- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.831
- Поени од реакции
- 8.863
Аха.
А што би се случило кога на пример членот PurplePuma која си кажува дека е припадник на партија, некогаш изрази желба да излезе на протести? Да ја избркаат од толпата?
Затоа и се прават протести со маски, за да се избегне боењето. И јас ќе излезам на протест против оваа власт, ако мислам дека треба да го направам тоа. Но само кога ќе бидам сигурна за што протестирам.
На пример, ако се организира протест за никаквите услови во домовите, ќе излезам. Иако мене ништо не ми менуваат домовите, не добивам ниту губам лично, тоа се нарекува солидарност.
Но и тие кои имаат проблем, односно живеат во мизерни услови, треба да почитуваат тоа што има и солидарни личности (а ги има многу, барем јас многу познавам) и да не забораваат зошто протестираат.
Имам пријателка која е алергична на кучиња, па со мене излезе на протест. И тогаш протестирав против Коце Трајановски, кој е мој сопартиец, но никаде никој не се дереше ,,Долу Влада,,. Се знаеше точно за што сме излезени и што бараме.
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 02:26 ---
Она не излага на протести. Она излага на контра протести.
Навистина? Не си духовит, а воедно и шириш шпекулации и невистини за мене.