- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Човештвото на почетокот на 21 век чекори кон иднина која не изгледа розова. Човекот како живо суштество има свои потреби... за да преживее во на овој свет. Во последните 50тина години без никаква почит ја уништува својата мајчина планета. Ресурсите се речиси исцрпени, се проценува дека нафтата ќе ја снема за 30тина години, питката вода за 100.
Денес цените на берзата се повисоки од било кога. Први на списокот на најбараните стоки се житото, нафтата и златото.Цената на бушел пченица (36 кг) на најголемата Чикашка берза во петокот достигна ниво од 9,51 долари, што е историски рекорд. Нафтата исто така поскапе месецов и достигна на Њујоршката берза историски максимум од 83,90 долари за барел.
83 долари за нафта? - Тоа значи се остваруваат тврдењата на експерите дека границата од 100 долари за барел нафта ќе биде надмината. Тоа ќе значи дека ретко кој ќе може да си дозволи автомобил на фосилно гориво, ќе значи раст на цените на берзата на сите стоки. Ќе значи војни за нафта, земјите кои ќе ги поседуваат последните количини на црното злато ќе бидат лидери на светската сцена.
Водата, нешто слично како и нафтата и водата нема да ја имаме уште долго време. Претераната и нерезонска употреба ќе доведе до недостиг на питка вода. Што ќе се случува тогаш. Ќе се вратиме ли 2000 години наназад кога се разменуваа овци за жито?
Дали главните размени ќе бидат нафта за вода и обратно? Како според вас би изгледала иднината...