Name dispute or ethnic misdeeds?

  • Креатор на темата Креатор на темата 606
  • Време на започнување Време на започнување
На македонски

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=85022
„Вашингтон тајмс“: Спор за името или етнички злодела

МИА
prazno.gif
prazno.gif
15.10.2007 Во август 1903-та македонските патриоти се кренаа против Отоманската империја. Додека ја добија македонската независност за ограничено време, беше јасно дека македонската национална свест е жива.
Денес, постои бесмислен „спор“ за иста територија, при што Грција го негира правото на Република Македонија да се нарекува со тоа име.
Во таа смисла, Грција не обрнува внимание на предупредувањето на Повелбата на ОН дека сите луѓе имаат право на самоопределување.
Основа за „спорот“ на Грција е дека Република Македонија наводно негува „територијални амбиции“ кон северна Грција. Грчката Влада исто така тврди дека Македонија ја проневерува „грчката историја“.
Република Македонија го измени уставот со недвосмисленото одрекување на какви било „територијални амбиции“, и ги смени националните симболи за да ги тргне „грчките“ врски. Но, бескомпромисноста на грчката Влада продолжува.
Вистинската причина за „спорот“ е тоа што, откако Грција насилно одзеде голем дел од историска Македонија по балканските војни во 1912-1913, го негира постоењето на македонскиот народ и безмилосно ја применува политиката на присилна асимилација. Овие акции содржат геноцид согласно Конвенцијата за геноцид од 1948 година (на која Грција е обврзана).
Поконкретно, грчката Влада малтретираше, затвораше и дури и ги измачуваше оние кои зборуваа македонски или го применуваат нивното културно наследство.
Грчката Влада исто така насилно ги менуваше имињата на градовите, дури и имињата на надгробните плочи од нивните вистински македонски имиња во „грчки“.
И како што е документирано во последните извештаи за човековите права на Стејт департментот на САД, Грција дури и го одби влезот во Грција на американски државјани, родени во Грција, но чии имиња не се „грчки“ (на пример, Гацулис е „грчко“, но Гацова не е).
Грција ги презеде овие чекори „со намера да уништи, во целост или во делови, национални, етнички, радикални или религиозни групи“... „со предизвикување сериозни телесни или ментални повреди на членовите на групата“ или „намерно нанесување на такви услови за живот врз групата со цел да се предизвика нејзино физичко уништување во целост или во делови. (Конвенција за геноцид, Член 2).
Независната македонска држава е анатема за Грција бидејќи е срамно потсетување за неуспешните обиди на Грција да го избрише македонскиот народ.
Оваа политика доведе до масовни миграции на македонскиот народ во САД, Австралија и Канада и за жал и на некои Македонци кои себе си се идентификуваа (барем јавно) како Грци.
Меѓународната заедница ја одби деспотската позиција на Грција: над 120 земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Кина и Русија, ја признаа Република Македонија со нејзиното уставно име.
Всушност, и самиот грчки врвен дипломат во Република Македонија Дора Гросоманиду на 8 јули за „Фајненшл тајмс“ изјави дека „Грција мора да се соочи со новата реалност, бидејќи... Република Македонија е признаена под нејзиното уставно име (Македонија) од повеќе од половина членки на ОН“. Грчката Влада ја повлече уште наредниот ден.
Грчкото лоби продолжува да погрешно да го претставува „спорот со името“. Неодамна, почна кампања за да ја поткопа одлуката на владата на САД за да го признае уставното име на Република Македонија.
Лобито го стави ова прашање пред американскиот Конгрес барајќи пат за законодавна резолуција цитирајќи разни грчки погрешни интерпретации. Нивните лажни аргументи вклучуваат дека Македонците се Бугари или Срби и дека Македонија е рај за терористи.
Тврдењето дека Македонците се Бугари или Срби е лажно и наметнато. Етнографите и историчарите заклучија дека Македонците се посебен народ.
Тврдењата на Грција исто така се поткопуваат од историските податоци од грчкиот попис кои што откриваат дека македонскиот јазик е зборуван во северна Грција во 20-тите, и се смета како одделен од бугарскиот, грчкиот и српскиот.
Натаму, грчката Влада во доцните 20-ти објави, но подоцна ги забрани и запали, неколку илјади учебници по граматика за македонските ученици, напишани на македонски.
Уште едно лажно тврдење на Грција, кое што се јави во конфликтот во Македонија во 2001, е срамното обвинување дека Македонија е рај за терористи.
Спротивното е вистина, Македонија е цврст сојузник на САД, особено во војната против тероризмот. На пример, Македонија распореди, набрзо по 11 септември 2001-ва, околу 200 трупи во Авганистан и Ирак.
Дополнително, преку нејзините напори за градење демократска, прозападна држава со слободен пазар, Македонија е посочена за влез во НАТО.
Додека чувството кон САД во Македонија е позитивно, спротивното е точно во Грција, при што редовно се рангира на дното на анкетите за однесување кон САД.
Во јануари 2007-ма, американската амбасада беше погодена од ракета од грчка терористичка група „Револуционерна борба“, која произлезе од озлогласената марксистичка терористичка група „17 Ноември“, која што уби неколку американски дипломати и воен персонал, вклучувајќи и висок претставник на ЦИА.
А сепак, иронично, ние треба да поверуваме дека Македонија е рај за терористи и дека Грците се проамерикански настроени.
Република Македонија стори повеќе од доволно да покаже дека не негува аспирации за грчката територија. Време е Грција да се однесува одговорно и да го прекине грдото коцкање насочено кон покривање на нејзините злодела. Логично е оние чии корени се во Македонија да се идентификуваат како Македонци.
Методија А. Колоски
Методија А. Колоски е претседател на Обединетата македонска дијаспора, меѓународна невладина и непристрасна организација која се залага за интересите и потребите на Македонците и македонските заедници ширум светот.
 
Е ај нека е аирлија...Конечно...Македонци за Македонија!!!!
 
Редно време беше светот да има реална слика за ситуацијата на македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom