али паша да ни спомне за зачестените убиства кај мирољубивите.
Чека насилство помеѓу каурите па одма ќе се истрча тука како прле пред магаре како сме биле лоши варвари.
 
Завземена полициската станица во Гошинце

mvrskopje3.jpg


Пред малку се случил голем инцидент во полициската станица во село Гошинце, општина Липково, јавува Фокус.

Според информациите на медиумот, полициската станица бела заземена од група вооружени насилници, кои наводно го земале оружјето, а полицајците ги избркале.

Од МВР ја потврдуваат информацијата и повеќе детали најавуваат за подоцна

Црна Хроника
21.04.2015 - 11:51
 
ОБНОВЕНО: 40 вооружени лица од Косово освоиле полициската станица, 4 македонски полицајци заробени

Четириесетина вооружени лица утрово ја освоиле полициската станица во селото Гошинце, општина Липково, и заробиле четворица македонски полицајци, неофицијално дознава МКД.МК. Во 12 часот е закажана конференцја за медиумите на МВР
 
ОБНОВЕНО: 40 вооружени лица од Косово освоиле полициската станица, 4 македонски полицајци заробени

Четириесетина вооружени лица утрово ја освоиле полициската станица во селото Гошинце, општина Липково, и заробиле четворица македонски полицајци, неофицијално дознава МКД.МК. Во 12 часот е закажана конференцја за медиумите на МВР
Нема гајле. Нашата власт знае да се пресмета со вакви. Само нека дојдат одморите има сите тие до еден да бидат амнестирани! До еден! И тоа од грчка плажа ќе се координира све. Па нека му ја мислат после....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom