Најдобар совет што сте го добиле?

  • Креатор на темата Креатор на темата Curious
  • Време на започнување Време на започнување
...бла бла бла бла бла И СО ПАМЕТ У ГЛАВА :)
Не знам за најдобар, ама дефинитивно најчесто добиван ми е овој. Ај океј е мајка ми дома кога ме замара, на тоа се навикнав, ама другиве?
Не ми е јасно од која причина повеќето луѓе што ме знаат мислат дека паметот не ми е во глава. Па кај би бил на друго место? Кај комшијата у двор? :cautious:
 
Бирај ги луѓето околу тебе по тоа колку можат да поднесат од тебе кога ќе поминуваш низ тешки моменти.
Втората селекција направи ја на база на тоа колку од претходно избраните ќе те поддржат кога ќе пробуваш до крај да бидеш тоа што си.
 
Освен во неопходни ситуации избегнувај да должиш било што а нарочито пари. Ако веќе должиш врати ги најбрза прилика што можеш.
 
Шо те боли кур (скопски дијалект).
 
Скоро сѐ на светов се купува со зборови.
Внимателно со зборови. Збор секогаш може да се додаде, но никогаш не може да се одземе. Учтивост за луѓе е тоа што топлина за восок. Мирот вреди повеќе од вистината. Увото е авенија до срцето. Манири на човек се огледало каде го гледаме неговиот портрет. Пријателот те советува во негова корист. Гладот не верува. Оправдување е втор збор за лага. Во текот на целиот живот, повеќе задоволуваме со нашите пропусти отколку доблести. Заљубеноста во себе е прв знак за губење меморија. После играта, и крал и пиун се пакуваат во иста кутија. Другар на сите е тој кој е другар на ниту еден.
На сиромашните многу им недостига, на алчните сѐ. Добар другар е второ его. Пороците се учат без учител. Чесноста е весела сиромаштија. Кој дал, ќе побара. Стар човек - два пати дете. Среќата не е лесна работа; многу тешко ќе ја најдеш во себе, невозможно е да ја најдеш на друго место. После здрав разум, дијаманти и бисери се најретки нешта. Осаменост е потребна за рефлекција; но, немој да бидеш простак затоа што тогаш секаде си во пустина. Нема среќа од сите страни.

Ова се меѓу најважните совети и кој добро ги запамти и применува, си намалува значителен дел од проблемите кои сите нѐ следат. Не постојат „нови“ совети - сѐ што треба да знаеме е веќе кажано. Наша цел е да се применува. Дури ни таа задача не ја извршуваме како што треба... многу малку останува понатаму!
 
Аспиринот си е аспирин, купи си од најевтиниот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom