НАШИТЕ СОНАРОДНИЦИ НА ПИЕДЕСТАЛ И ПРЕКУ ОКЕАНОТ

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Македонија победи во Америка
Фудбалерите на Вардар го освоија првото место во првенството на Индијана и Илиноис дивизијата

9E52E2E94BC4E74CAF372BF9A22DAEFF.jpg
Македонија се слави и на американскиот континент. Патриотите и спортските души на нашите Македонци, вљубеници во својата татковина, деновиве направија со гордост да се изговара името Македонија, искачувајќи го на пиедестал во Соединетите Американски Држави. Потврда дека Македончето може да опстои на сите меридијани од земјината топка и успешно да се развива и да ја претставува својата родна земја е токму екипата на фудбалскиот клуб Вардар од Индијана, предводена од г-дин Митре Кутановски, со своите најблиски соиграчи.
Формиран уште пред 43 години, клубот Вардар оваа година го освои првото место во првенството на Индијана и Илиноис дивизијата. Во чест на овој голем успех, на 29 март на редовната годишна седница е одлучено по 43-години опстојување на клубот Вадар да го преименуваат во вечното историско име на нашата држава Македонија. Со ова нашите сонародници на најдобар можен начин даваат морална поддршка во вековното настојување за зачувувањете на името на Република Македонија за што деновиве толку многу се зборува.
- Тоа не е политички чин, бидејќи никогаш не треба да се мешаат политиката и спортот. Едноставо со ова сакаме да го изразиме чувството на припадност на сите играчи од клубот. А, ги има од речиси сите краишта на Македонија и тоа од Радожда, Мислешево, Ложани, Мароишта, Требеништа. Вевчани, Цапари, Охрид, Кичево, Струга, Скопје, Битола, Струмица, Радовиш, Тетово, Гостивар... Заслугата за освоеното прво место не претставува успех на поединци, туку е успех на духот и желбата за придонес кон нашата татковина. Со голема мисла кон родниот крај, "стар крај", сакаме да ги позравиме нашите сонародници во Македонија. Да ги охрабриме со нашето постоење, да го задружиме нашите сили и да го славиме вечното името на Македонија на сите простори каде што не има, истакнува Кутановски.
Сонародниците од Индијана веруваат дека нивниот успех ќе ги мотивира сите Македонци да постигнат уште поголеми резултати од нивните и со тоа ќе го прославуваат и шират името на Република Македонија.
 
Mnogu merak mi pravat vakvi uspesi i promoviranja na Makedonija.

Sekoja cest!
 
Македонија победи во Америка
Фудбалерите на Вардар го освоија првото место во првенството на Индијана и Илиноис дивизијата

Потврда дека Македончето може да опстои на сите меридијани од земјината топка и успешно да се развива и да ја претставува својата родна земја е токму екипата на фудбалскиот клуб Вардар од Индијана, предводена од г-дин Митре Кутановски, со своите најблиски соиграчи.

.


Многу ми е мило и се радувам на успехот,само искрено,не ми се допаѓа во натписов зборот Македончето.Некако како сами себе да се потценуваме.

Како и да е,навистина ми е мило.Секоја чест!:cuc:
 
Браво, многу сакам вакви успеси.Секоја чест продолжете така!
 
Многу ми е мило и се радувам на успехот,само искрено,не ми се допаѓа во натписов зборот Македончето.Некако како сами себе да се потценуваме.

Како и да е,навистина ми е мило.Секоја чест!:cuc:
Текстот е во оригинал пренесен без измени.
Само тука зборот Македончето не е употребен во деминутив, во омаловажувачка смисла, има иронија во него, односно дека иако сме мали, по многумина и недостојни за постоење, дека многу пати не поништувале и слично... тоа Македончето ете го ќе изникне пак од негде за инат на сите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom