Најубавите стихови во Библијата

  • Креатор на темата Креатор на темата spiros
  • Време на започнување Време на започнување
Псалма 1

1. Блажен е оној човек, што не оди на советот безбожнички, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници,
2. па му омилел законот на Господа и во законот Негов дење и ноќе се поучува;
 
"Тешко им на оние што злото го наречуваат добро..."
"и на оние кои го бранат виновниот за поткуп,
а праведникот го лишуваат од правдата!"

Исаија 5:20, 23
 
Трета книга Ездра 1

27. Вие како да не Ме оставивте Мене, туку се оставивте себеси»», вели Господ.
 
Трета книга Ездра 4

28.злото е посеано, а уште не дошло времето за неговото искоренување.

29. Зашто додека посеаното не биде искоренето и додека не се исчисти местото, на кое е посеано злото, нема да има место, на кое ќе биде посеано доброто.
 
Книга Пророк Исаија
66. Последниот суд


Вака вели Господ: небото е Мој престол, а земјата – подножје на нозете Мои;
каде тогаш ќе изградите дом за Мене, каде е местото на Мојот спокој?
 
Лука 5
Не им треба лекар на здравите, туку на болните!
 
Откровение на светиот апостол Јован Богослов

21. Ново небо, нова земја, нов Ерусалим.

4. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.”
5. И Седнатиот на престолот рече: „Ете, сѐ ново создавам.” И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.”
6. Потоа ми рече: „Се сврши! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
Псалм 23
4. Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезол и Твојата палка ме утешуваат.
 
Свето писмо на македонски преку интернет..ПОЗволено а ОК..некој глуп е или деривати пие..(демек да звучи исконски а уствари да е замрсено до граница да немаш поима што значи)
Untitled.jpg

BTW ON↓
,,Сè ми е слободно, но не е сè корисно; Сè ми е слободно, но тоа не оди на добро.” ап.Павле до Коринќаните (10:23)
 
Последно уредено:
Апостол Павле До Галатјаните

18. Добро е секогаш да ревнувате во доброто, а не само кога сум меѓу вас.
 
„Тешко на непокорен, осквернет и насилнички град!
Не слуша глас, не прифаќа поука, не се надева на Господа, не се приближува до Својот Бог.
Кнезовите негови се како лавови што рикаат, судиите негови – вечерни волци, кои до утрината не оставаат ниту една коска.
Пророците негови се луѓе лесномислени, неверни; свештениците негови ја осквернуваат светињата, ги газат законите.
Господ е праведен среде него, не врши неправда, секое утро го произнесува Својот суд на видело, но беззаконикот не знае за срам.“
- Пророк Софонија
 
10. како што е напишано: „Нема ниеден праведен,
11. нема ниеден разумен, нема кој да Го бара Бога;
12. сите се отстранија, заедно станаа негодни: нема кој да прави добро, нема ниеден”.
13. Грлото нивно – отворен гроб; со јазиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров,

18. Страв Божји нема пред очите нивни. (ап.Павле до римјаните )
 
7. Кој поучува бесрамник, ќе си спечали неславност, и кој го разобличува нечестивецот – дамка.
8. Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака.
9. Дај му совет на мудриот, и тој ќе биде уште помудар; научи го праведниот, и тој повеќе ќе напредне во знаењето.“
- Соломонови Изреки
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom