Наплата на закасната сметка

  • Креатор на темата Креатор на темата Epowah
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јануари 2015
Мислења
101
Поени од реакции
91
Здраво форумџии,

Имам едно прашање во врска со наплата на закасната сметка односно дали знае некој како оди наплање (додавање плус ДДВ) на постоечката сума на сметката. Не можев да најдам ништо на интернет колку проценти ДДВ се додава па ако има некој слободно нека сподели.
 
Каква сметка? ДДВ нема што да додаваш на сметка, веројатно мислиш на затезна камата. Објасни се поубаво :)
 
Сметка за вода во случајов, да мислев на камата за ненавремено плаќање. Ме интересира колку оди наплаќањето на камата.
 
Сметка за вода во случајов, да мислев на камата за ненавремено плаќање. Ме интересира колку оди наплаќањето на камата.
Зависи од износот на ф-рата ама отприлкика 20-30 денари ќе ти пресметаат камата за задоцнето плаќање со следната сметка
 
Сметка за вода во случајов, да мислев на камата за ненавремено плаќање. Ме интересира колку оди наплаќањето на камата.
А колку е задоцнето плаќањето?
 
Ако е помината една година од достасување на сметката, а во меѓувреме не е преземено ништо за наплата (пуштена тужба во суд, предлог за извршување врз основа на веродостојна исправа, пуштена на извршување кај извршител), тогаш сметката е веќе застарена. Дури и по истекот на едногодишниот рок, ако тогаш им текне да наплаќаат побарување, треба да се поднесе приговор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom