Наше Маало

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
71039_364594561584_567826_n.jpg
Денеска случајно се присетив што сум гледал како мал..
Одма на ум ми паднаа: Бушавата Азбука, Наше Маало, Мечето Ушко :P, Големи и Мали , Дигимон итн..
Сигурно и вие кога сте биле мали дечишта одвај сте чекале да почне Наше Маало..
​
Една од оние серии за деца која тогаш учеше на толеранција меѓу сите заедници кој живеат во Република Македонија и сите религии. Деца од различно етничко потекло и религија кој ги претопија малите разлики меѓу нив и формираа прекрасно другарство..​
Додека пак денес малишани што уште "носат пелени", се занесуваат со серии од тип на Долина на Волците (и ми иде сите да им мавнам по еден шамар)...​
​
Ај да не го дрвам многу дали се сеќавате на се ова? :)​
 
Наше Маало ми беше најинтересната и најмногу ја сакав да ја гледам. Не пропуштив епизода па дури и цедина имам од сите песни , и незнам што уште не. И ден денес ги чувам, али нз кај се зафрлени.

Важно најинтересна ми беше од сите,и баш онака поучни работи за тие години :))
 
Ја репризираат у сабота после Петко, и децава мој со душа чекаат да ја гледаат, убава серија како и да е боље тоа него турски хард кор традиционални љубани и етц етц ....
 
Наше маало мислам дека почна да се снима после војната во 2001 со цел на младите да им се истисне омразата и предрасудите кон другите и со тоа да им се покаже дека можат да другаруваат едни со други.
 
Bev na nekolku snimanja ko mala zatoa sto edna rodnina moja bese vo lekarskiot tim :) Mnogu prijatni deca i sekogas nasmeani, Ice momentalno e student na FDU.
 
Ја обожавав... и не само Наше Маало..
Во светот на бајките,Дајте музика,веселите грашковци,тетка биберче, були були...

ах ме фана носталгија.. :confused:
 
^ Ице е стенд-ап “комичарот“? :)
Ок изгледаше типот, али негде ја заборавил смислата за хумор.
Ако е тој тој Ице...
Он топик:
@Hip.Hop_MKD
Ти чим ги ставаш у ист кош Дигимон и Мечето Ушко, тоа само една работа кажува...
Дека си растел у времето на Дигимон, а за Мечето Ушко ти кажувале по дома (твоите, брат/сестра) и викаш ај ќе го спомнам, иако си глеал епизода ипол и тоа на youtube :pos:

Наше Маало у принцип беше серија за да се намали целата тензија у државава со тогашната ситуација. Да се покаже дека луѓето без разлика на националноста и верата се добри, и можат да живеат заедно во слога. Единственото нешто што ги разликува се традициите....

“Драпај си меот“ со други зборови... Телевизорот да збори, ма немој :) :) :)
Америчка работа, класика... И целата серија под нивно покровителство ќе да беше...

Нинџа желки глеав јас ко мал, дајте музика исто, пулсирања, ѕвон (секој четврток македонски народни приказни - тоа беше доживљај), нормални цртани филмови, не ова јапанскиве сра*а
...што друго се гледаше у раните 90ти? ај потсетете... :)
 
МРТВ цело време истата програма ја вртеше секоја година, нема шанси некој да пропуштил тоа Мешето Ушко. :D
 
А зимско-рекреативна програма?! :D
-Се плашите ли од темнината?
И стандард Четврток Македонски народни приказни а во недела во 20часот - Др. Глобил!

Доволно! (y)

П.С
Офтопик: Принц оф персиа 1 на 386ка кога ќе ти дадат од дома да седнеш на ПЦ ;)
 
Back
На врв Bottom