Љубоморни или не, тој си дојде на власт, во администрација намести све вмровчиња, во све шо е државно, им мачка очи на пензионерите, на земјоделците (на големите гласачки тела) и нормално дека ќе гласаат за него.
За кој друг би гласал? Имаш избор да гласаш? (и да не гласаш, други гласаат)
Го имаш овој шо веќе добива статус на бог, и заев шо упорно сака да дојде на власт со партија шо сам ја распартали и уништи партија и сега си праи „клати врата - НЕ СЕ ВРАЌАМЕ У СОБРАНИЕ!!! - земај плата“ и нема опозиција шо ќе се спротистави и нормално ќе си тера овој.
Никој не му е гајле за народот, на никој.
Онаа Ванкоска - црвен пипер во секоја манџа - ќе излегува сега и ќе се перчи пред студентите дека мисли за нивно добро и на крај „ами се збунивме“ (тоа се збунивме = паднат си на испит), се обидува да добие на поени за утре коа ќе има пак некое гласање да се појави и она на некоја листа, како маченичка за студентските права.
п.с. не ми текнуваше дека беше ЕСМ дистрибуција, и поправив. ^_^
Се согласувам со се, ама да му дадеме малце теоретска тежина и име на системов. Скроз е модерен и новокомпониран. Креаторот го нарекува суверена или менаџирана демократија.
Се препишува на држави со пречки во развојот на кои им треба силно и брзо лидерство, кое ќе успее малце да ги модифицира и закриви, а притоа во ниту еден случај да не ги прекрши процедурите, законите и Уставот на кои правниците и бирократскиот апарат толку многу инсистираат. И се слагам дека е скроз кул.
Е сеа, тој систем стабилноста и цврстината ја влече од работите кои ги посочи. Успева да го собере критичниот дел од гласачкото тело и да го држи цврсто до себе. Ама тоа е само привремено, дур се спреми терен за големата игра што се одвива во позадина и која е уште пофраерска.
Креаторите не се врзуваат за партијата на власт, туку сакаат да го покријат целиот идеолошки спектар. А нормално тоа не сакаат да го направат со предавнички и петоколонашки партии. Затоа нивното мото е, ’ти треба одредена политичка партија која би претставувала некоја општествена група - не чекај да се формира сама од себе, помогни им и креирај ги!“.
Е сеа, во наши услови тоа може да се модифицира во помогни им да се исчистат од петоколошаните. Па така хипотетички, имаш либерали со претседател на партија градоначалник на оштина во Скопје, кој соработува со петоколонашите. И глеаш да помогнеш на некој битолчанец на пример, да ја превземе партијата. Да ја избави од тоа дувло предавничко и донесе во нормалниот светоглед, каде што реформите не се минираат и напорите не се деструктивни, туку конструктивно се помага да се изготват подобри закони.
Исто, системот предвидува финансирање младински организации од сите профили. Од ултрадесни и навивачки кои може да помогнат некои петоколонаши побрзо да се соочат со вечната казна за своите гревови или да запалат некоја книга. Преку либерални кои кои ќе се залагаат за поголеми слободи и намалена држава, па за награда може да добијат декларативна поддршка од некој висок функционер, малку ќотек од ултрадесниве, ама со забрана да ги соочуваат со создавачот пред време. До крајно леви и анархисти кои ќе трескаат глупости и јадат ќотек. Тоа мислам дека би се согласиле дека ни фали.
После ни фали и растеретување на поделбата. Креаторите имаат предвидено да можеш да го критикуваш системот, додека си ја работиш работата. Значи сабајле си одиш на работа, биваш Латас, па навечер моеш да си кажеш што ти тежи на душа без да се плашиш дека нема да ти дадат тендер. Кај нас кажи лош збор, одма те распнуват. Тоа црно-бело гледање на работите е престрого, глупо и застарено. Зошто, на пример, да не може Ванковска денес да се појави пред хотел и да си одработи во корист на системот, па после да отиде на ФБ и да се распуца против лидерот. Нели е тоа демократија?
Креаторите на оваа терапија и имаат предвидено временски рамки. Во моментот коа политичкиот спектар ќе се исчисти од петтата колона и сите партии заедно ќе почнат да влечат во ист правец, тогаш веќе се трга зборчето менаџирана и останува само тоа демократија. А дете... овај државата е излечена и веќе нема пречки во развојот. Тогаш веќе таа демократија може да се социјализира со другите демократии на исто ниво, без да и се смејат, измотаваат, поткупуваат и искористуваат и не мора да биде суверена.