А ако ти треба за проект, зошто не направиш анкета
ВИДИ ТУКА
Така ќе имаш поточни податоци и поконкретни прашања наведено за да добиеш поконкретни резултати.
И не можеш да генерализираш, зошто за секој производ следствно оди најефективна реклама. (а во овој случај не гледаме од таа страна).
Од наша страна гледано, зависи за каков производ се работи, на таков начин ќе се информираме.
И многу е нејасно прашањето поставено. За што да се информирам?
За одредени попусти и промоции-најчесто преку Интернет, директен маркетинг (е-mail).
Еве ќе ти дадам пример, рекламирање на супер маркети -по пошта, или "од врата на врата" со помош на директни пропагандни средства-леток, брошури, проспекти, каталози. Истото може да се користи за саеми, настани.
Најчесто го гледам тоа во моето поштенско сандаче, сакам-нејќам ќе го внесам дома и ќе разгледам што има во одреден супермаркет.
Истото може да се користи за саеми, настани, пафримерии, фризерски салони, козметички салони..итн..
За одредена група на производи, за воведување на нов производ, промотивни кампањи, креирање на свесност на брендови- преку надворешни пропагандни средства (плакати, пропагандни паноа (билборди) светлосни реклами, излози.) Ова важи и за одредени настани.
На прмер, нова колекција на чевли во Пеко, Т-Mobile еден денар минута, Најк, Манго, Каде?-На саем. итн.
Најчесто овие работи одат комбинирано со телевизија, и не можеш да го подделиш ефектот.
Исто така може да информирам преку траснпортни пропагандни средства (случајот со автобусите и такстите, потсвесно ми влегуваат некои информации гледајќи ги)
Дневен печат не користам, брзо поминува и не се посветува доволно внимание, голема масовност, слаба селективност и не гледам никаква корист. (Освен кога не се работи за огласи за вработување).
Списанијата ми се подолготрајни, и поселективни, но се заменуваат со Интернетот. Освен во случај да чекам во стоматолошка ординација, или на фризер (Карикирам) па да земам списание во рака. (ретко, скоро ич)
Затоа за сите информации што можеш да се информираш преку списанија, денес истите можеш да ги најдеш на интернет.
Производи кои се купуваат импулсивно (мастики, чоколатца итн.. ) не ми е потребна реклама. Итн.
Вакви примери има до сто и една и назад, ама генерално, најефективни се сеуште телевизијата, интернетот, и надворешните пропагандни средства.
Да надополнам, штом мислиш точно на реклама, не ги земај во обзир информациите од публицитет, word-of-mouth, односи со јавност, продажна промоција,лична продажба итн. (ако мислиш на конкретно снимена или печетана реклама).