Најглупите вицови

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување
Си бил еден Еским, имал очила за сонце ама живеел во Лондон.
 
Си бил еден Ицо и си завршил вицо.
Си бил еден Ристо и се кажувал исто...
 
Што е крв пие, вампир не е; лета, а птица не е?

- Веројатно комарец!
- Ама каков комарец! Тоа е *Always Ultra*!
 
Играле две баби кошарка, дошла третата им го донела баскетот.
 
Јадел Мујо во ресторан октопод. Разбрал за тоа Хасо, па кога се виделе го прашал:
- Мујо, слушам си јадел октопод. Па, каков е вкусот?
- Абе, риба ко риба.
 
си биле биле биле и биле . колку биле биле ако едното биле имало 2ка по француски :tapp::tapp::tapp:е ај да ве видам сега:jaj:
 
Си биле 2 кучиња...Едното се чешка,другото се словачка ...
 
[zEUs];2385900 напиша:
Играле две баби кошарка, дошла третата им го донела баскетот.
Ја го знам како играле бабиве на сони фудбал дошла трета им го уклучила телевизорот :)
 
Си шеткале две игли низ паркот кога забележале оздол да доѓа еден еж и едната рекал....брзо АВТОБУС!!! :pos2:
 
Џек авантуристот оди во Африка. И човекот прошетал низ скоро сите земји, авантура и пол! Стигнува во Чад и врви низ едно село. Стигнува сред селото и гледа пред него едно огрооооооооооооооомно гомно, замислете колку една голема карпа. Џек се стаписал. Си прави „кој или што можело да го посере ова нешто?!”. Се развртел наоколу и гледа еден старец како си седи на една карпа под една сенка и си кулира. И целиот возбуден Џек трча на кај него „Do you speak english?" и стариот „Yes I do" и го прашува стариот „Абе стари, кој го посрал ова гомно??!”. И стариот се сепна. „Аа...епа...види...на времето имаше 3 браќа. Богата фамилија! Цела савана беше нивна. Е сеа, пораснаа синовите, требало да се женат. Е, ај рекле, прво најстариот син. И го женат него, убава жена нашле, убава свадба, ама горе на Килиманџаро живеше еден змеј. И тој кога виде дека има свадба слетал и ја грабна жената му. Зетот се разбеснил. Се припремал 2 дена да оди да го убие змејот. Трчал, се качувал по дрвата, со копјето вежбал. Тргнал за Килиманџаро. Арно ама кога стигна таму и се соочил со змејот загинал и заедно со жената биле јадени до змејот”. Џек го гледа стариот...„добро ...добро ама за гомното те прашувам сеа!” и стариот „ Чекај де...ќе дојдам до то. Сеа дошло времето за вториот син,...и него гоооолема свадба и уше поуба жена. Арно ама пак разбрал змејот и пак дошол и ја грабнал и втората жена. Е сеа овој братот, попаметен, уште повеќе вежбал. Кажуваат дека цел лав со голи раце соборил. Заминал за Килиманџаро и тој...ама исто ко брат му, кога се соочил со змејот и тој загинал заедно со жената.”...Џек видно изнервиран ”Аман бре стари, па кажи ми кој го посрал гомното!”, а стариот искулиран „Чекај де...сега...И останал третиот син. Му направија и него свадба. Абе таа невестата...од уба поуба! Права божица. Змејот разбрал...и летнал и ја грабнал и неа. Бидејки овај последниот многу си ја сакал жената рекол и ќе вежбам и со силата на љубовта во моето срце, ќе ја спасам. И човекот се дупнал од вежбање...што ти Арнолд Шварценегер и плус тоа со толку љубов, сигурно беше дека ќе го совлада. АМА ништо. И него и жената змејот ги јаде!”. Џек веќе на крајот од нервен слом! Кара врни...и му вели на стариот „Аман, кажи кој го посрал ова гомното, не ме интересираат никакви браќа,змејови, само кажи ми и да си одам!” и стариот онака лут што вака изреагирал Џек... „..Аман ти па со то гомното... е шо знам некој го посрал! ееее...”
 
Знаете ли како навиваат навивачите на Фљамуртари!
- Телефони, дригитрони, фљамуртари шампиони!
 
Си биле Мујо и Хасо и Мрле му рекол на Трле : Kај си бе Спасе?
 
Си бил некој зајак, заборавил да дише и умрел.
 
Се шетале две деца поминала кола останало едно дете
 
Си бил некој комарец, назгазнал во лед и му се заледила ногата.
Отишол кај сонцето и рекол:
-Сонце ти се молам огреј за да се стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Сонцето рекло:
-Неможам оди кај облаците!
Отишол комарецот кај облаците и им рекол:
-Облаци ве молам тргнете се за сонцето да огрее да се стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Облаците рекле:
-Неможеме оди кај ветерот!
Отишол комарецот кај ветерот и рекол:
-Ветру ти се молам дувни да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Ветрот рекол:
-Неможам оди кај планината!
Отишол комарецот и кај планината и и рекол:
-Планино ти се молам тргни се за да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Планината рекла:
-Неможам оди кај реката!
Отишол комарецот кај реката и и рекол:
-Реко ти се молам тргни се за да се тргне планината да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Реката рекла:
-Неможам оди кај рибите!
Отишол комарецот и кај рибите и рекол:
-Риби ви се молам тргнете се да се тргне реката да се тргне планината да продува ветерот да се тргнат облаците да огрее сонцето да го стопи ледот и да си ја извадам ногата.
Рибите рекле:
-Неможеме оди кај рибарот!
Отишол комарецот и кај рибарот и рибарот рекол:
-Еее комарец! - и го убил :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom