Најсиромашниот претседател, живее на фарма и вози „буба“

  • Креатор на темата Креатор на темата ACTION
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Возраст
46
Локација
од Скопље
Политичките прилики во светот наметнуваат да ги гледаме политичарите како личности кои прилично добро живеат, додека народот одвај составува крај со крај. Меѓутоа, претседателот на Уругвај е жив доказ дека тоа не е случај со сите политичари во светот.

Хосе Мухика важи за еден од најскромните претседатели, а токму поради тоа и се здоби со титулата „најсиромашен претседател на светот“, пишува Socyberty.com.
Имено, овој 77-годишен атеист најголемиот дел од својата плата го дарува во добротворни цели, односно од месечната плата што изнесува 12.500 долари, за себе претседателот задржува само 1.250 долари, а останатите ги префрла на сметка на организација која ги поддржува малите претпријатија и на невладини организации кои работат на изградба на станбени објекти за сиромашните.
„Задоволен сум со оваа сума, бидејќи во Уругвај има луѓе кои живеат и со многу помалку пари“, вели претседателот кој ја замолил и својата сопруга истото да го направи.



Заедно живеат на фарма во Монтевидо, а неговиот најголем трошок на сметка на државата е купувањето на автомобил Фолксваген Буба во вредност од 1.945 долари.
Претседателската палата Мухика единствено ја користи за деловни состаноци и средби со политичарите, а за време на зимските месеци во неа престојуваат бездомници со своите семејства.

Овој претседател се разликува од останатите и по нешто друго. Уругвај е земја со најмал степен на корумпираност во Јужна Америка, претставува трета земја по развиеност на континентот и е една од ретките земји кои успешно ја избегнаа рецесијата.
Во јуни годинава, претседателот одлучи да ја легализира контролираната продажба на марихуана од страна на државата со цел да се бори против злосторствата поврзани со трговија на дрога, додавајќи дека истото ќе го бара и од светските лидери.

Мухика не единствениот претседател кој ја донирал својата плата. Пред него, истото го правеа Џон Ф. Кенеди и Херберт Хувер.

http://kajgana.com/hose-muhika-najsiromashniot-pretsedatel-na-svetot

 
Го имаше текстов на кајгана.com пред некое време, заедно со видеото кај шо држи говор. Најди го видеото и стави го обавезно, многу е добро... вреди да се изгледа.
 
Интересно. Никогаш не би претпоставил дека постои ваков Претседател. Мислам секоја чест за типов, заслужува респект ширум светот.
Сега ме чепнавте да гуглам за Уругвај и нејзиниот животен стандард и карактеристики. Damn you.:pipi:
 
Нашиве ако го прочитаат ова одма ќе му пишат предлог за ребаланс на буџетот за да направи да зема 24.000 место 12.500 кои треба да ги зема.
 
^ never heard of her.
 
Го имаше текстов на кајгана.com пред некое време, заедно со видеото кај шо држи говор. Најди го видеото и стави го обавезно, многу е добро... вреди да се изгледа.

 
Имено, овој 77-годишен атеист најголемиот дел од својата плата го дарува во добротворни цели, односно од месечната плата што изнесува 12.500 долари, за себе претседателот задржува само 1.250 долари, а останатите ги префрла на сметка на организација која ги поддржува малите претпријатија и на невладини организации кои работат на изградба на станбени објекти за сиромашните.
„Задоволен сум со оваа сума, бидејќи во Уругвај има луѓе кои живеат и со многу помалку пари“, вели претседателот кој ја замолил и својата сопруга истото да го направи.

Верникот Трпе Ристески се сери три пати дневно.

ЗОШТО!?
 
Овој ѓоа Хорхе наш ................ :D
Е сега разликата е во тоа што овој бил Атеист, а Хорхе наш е голем и побожен конзервативен христијански верник кој секој петок мрси ........ ова пости де и го тера господовиот пат ............ примерен живот без никакви луксузи, пороци и земни задоволства !
Секоја им чест на обајцата ................ (n)
 
Страшен говор, човеков е тотално во право. Ако би бил уругваец, сигурно би гласал за него. И на Македонија и требаат вакви достојни луѓе, а не овие лешојади од политичари што ги имаме.
 
Секоја чест за човеков. Штета што ваквите луѓе се многу ретки.
 
Баш некни имаше на ТВ за човеков. Алал да му е. Му спијат бездомниците во палатата (се грижи за нив), зима само 10 % од плата, другите пари за народот, за сиромашните. Секоја чест. :cuc::cuc:

Кај нас ваков нема ни да се роди.
Едини човек што беше малку сличен на него беше Тоше Проески.
 
Претседател за пример:)

Вози „Буба„ и суши алишта во двор: оваков претседател сака секоја држава но, единствено го има во Уругвај

Ова „гревче“ е претседател на Уругвај-
просто ми е жал за човеков:(

news_2034.jpg



Хосе Мухика одбива да живее во резиденција, да има обезбедување,луксузни автомобили и огромни примања. народот го избра 2010 за претседател и очигледно не згрешиле.

Иако често за него зборуваат како за „најсиромашниот„ претседател ,тој тврди дека не е сиромав .
Сиромашни се оние кои работат за да се луксузираат и секогаш сакаат повеќе

c6db88b777b64af6aa735a075fa7c8a2.jpg


Следната своја филозофија - е да живее повлечено, на фарма недалеку од Монтевидео. До неговата куќа нема асфалтиран пат, а наместо високите огради, бодликави жици и сигурносни камери има само двајца полицајци во патролна кола,
Со сопругата ја обработуваат земјата, одгледуваат цвеќиња, а најдобар пријател му е триножното куче.

„Некои мислат дека сум ексцентричен, други-луд, ама јас живеам како што сакам.Онака како што сум живеел цел свој живот.
a3d1aacf6219d487f603976f4283f38c.jpg


Има трактор и „буба„ а се откажал од 90% од претседателската плата која изнесува 12.000 долари.
Без проблем прима новинарски екипи во својот дом, на ѕидовите нема скапи умтнички слики , во собите нема луксузен мебел,Во фрижидерот има јајца и млеко, кокошките му трчаат по дворот, а вода полни од бунар.

Живееме како што живее средната класа во Уругвај,Имаме вкупно 1.000 евра месечно, изјавила неговата сопруга Лусија.


Сепак популарноста почнала да му паѓа кога се залагал за легализација на абортусот и на марихуаната во медицината .Тоа не им се допаднало на конзервативците,Со оглед дека има 77 години голема е веројатноста да по истекот на 4- год,.мандат 2014 се повлече од политичката сцена.


http://www.banjalukain.com/front/pr...adanima-predsjednicku-palatu-dao-beskucnicima
 
Идиот.

Парите не го прават човека лош туку неговиот карактер.
Човек може да живее во изобилие, а да биде перфектна личност.

Нема потреба од аскетизам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom