Нано структури и нанотехнологија се викаат интердисциплинарните студии на универзитетот во Касел, Хесен, Германија, каде што имено јас студирам биологија. Студиите првпат беа понудени во 2003 и норално имаат добар одзив, така да сега е ставена и квота до колку студенти по овие студии можат да се запишат во прва година.
Науката е едно 15 години стара, што значи релативно млада, ама има доста откритија и до сега е навлезена и во практичниот свет, пример е слојот со кој се прекриваат ветробрановите стакла кај БМВ, Мерцедес и Ауди, се користи така наречен нанослој, кој е така конструиран на молекуларно ниво да се создаде лотус ефектот и наместо да се задржуваат капки вода на ветреобрановите стакла тие едноставно се лизгаат.
Како што може да се види Нано-научниците сеуште ги земаат веќе постоечките наномодели од природата и ги конструираат за практични цели.
Мислам дека веќе во крајни експирементални фази е и новиот чип на Intel кој е конструиран со нанотехнологија, разликата е во тоа што ако сега спроводничките кола во самиот чип или процесор беа неколку микрометри сега со усовршување на техниката на бушење со ласер спроводничките елеменети се намалени на околу 100 нанометри, резултат, помалку трошење енергија, поефикасност, а до некаде и помала големина.
Многу битен инструмент за нанотехнологијата односно испитувањето на нанаостурктурите е AFM (Atom Force Microscope) со кој може точно да се одслика поставеноста на атомите на една површина, а ако се појача може и да се земаат поедини атоми или молекули и да се преместуваат.
Нано-машини, па добор јас се надевам дека во иднина ќе се развие оваа гранка на нанотехнологија малку подобро, инаку да бидеме јасни кој и да било направен во иднина наноробот, нема да може да биде контролиран од какво и да било далечинско едноставно поради фактот што тој робот сам по себе би претставувал една макромолекула.
Инаку денес им има успеано на научнициве да се направи една таканаречена количка која има 4 топчести„тркала” која пак на точно определена површина се двишжи во една насока. Исто така мноу интересен и примерот за „нано електромотор” кој постои во природата многу поодамна , дури пред растенијата да излезат на суво копно, имено станува збор за опавчето на бактериите, ама не би идел сега подетално како е изграден и како фунционира.
Така да според постовите што ги прочитав постои многу големо непозанвање на тоа што е нанотехнологија, наноструктури, а од кај да знаете, може јас после 4 семестар ќе се специјализрам на насоката Нанобиологија
http://www.cinsat.uni-kassel.de/homepage.html
Еве ви линк образувајте се малку.