Најдобар фудбалер за 2010 година - FIFA Ballon d'Or 2010

Кому би му ја доделиле оваа најпрестижна награда?


  • Вкупно гласачи
    223
Некој освоил и Светско првенство, освоил ЛШ, ама џабе му е...
 
барем пак освои нешто а плус беше и најдобар стрелец и во Ла Лига и во ЛШ ..зарем ова не е доволно ?

Незнам во кој контекст се спомна Роналдињо тука и шо има врска со темава :toe:

а ме мрзи сега да ги барам критериумите на ФИФА голубов побарај назад некоја страница и ке видиш за што ти зборувам

Рече дека добитникот мора да ги исполнува сите 5 критериуми, петтиот е токму тој. Невермајнд, не е битно, се` е кажано со постот на Иосоно погоре.
 
барем пак освои нешто а плус беше и најдобар стрелец и во Ла Лига и во ЛШ ..зарем ова не е доволно ?
Mене чудно ми е како тоа кога Милито беше официјално прогласен за најдобар во ЛШ, а Форлан ако не се лажам, за најдобар на СП, Меси ете, доби награда најдобар у Свет само поради фактот што на села без кучиња од Шпанија вршел терор, или на децата на Венгер ...
Тој Мурињо, кој за тебе е ете, човек кој преферирал антифудбал од една страна и го нанесе најтешкиот пораз на Барса у овие 3 години, од друга Меси не се виде, низ интернетов беше познат го Гдеси?!.

Нејсе и тоа, најдобар у ЛШ, Милито ( и најдобар напаѓач и најдобар фудбалер воопшто, двете награди ги собра ), најдобар на светско Форлан, а Меси само поради фактот што ете, бил најдобар играч во Примера, доби и награда за најдобар у Свет иако заостанувал во најсилното европско клупско натпреварување за изборот на најдобар играч, и да не зборам колку беше назад зад добитникот на наградата '' најдобар играч на СП ''.

Логично е овие работи колку толку да се поклопуваат, ќе разберев Меси да ја добиеше оваа награда во случај ете да блеснеше и на СП, тогаш и немаше може и да ја водиме оваа дискусија, ама вака постои и те како основа да се дискутира на оваа тема, и не гледам зашто тоа некому би му било чудно, никој овде не го негира неговиот талент и уникација, капа доле за тоа, ама критериумот по кој му е дадена оваа награда во сезона кога се играше и СП е глуп и нелогичен.
 
Абе се ОК..ама...напишав АКО ГИ ИСКЛУЧИМЕ титулите...Зошто...?
Затоа што ако ги сметаш нив фактички Меси испага од Топ 3///...

во изборот нема ОФИЦИЈАЛНИ критериуми...се е тоа СУБЈЕКТИВНО затоа што на крајот изборот го прават лугето..
а не ФАКТИТЕ и БРОЈКИТЕ.. ;)
 
И Руни освои нешто и даде многу голови па не беше ни спомнат, или курвата им скрши филм?
 
Ни у поширокиот список ако не се лажам не влезе, контрадикторност нездрава, ете, според нив Асамоа Гијан бољи бил. :tv:
 
Требаше некој од Нов Зеланд да стаат во поширок список... Единствена репрезентација без пораз на СП 2010!
 
Весли Снајдер или Робен требаше да земе според мене , може едно време немаше некој ни блиску до Меси ама претходната сезона не беше така . Овие двајцава многу подобро се покажаа , и двајцата играа у ЛШ финале и двајцата играа у финале со Холандија која според има уште 10 подобри репрезентации што можеа да играат ама поединци ги спасија у најбитни моменти. Така да Меси не требаше оваа сезона да освои.
 
требало , не требало тој си освои втора година по ред. Ако продолжи да игра во форма каква што е сега не му бега третата ваква награда. :smir:
 
требало , не требало тој си освои втора година по ред. Ако продолжи да игра во форма каква што е сега не му бега третата ваква награда. :smir:

Ова година ко не освој Чави/Снајдер, нека му ја давет наградава додека не се пензионира. :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom