На здравје...

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Ако е тоа вистина тогаш генијално изиграле само не може тоа никој да не го приметил пошто се работи за огромни суми.
 
Ако е тоа вистина тогаш генијално изиграле само не може тоа никој да не го приметил пошто се работи за огромни суми.

Јапонците имаат најмногу кеш на светот и мајстори се на берзата. Таму заработуваат повеќе од јапонската индустрија.

Во голем дел ја навлекоа Америка на евтини кредити и пари. Со тоа се знаеше дека долгорочно индустријата ќе мора да се сели од САД надвор, зошто производството ќе биде прескапо.

Но Јапонците мораа да ја голтнат гордоста и да им се проближат на Кинезите. Сепак мислам дека односот не е рамноправен.

Меѓутоа постои и друга страна на медалот, бидејќи за танго се потребни двајца, а Америка (водството) е искалкулирано до макс + Америка има војна моќ. Но тоа е непознатиот дел од равенката, иако многумина велат дека може да се прочита бидејќи можните потези се ограничени.

Е сега на сето ова, уште Барак Хусеин Обонга недостасува, па да се воспостави комунизам во Америка, кој ќе биде подреден на азијативе! :nenene:
 
Како го смисли сето ова или кој те поучи дека Јапонија и Кина се криви...
Нема врска муабетов, крив е системот на алчност ака капитализам, кој што тотално се загуби во славата на таканаречената победа врз комунизмот.
Капитализмот отиде до таму што проба да се врати на своите корени од 19 век, во неговата најсурова форма.

Сега прашањето од милион долари е дали е ова искалкулирана стратегија за целосно осиромашување на народот и понатамошно користење на ефтина работна сила како во 19 век или грешка во чекори и тотално бегање на работите од контрола.
 
http://online.wsj.com/article/SB122333679431409639.html

Не е многу веројатно да се повтори истата криза...
Особено не во Европа. Прееска имав предавање од еден од директорите на Eiffage кој кажа дека за нивната фирма може со сигурност да тврди дека најмалку две години би можела да функционира во оваа состојба во која е сега економската состојба... А тоа е фирма која работи конструкции, значи за нив ова е огромен удар...
Точно е дека е ова најголемата финансиска криза после Големата Депресија, ама мислам дека малку претерано е кога се прават паралелите...
 
Како го смисли сето ова или кој те поучи дека Јапонија и Кина се криви...
Нема врска муабетов, крив е системот на алчност ака капитализам, кој што тотално се загуби во славата на таканаречената победа врз комунизмот.
Капитализмот отиде до таму што проба да се врати на своите корени од 19 век, во неговата најсурова форма.

Сега прашањето од милион долари е дали е ова искалкулирана стратегија за целосно осиромашување на народот и понатамошно користење на ефтина работна сила како во 19 век или грешка во чекори и тотално бегање на работите од контрола.

Не реков дека се криви Кина и Јапонија, но дека постои синхронизираност во настапот - држи. Инаку, јас напишав во минатиот пост за тоа кој е крив:

...Инаку во основата на кризата е лакомоста на Западните политичари, кои им наложија на банките да им се даваат кредити во недоглед и на црнци и на хиспано-американци и на белци, без реални можности да ги враќаат кредитите.

...Повлекувањето на јапонскиот и кинескиот капитал од Америка трае цело лето. Само во месец август, извлекоа $165 милијарди - огромна сума кеш и покрај големите цифри кои фрчат деновиве. Затоа од Кина не се чу ни глас за целава ситуација. Во Јапонија забрзано се повлекуваат $15000 милијарди од заштедите кој Јапонците ги вложувале по светот. Ќе им треба кога ќе тргнат да купуваат наскоро “пропаднати’’ компании по светот.
 
...Инаку во основата на кризата е лакомоста на Западните политичари, кои им наложија на банките да им се даваат кредити во недоглед и на црнци и на хиспано-американци и на белци, без реални можности да ги враќаат кредитите.

За лакомоста кај политичарите се сложувам, ама не за лакомост за давање на кредити на 'и на црнци и на хиспано-американци и на белци', затоа што тоа е глупост, туку за права лакомост за пари во вид на акции, поклони и други луксузни услуги, од заинтересирани лобирачи за се и сешто.
 
дали некој слушнал за АМЕРОто кој што треба да го замени доларот? :)
 
Џабе им е да го сменат доларот со друга валута ако не можат да ги отплатат долговите.

Деновиве има пад на сите берзи. Светските финансии се како да се возиме на тобоган. Некакво лошо предчувство се има. За неколку месеци може да се да се очекува да се случи.
 
Пропаднаа уште две американски банки!
Светската финансиска криза избриша од американската финансиска мапа уште две банки кои паднаа во тешкотии поради падот на цените на недвижностите и влошувањето на економската криза. Со тоа бројот на банките во САД кои банкротираа во текот на оваа година, се зголеми на 19.
Федералната институција за осигурување на влогови (ФДИЦ) во САД, соопшти дека ја презела контролата врз банките "Френклин бенк" од Хјустон и "Секјурити Пацифик бенк" во Лос Анџелес.
Што се однесува до банката "Френклин", станува збор за третото најголемо годинешно банкротство во американскиот банкарски сектор, и прво банкротство на една банка во Тексас во последните шест години.
Агенциите наведуваат дека банката во септември годинава имала активи во вредност од 5,1 милијарда долари и влогови во износ од 3,7 милијарди долари.
Сите тие улоги на таа банка сега ќе ги преземе нејзиниот конкурент "Просперити бенк", така што сите 46 филијали на "Френклин бенк" повторно ќе бидат отворени, но сега како филијали на "Просперити бенк".
"Секјурити Пацифик Бенк" во Лос Анџелес имаше активи од 561,1 милиони долари и влогови од 450,1 милиони долари, кои сега ќе ги преземе нивниот локален ривал "Пацифик Вестерн Бенк".
 
не пропаднале случајно.
тоа е се по план............
глобализација идеееееее
 
Глобализацијата ја погаѓа Кина - очекуваат голема невработеност. Секоја година 24 милиони луѓе се невработени (што е голем проблем), а ако не превземат мерки, ќе имаат огромен проблем - и самите признаваат не знаат како ќе се развие финансиската криза. Ѕвонат ѕвоната за аларм на сите нивоа:

China says employment situation "critical"

by Staff Writers
Beijing (AFP) Nov 20, 2008

China warned Thursday it was facing major unemployment problems due to the global economic crisis, as it unveiled a series of measures aimed at maintaining and creating jobs.

"Currently, the employment situation is critical, and this impact (of the financial crisis) is still unfolding," Yin Weimin, China's social security minister, told reporters in response to a question on recent labour unrest.

"We have called on all levels...to place priority on the stabilisation of the employment situation."

Yin announced a series of measures to try and stave off unemployment and to help those that have lost their jobs, particularly among China's 230 million rural workers.

He warned that the impact of the global economic turndown would be felt the hardest in the first quarter of 2009.
 
БЕРЗИТЕ И ПОТРОШУВАЧКАТА ГО ДОПИРААТ ДНОТО
Ново финансиско торнадо тргна од Америка Американската Национална канцеларија за економски истражувања, која ги следи макроекономските процеси, потврди дека САД се во рецесија уште од декември 2007 година, а дневните извештаи ги потсетија инвеститорите кои минатата недела беа оптимистички настроени дека економијата има сериозни проблеми. - Сметам дека ова ќе биде долга и длабока рецесија - изјавил за една локална телевизија Џефри Френкл, економист од Универзитетот „Харвард“. Тој е член на одборот во канцеларијата за економски истражувања, која е стручна и непрофитабилна организација. Според него „ова би можела да биде најлошата повоена рецесија“. Претседателот на САД, Џорџ Буш, изјави дека му е жал што глобалната криза ги загрози работните места и пензиските фондови, додавајќи дека Владата ќе интервенира за да ја олесни рецесијата. - Не сакам кога луѓето ги губат работните места, но Американците треба да знаат дека ние ќе го заштитиме системот - изјави Буш. Министерот за финансии, Хенри Полсон, се обиде да ги смири загрижените инвеститори. - Продолжуваме да работиме во жестоката финансиска криза. Додека не го постигнеме напредокот, патот ќе биде тежок. Но, јас сум уверен дека водиме добра стратегија да го стабилизираме финансискиот систем и да го помогнеме излезот од кредитната криза - изјави Полсон. За разлика од мнозинството економисти кои рецесијата ја дефинираат како период кога два последователна квартали бележат пад на бруто домашниот производ, Националната канцеларија за економски истражувања ја дефинира рецесијата поврзувајќи ја со опаѓањето на економската активност во сите гранки на стопанството што трае повеќе месеци. Според податоците на Националната канцеларија, во текот на мандатот на Буш двапати се случи рецесија: една во 2001 година, и друга од почеток на декември 2007, која се уште трае.

Немало поевтина нафта во последните три години

Суровата нафта на њујоршката берза вчера забележа рекордно поевтинување во последните три години, поради неповолните вести од американската економија.
Цената на американската лесна нафта на њујоршката берза се намали за 1,5 долар и достигна 47,78 долари за еден барел, што е најнизок износ уште од 2005 година. Европската нафта „брент” на Меѓународната берза за нафта во Лондон истовремено поевтини за 1,88 долар, на 46,09 долари за еден барел.

Вртоглав пад на акциите на Волстрит

Сите водечки индекси вчера се намалија за повеќе од седум проценти, а најголем пад оствари „Стандард и пурс“, кој загуби речи девет проценти од вредноста. Индексот „Дау Џонс“ се намали за близу 700 поени, или за 7,7 проценти, при што во црвено беа акциите на сите 30 компании. Пад од речиси девет проценти оствари и технолошкиот индекс „Насдак“. Соодносот на акциите што вчера остварија пораст со тие што паднаа на берзата во Њујорк изнесуваше 1:38.
Аналитичарите стравуваат дека претстојната божикна сезона, во која се остварува дури 40 проценти од малопродажниот промет во САД, би можела да биде катастрофална.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=12&tabid=1&EditionID=1566&ArticleID=103315
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom