Најдобра декада за Мак-Поп музика

  • Креатор на темата Креатор на темата Philosophus
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобра декада?


  • Вкупно гласачи
    20
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Во која декада, македонската поп (забавна) сцена била најуспешна?
Во која декада имало најдобри македонски песни, изведувачи, кант автори..?

Според мене најдобра декада за мак-поп музиката се 70тите години, а добра е и онаа од доцните 90ти и раните 2000ти.
 
Јас во моиве 18 години колку што сум,
македонската музика моментално е најслушана.
т.е Од како се појавија Џеј Геј, Елвирович и компанија
 
МИслам дека во последнава декада е најуспешна.
Но и во деведесетите не беше лоша
 
Очигледно дека својот развој поп музиката го доживува во последниве неколку години.Според мене во 90-тите лежат најдобрите поп песни за разлика од сегашниов поп(ЈЈ Елвир......)али сегашниве изведувачи се многу слушани.
 
Во 90тите години. :smir: Денеска тоа е бљак. :)
 
90 ти - Златен период за Македонската Музика:wink:
Еве неколку мој фаворити од тој период:

1.Драган Каранфиловски - Бојс - Опасно сум вљубен бо тебе
2.Мики Јовановски - Џафер - Сонце за три светови
3. Олгица Христова - Свирете ја зајди зајди
4.Трајче Манев - Осамен
5.Силви Бенд - Ангели ме носат.
 
90 ти - Златен период за Македонската Музика:wink:
Еве неколку мој фаворити од тој период:

1.Драган Каранфиловски - Бојс - Опасно сум вљубен бо тебе
2.Мики Јовановски - Џафер - Сонце за три светови
3. Олгица Христова - Свирете ја зајди зајди
4.Трајче Манев - Осамен
5.Силви Бенд - Ангели ме носат.

Ехееееееееееееееее. Тоа ти се песни.
Сепак за мене најомилена декада остануваат 70тите.
Песните од тој период се препознатливи, сеуште се паметат, имаат врвни аранжмани, певливи мелодии, но за нивна изведба некогаш е потребен и оперски глас.

Омилени песни:
1. Славе Димитров - Чија си
2. Зафир Хаџиманов - Како Вардар
3. Верица Ристевска - Летај галебе
4. Драган Мијалковски - Кажи нешто драга
5. Нина Спирова - Молчи молчи
 
До 80тите се било добро. После ми опаѓа квалитетот но последниве 10 години е тотална мизерија со овие комерцијалниве квантитативни исполнувачи.
 
Ниедна посебно. Секогаш имало ќич и секогаш ќе има. Рецимо, музиката од раните 90ти не се состои само од Трајче Манев, Бојс и Џафер. Сигурна сум дека постои фина бројка на тиње песни што не ги знаеме зошто ги нема на Јутуб, и затоа се добива впечаток дека порано се правеле подобри песни во глобала.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom