Најдобар Ф1 пилот на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Аеродром
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар пилот на сите времиња?

  • Михаел Шумахер

    Гласови: 102 60,0%
  • Аиртон Сена

    Гласови: 50 29,4%
  • Алан Прост

    Гласови: 1 0,6%
  • Најџел Мансел

    Гласови: 1 0,6%
  • Хуан Мануел Фанџо

    Гласови: 6 3,5%
  • Џеки Стјуарт

    Гласови: 3 1,8%
  • некој друг

    Гласови: 7 4,1%

  • Вкупно гласачи
    170
Според освоените титули прв на листата е Михаел Шумахер со освоени 7 титули,а веднаш зад е него е добро познатиот и одличен пилот Аиртон Сена со освоени 6 титули.
Пред да пишеш нешто мислам дека не е лошо да провериш што пишуваш. Сена има освоено 3 титули, а не 6.

Инаку многу е тешко да се споредуваат возачите од различни временски периоди пред се поради влијанието на технологијата во Формула 1.
Многумина би го избрале Фанџо, бидејќи во негово време вештината на возачот била 90% пресудна за победа, за повеќето од постарите генерации Сена е најдобар на сите времиња.
За жал Шумахер и Сена се имаат само во 2 - 3 трки сретнато (тука мислам на годината кога Сена загина, а Шумахер беше во конкурентен болид) и Шуми мислам дека победи во сите 3 трки. Секако тоа не мора да значи дека е подобар возач, но секогаш ќе останат само претпоставки.
Сепак Сена колку што имам гледано и слушано бил најагресивен возач, но и не знаел да го штеди болидот, па или победувал или не ја завршувал трката. Ако гледаме константност и одржување исто темпо, тактичко возење тогаш Шумахер е број 1.
 
Па анкетава е за најдобар пилот на сите времиња, не за последните 10 години.
За подетални информации види ги табелите од цела историја на ф1 (број на титули,победи, подиуми, кругови во водство, пол позиции, блаблабла)...едно име е далеку пред сите други....тоа нешто говори нели!
 
Јас го дадов својот глас за Фанџо.
Фанџо возел во она романтичното џентлменско време на Ф1, кога разликите помеѓу самите возила не биле драстични, кога битен бил возачот.
Немало тогаш електроника и огромна пара која се врти во спортот и го уништува, т.е. ги прави возачите како кукли.
Шофериште!
А ако се вратиме пред времињата на Ф1, во времето на оние трки, без некоја организација како Ф1, во 30-тите години на 20 век, секако дека би гласал за Tazio Nuvolari.
Возел за Алфа...
Познати се неговите дуели со Achille Varzi...
Кога ги гасел светлата за да не го види Варзи кој е напред, па да го помине...или кога при откажување на воланот се вратил во трката управувајќи со француски клуч место волан...
 
најдобар пилот во ф1

Еве мое мислење околу тоа кој е најголем пилот во ф1.Според мене сите горе споменатите се најдобри пилоти во ф1 од едноставна причина што сите возеле во различни временски интервали(20 години и повеке)со различна технологија така да сите биле шампиони за своето време.Аиртон Сена владееше во времето на турбо моторите,Шумахер со електронска тракција,па типтроник менувач,а пак кутриот Фанѓо морал сето тоа да го прави механички.Сите дале огромен придонес во развојот на најскапиот циркус на денешницата кој за жал навлегува во некои мрачни води,а тоа е Ф1.Анкетата подобра ке беше ако избираме најдобар пилот во ф1 по стилот на возење,зошто сепак стилот на возење е она што го има секој пилот на ф1 да може да го извади максимумот од болидот а трката да ја заврши прв.Но и тука се различни стиловите кои се сепак пак врзани со технологијата која владеела во таа епоха кога биле на врв од својата кариера.позз
 
бев голем фан на Шумахер и гласав за него ... да живеев во времето на Фанџо можи ќе бев негов фан и ќе гласав за него ... :toe:
 
мислам дека е најмалце битно кој колку титули освоил, туку како ги освоил. џабе шуми и 20 да има, коа ги освоил у село без кучиња, коа на патеката немало ниту еден светски првак. Сена неговите ги освоил борејќи се со легенди од тоа време, ги победувал фаците како Пике и Прост. иначе сакав да гласам за Мика Хакинен кој има две титули и од страна на шумахер беше признаен како негов најтежок проитивник у кариерата, али го нема на листата која е смешна и ја одразува неписменоста на тој шо ја составуел. ај шо пишуе дека сена има шест титули, ама од каде менсел со една титула у ова друштво, а пике и лауда со по три да ги нема? на секој ф1 сајт има листа на бивши шампиони, отворете на ф1 лајв и не се брукајте вака. пс гласав за сена
 
Како ги освоил ги освоил најдобар е. Шо па толку Сена и компанија да не имаа крила па да беа поатрактивни или... Шумахер е цар секој шо мисли поинаку има некаков комплекс или некоја друга неизлечива мана па сега си ја лечи преку ова. Друго не знам шо да речам. Човекот освојуваше по 13 од 18 трки а вие ми кажувате бабини деветини, па сигурно не возеше сам Шумахер. И разгледајте малце околу вас ќе ви стани појасно некој ко ќе вози брзо и лудо велиме оооо Шумахер а не Сена итн па сега видете.
 
Како ги освоил ги освоил најдобар е. Шо па толку Сена и компанија да не имаа крила па да беа поатрактивни или... Шумахер е цар секој шо мисли поинаку има некаков комплекс или некоја друга неизлечива мана па сега си ја лечи преку ова. Друго не знам шо да речам. Човекот освојуваше по 13 од 18 трки а вие ми кажувате бабини деветини, па сигурно не возеше сам Шумахер. И разгледајте малце околу вас ќе ви стани појасно некој ко ќе вози брзо и лудо велиме оооо Шумахер а не Сена итн па сега видете.
Шојма ова врска со темата.... појма неам. Ти можи викаш така, јас викам Лауда. И? А дека Шумахер начека село без кучиња и по пензионирањето на Хакинен си возеше сам и раат никој неможе и нетреба тоа да го оспори. Единствено Алонзо и Раиконен успеаа на крајот да му ги замрсат сметките, инаку можеби ке беше и 8 кратен шампион.
 
Ај сега уште некој да речи дека му ги наместиле на Шумахер титулите и се ќе биде во ред. Секој шо знај да број до 10(7) ќе кажи дека Шумахер е најдобар. А вие кој си фаворизирате тоа е друга работа. Се бројат титулите а не бројот на претицани болиди во трката или бројот на тешки конкуренти.
 
Ај сега уште некој да речи дека му ги наместиле на Шумахер титулите и се ќе биде во ред. Секој шо знај да број до 10(7) ќе кажи дека Шумахер е најдобар. А вие кој си фаворизирате тоа е друга работа. Се бројат титулите а не бројот на претицани болиди во трката или бројот на тешки конкуренти.
Се бројат титулите да, на оние што се пензионирале. Во случајот на Аиртон Сена кој трагично погина во 1994 на 34 години, остана незавршена неговата кариера.

А исто така се бројат и пол-позициите, најбрзите кругови па можеш да видиш дека Шумахер едвај успеа да го надмине Сена во пол позиции, Сена имаше 161 настап и 65 пол позиции, додека Шумахер 248 настапи и 68 пол позиции.
 
Шуми засега е најдобар, но како иде времето .... тешко дека ќе остане
 
Тие што го гледале Сена знаат кој е најголем. Смртта го попречи да покаже дека е најголем. Никој неможеше да извозе само еден круг во квалификации (во последните минути) и да освои пол позиција.

 
Ја сум фан на Шумахер,но едно нешто мора се се признае.Кога се возеа трките и кога баричело беше прв на крај на трката он "педерски" ќе застанеше и шумахер ќе го поминеше.Така да немој да зборите дека немало мештаљки во ферари во времето на шумахер.
 
Juan Manel Fangio bes konkurencia od gorenavedenite piloti na F1.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom