А бе во секоја држава има по неколку клубови кои се истакнуваат со школите, во Холандија скоро секој тим има добра школа:Ајакс, ПСВ, Феенорд, а во последно време Гронинген и Херенвен имат добри играчи ама Ајакс и останатите ги земат.
Англија: е, Англија ти е како машина за правење играчи, има официјални податоци дека има преку 940 клубови кои се регистрирани и кои играат во некаква лига, а кој знај колку аматерски..и сеа мора да има добри играчи од Англија (добри вадат најчесто Лидс и Вест Хем,а Арсенал ги купва дури имат по 16 год.) Италија: од Италија никој клуб не се истакнал ама на национално ниво се добри, Дел Пјеро, Пирло, Гатузо, Малдини, Тоти, Касано и др. Шпанија:има многу добри школи, Барселона, Реал, а во последно време и Валенсија и Севиља. Португалија: Порто, Спортинг, Бенфика. Скоро цела репрезентација потекнува од овие школи.Франција:од Франција се издвојува само Лион. Германија: во Германија Баерн Минхен и Баер Леверкузен ама во последно Баер Л. нема добри млади играчи. Аргентина и Бразил: во Аргентина Бока Јуниорс и Ривер Плата се најдобри ама и др. не се за фрлање, а во Бразил сите клубови имаат добри школи.