Најголем страв во животот

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
Мојот прв најголем страв е што ќе правам кога ќе ги нема моите, помислата дека нема да ги видам пак, ме гуши, знам да не спијам цела вечер, идам ќе видам дали дишат. Почнав да разговарам со психолог и подобро ми е. Мада пак ме фаќа тоа неделава, треба да се чујам со жената. Гледам дека искачам од шарки. Знам дека не можам да влијаам на тоа, ама тоа уште повеќе ме боли и повредува. Што не можам ништо да превземам.
Затоа гледам дома да помагам, да правам сѐ што можам место они, да проаѓаме време заедно повеќе, ете летово ќе идеме на одмор заедно. Ама пак знае некогаш да ми летне таа мисла, и цело расположение, воља за живот, сѐ ми заминува..


-а вака имам страв од висина, и непознато. Пример вселената ме плаши, кога возам нов пат, а не знам дали иде право, кривина, тунел, се осеќам шубе.
 
Треба да се помириме со тоа дека никој не е вечен па ни ние самите и тука престанува стравот за губење на некој близок или дека нашиот живот еден ден ќе заврши.
Не ми е мило што некој починал но треба да сме свесни дека тоа е животот, секој ден некој се раѓа некој умира, еден ден и нас ќе ни дојде редот...

Јас стравот го разбирам како плашење од нешто, би рекол лично дека во моментов не ми текнува дека се плашам од било што а дека сум вознемирен од некои ситуации или слично да.
Пример некои ќе речат страв ми е да ми земат крв, и мене не ми е убаво ама па не мора да гледаш кај што ти течи крвта.
Се е до разбирањето дека некои работи се надвор од наша контрола и дека ќе се случат дали ние сакаме или не.
Кога ќе се помириме со тоа многу работи ќе ни бидат појасни и поприфатливи.
Мислам дека тоа што луѓето незнаат кога ќе умрат им помага да не се плашат, имав среќа во несреќа годинава да бидам на граница од живот и смрт и да се спасам, повеќе бев во шок дека се случува нешто сериозно и дека може се да се смени толку брзо , за неколку минути-часа од еден крај на друг да висиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom