Насилства во Македонија

Тешко нив можам да замислам каков пекол е во нивните татковини само мир да има др се се издржува
 
До кога ваквите напади ќе ги нарекувате тепачки?

Масовна тепачка во Тетово која завршила со расекотина и повреди

Вчера во полициската станица во Тетово Х.Х.(18), М.Д.(20), Б.А.(22) и Р.С.(19), сите од Тетово пријавиле дека врз нив поголема, засега непозната група извршила насилство.

mkd-111275.jpg
Според нив, околу 20,15 часот додека оделе по улицата „Јане Сандански“, пред кафиќот „Имиџ“ во Тетово, биле пресретнати од група која без никаков повод и причина физички ги нападнале и им задале повеќе повреди. Еден од групата што го пријавиле инцидентот, во еден момент извадил нож и во самоодбрана на еден од напаѓачите му нанел расекотина.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
 
deca si igrale ...inaku se e mirno na celata teritorija ima red i mir
 
Ама народот секоја втора година по ред си кажува на избори дека му е супер и нема потреба да се отвараат вакви теми во кои се спомнуваат некакви инциденти било да се помеѓу лица од иста или од различна националност па нели е се розово какви инциденти бе луѓе ова е се лага башка по медиумите скоро и никогаш не ги кажуваат овие немили настани во кои страдаат рандом невини луѓе претежно младинци, во оваа држава не се дебатира за ништо, не се разговара за ништо, никој за ништо не се буни ок освен студентите денеска што протестираа секоја пофалба смогнаа сили да излезат во некаква сепак солидна бројка што е за поздравување !
Виновниците за овие крвави насилни инциденти имаат име и презиме и треба да бидат санкционирани без разлика на етникумот на кој припаѓаат но доколку се земе во обзир целокупната состојба во државава економски, политички, демократски и.т.н. работите стануваат се позамрсени од ден во ден и од година во година ... Кој да се буни за нешто овде во државава останаа само партиските војници на 4те најголеми партии во државава двете најголеми партии од Македонскиот и двете најголеми партии од Албанскиот блок и чат-пат останаа можеби уште неколкумина неутрални луѓе кои размислуваат со своја глава ама таквите никој не ги есапи ни 2% а она другото одамна избега по белиот свет не дека и таму е сјајно но барем нема да го гледаат овдешниот циркус !
Не сакам да ја водам темава кон политика и политичко препукување само кажувам дека погрешните политики ите-како лошо се одразуваат врз се ... толку од мене на темава !
 
Па и швајцарско ноже ставиле :facepalm:.
Ако на планетава најдам будала што поседува швајцарски нож и што ќе ти го извади да те нападне со него, ќе му го побарам и сам ќе се избодам... Од каде сликава ја нашле јас не знам... :tapp: Тие ножиња што се вика и со авион е дозволено да се пренесуваат (и навистина има такви) а овде пак ги кажуваат како оружје :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:.
 
Денот на албанската азбука

www.mkd.mk/makedonija/politika/vo-chair-kako-vo-albanija

Груевски: Опозицијата ќе продолжи да ги вади студентите на улица

браво браво ми се допаѓа каде се става фокусот зарем ќе се стави на тоа дека албаницте се понашат ко да се у матичната земја тексас не им е рамен нормално студентите ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ У ДРЖАВАВА
 
Мкд.мк за прв пат влегле после Бит пазар затоа се изненадени. Да немаше пожар во Чаир, никогаш немаше да ги одведе патот натаму, било кој од новинарите од порталиве, па затоа вакви зачудувачки реакции даваат.
Секоја година е истата слика кога се ближи денот на Албанското знаме. На секоја бандера од Бит пазар до Бутел има закачено милион албански знамиња и тезгите на Бит пазар се преплавени со најразлични реквизити со албанското знаме.
Ништо спектакуларно, горди си се на својата нација, си го слават тој ден, истовремено тој ден го користат за да покажат колку многу ги има и дека можат прославите да ги прават во сали во Македонски населби, каде што освен некој камен што ќе го изедат по автобусите, ништо друго нема да им се случи.
 
Ако ништо друго, ставиле барем малце повеќе македонски знамиња од предходната година :p
 
Денот на албанската азбука

www.mkd.mk/makedonija/politika/vo-chair-kako-vo-albanija

Груевски: Опозицијата ќе продолжи да ги вади студентите на улица

браво браво ми се допаѓа каде се става фокусот зарем ќе се стави на тоа дека албаницте се понашат ко да се у матичната земја тексас не им е рамен нормално студентите ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ У ДРЖАВАВА
a i studentite i novinarite se za stap ...od kaj izvadia deka se sprema eksterno za studenti ,koga samo drzaven ispit ke se polaga ,i dovolno e da se polozi so 6 ,za da znaeme site deka toj ne ja kupil diplomata ,tuku deka si uchel ....ostaj drugo mu go e.avte vikendot na gujo !!!!namesto da si odmara morashe da ide u shitel i da objasnuva ...ja da sum na negovo mesto ,ke im stegnam tuzbi na novinarite zoshto zgreshile ,more i da si platat globa
 
зона на самракот ни стана државава .... седете си дома да не му текне на некој да ве убие пошто е кул да убиеш некого ....

http://www.kurir.mk/makedonija/crna...o-dzogiranje-vo-Aerodrom-gi-odnese-vo-bolnica
Најтрагично е што сакале да помогнат, тоа е мизеријата во целиов случај. Не била физичка пресметка предизвикана од несогласувања и слично. Можеш да настрадаш покажувајќи човечност, страшно.
 
Најтрагично е што сакале да помогнат, тоа е мизеријата во целиов случај. Не била физичка пресметка предизвикана од несогласувања и слично. Можеш да настрадаш покажувајќи човечност, страшно.
Баш прееска додека слушав за настанов едно пола минута се држев за глава и се чудев како можело да му текне на тој да глуми повреден и откако притрчале да видат што е дечкиве да ги избоде со нож, онака сериозно се прашувам што мозок треба да имаш?

Инаку едниот дечков беше во критична ситуација па има ли некои вести околу тоа дали е сега подобро?

Едноставно не заслужува никој да згине на ваков начин.
 
Моја претпоставка е дека некој преходно го истепал него, па додека бил во шок/несвест веројатно си помислил дека овие го тепале. Или па се издрогирал некој, па којзнае какви филмови си направил кога дошле да му помогнат, може си мислел ќе го нападнат...
Не верувам дека до толку има шлапнатици во државава да глумат повредени и да го збрцаат со нож некој што ќе дојде да им понуди помош...
 
Поише ми иде на дрога варијантата пошо немаше ништо околу тоа дека тој бил претходно повреден.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom