Наплата преку интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата Hristijan_95
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 мај 2010
Мислења
540
Поени од реакции
72
Локација
Skopje
Запознаен ли е некој со можностите за наплата преку интернет? Еве на пример да речеме дека имам веб продавница за моја фирма и на нејзе имам производи со достава преку пошта низ цела Македонија, како може да се направи луѓето да ми платат онлајн?

Може ли да се направи систем во кој клиентот си внесува податоци од картичката и клика "Купи". Кога ќе кликне, парите се префрлаат од кај него на моја трансакциска сметка во банка?
 
Има, ама не најдов ни еден одговор што би ми помогнал се збори за пејпал, што не ми одговара, и 99% од постовите се многу стари и од време во кое единствени методи биле некои импровизации. Мене ми треба официјален, легален и сигурен начин, па затоа отворив нова тема. :)
 
Треба да видиш со банката, они издаваат сертификат, ако незнаеш како да го имплементираш во твојата веб страна тогаш кошта околу 2000 евра некој да го направи тоа за тебе.
 
Треба да видиш со банката, они издаваат сертификат, ако незнаеш како да го имплементираш во твојата веб страна тогаш кошта околу 2000 евра некој да го направи тоа за тебе.
2000 евра за пристап кон приватни клучеви и имплементација на потпишан сертификат?! o.O

Ова како "пет илјади алтани" од Солунски Патрдии:
https://www.youtube.com/watch?v=TQiP6kO4GpA&t=945
 
Запознаен ли е некој со можностите за наплата преку интернет? Еве на пример да речеме дека имам веб продавница за моја фирма и на нејзе имам производи со достава преку пошта низ цела Македонија, како може да се направи луѓето да ми платат онлајн?

Може ли да се направи систем во кој клиентот си внесува податоци од картичката и клика "Купи". Кога ќе кликне, парите се префрлаат од кај него на моја трансакциска сметка во банка?

Повеќето банки кај нас ти овозможуваат плаќање преку интернет, најголем дел го користат CASYS, НЛБ си има сопствено решение преку Словенија и HALK си има сопствено решение преку Турција.

Јас би ти го препорачал HALK, од сите решенија кои ги имаме имплементирано, најдобро функционира со минимум одбиени картички. А и провизијата е многу мала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom