На што се темелат религиските вредности?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ipsissimus
  • Време на започнување Време на започнување

Дали религиските вредности се апсолутни или човечка творба


  • Вкупно гласачи
    23
Религиските вредности се пренесуваат од поколение на поколение и тоа е ПЕРЕЊЕ МОЗОК, а така ќе биде се додека некој од поколението не истапи и рече „доста беше отсега ќе размислувам со своја глава!“. Мило ми е што на време се тргнав од овој апсурд наречен религија.
 
ТАКА ДА ДУРИ И РЕЛИГИСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ДА СЕ ДАДЕНИ ЛИЧНО ОД БОГ...ЧОВЕКОТ ДО ТОЛКУ ГИ ИЗОБЛИЧИЛ И ИЗМЕНИЛ...ШТО СТАНАЛЕ ЦЕЛОСНО ЧОВЕЧКИ
Епа тоа ми е поентата и мене. Дека дури и да постои таков бог (во што јас неверувам), ако тој бог е совршено битие, невозможно е да има толку многу човечки слабости и особини како љубомора, суета, гнев, љубов....итн. Во спротивно не е совршен.
 
Не е поентата некој да го наложи христијанството со сила, туку пораките во самото христијанство се секогаш под закана. Според религиските пораки, секој што неразмислува на тој начин го чека пекол во задгробниот живот! Ако тоа за тебе не е закана и условување, тогаш што е?

Јован 14:6
Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.

Матеј 10:33
А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Татко, Кој е во небесата.”

Е сега ај да видиме што е со тие што нема да добијат влезница во вип ложата на Јахве:

Матеј 25:41
Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!
Доволно е буквално ова за тебе?

Епа тогаш што к*рац казни и награди?! Совршено битие, кое одпосле му текнало дека луѓето треба да имаат одреден морал, па им го испорачува преку посредници?!

И да ме ангажирал не би прифатил, ја сам си одбирам друштво, а дотичниот не ги исполнува моите стандарди. ;)

Мојот "бунт" е кон религиите, а тие итекако постојат.

Уживам јас, дел од тоа уживање е и можноста да си кажам што мислам, затоа што живеам во земја каде религијата е одвоена од државата. Во спротивно немаше да го водиме овој разговор.
А тоа дека сум ти бил сумњив, твој проблем.

Според религиските пораки, секој што неразмислува на тој начин го чека пекол во задгробниот живот! Ако тоа за тебе не е закана и условување, тогаш што е?

Тоа е твое толкување. Има и пооптимистички. Не, не е закана бидејќи Божјиот суд е милост. А тебе тоа многу те нервира...

Еве што рече ти: „Ако не ме прифатиш како единствен пат, вистина и љубов, ќе те мачам цела вечност?!“ Ваков цитат (со или без извичник и прашалник) во Библијата нема.

Епа тогаш што к*рац казни и награди?!

Не знам, навистина. Ваљда да изнервира сатанисти и остало „лепо“ друштво. Жестоко се надркаваш на Божјата логика и промисла обидувајќи се се` да рационализираш низ сопствената призма. Тоа би било возможно доколку ти ја имаш апсолвирано целокупната мудрост и имаш интергалактичко искуство во создавање планети и остало. Сигурен сум дека милиони луѓе жалат што твојот креативно-интелектуален потенцијал останал неискористен од страна на Јахве.
 
Тоа е твое толкување. Има и пооптимистички. Не, не е закана бидејќи Божјиот суд е милост. А тебе тоа многу те нервира...

Еве што рече ти: „Ако не ме прифатиш како единствен пат, вистина и љубов, ќе те мачам цела вечност?!“ Ваков цитат (со или без извичник и прашалник) во Библијата нема.
Тоа беше парафразирање, затоа ти ги наведов трите цитати кој го потврдуваат токму тоа.
Не знам, навистина. Ваљда да изнервира сатанисти и остало „лепо“ друштво. Жестоко се надркаваш на Божјата логика и промисла обидувајќи се се` да рационализираш низ сопствената призма. Тоа би било возможно доколку ти ја имаш апсолвирано целокупната мудрост и имаш интергалактичко искуство во создавање планети и остало. Сигурен сум дека милиони луѓе жалат што твојот креативно-интелектуален потенцијал останал неискористен од страна на Јахве.
А библијата и остала лепа литература демек се од некој што ја има апсолвирано целокупната мудрост и има интергалактичко искуство во создавање планети и остало? smiley-15.gif
 
Тоа беше парафразирање, затоа ти ги наведов трите цитати кој го потврдуваат токму тоа.

А библијата и остала лепа литература демек се од некој што ја има апсолвирано целокупната мудрост и има интергалактичко искуство во создавање планети и остало? Прегледај го приврзокот 33500

Тврдењето ти е паушално, таков цитат нема. А ти и даље верглај ја твојата верзија.

Не, јас не го тврдам тоа. Но, твојата логика и рационализација на Божјиот план не ми се никаков критериум токму поради твоето скромно искуство во гореспоменатите космички активности.
 
А библијата и остала лепа литература демек се од некој што ја има апсолвирано целокупната мудрост и има интергалактичко искуство во создавање планети и остало? Прегледај го приврзокот 33500
Тоа Дик Соломон (главниот лик во „3rd rock from the sun“) да не ја има пишувано?
 
Тврдењето ти е паушално, таков цитат нема. А ти и даље верглај ја твојата верзија.
Инаетот не им може ништо на аргументите. Посочените три цитати многу јасно порачуваат дека:
1. Само Исус бил вистината и патот до Јахве.
2. Ако не го прифатиш Исус, тој ќе се одкаже од тебе.
3. Доколку се случи тоа, Јахве ќе те прати во пеколот каде ќе гориш вечно.
Просто како 1, 2 и 3.
Не, јас не го тврдам тоа. Но, твојата логика и рационализација на Божјиот план не ми се никаков критериум токму поради твоето скромно искуство во гореспоменатите космички активности.
Точно, моите познавања од космологијата и астрономијата не се надпросечни, но дури и јас знам дека сонцето не е создадено одкако биле создадени растенијата, и знам дека звездите не служат за да го украсуваат небото.
 
Инаетот не им може ништо на аргументите. Посочените три цитати многу јасно порачуваат дека:
1. Само Исус бил вистината и патот до Јахве.
2. Ако не го прифатиш Исус, тој ќе се одкаже од тебе.
3. Доколку се случи тоа, Јахве ќе те прати во пеколот каде ќе гориш вечно.
Просто како 1, 2 и 3.

Точно, моите познавања од космологијата и астрономијата не се надпросечни, но дури и јас знам дека сонцето не е создадено одкако биле создадени растенијата, и знам дека звездите не служат за да го украсуваат небото.

Твоите конклузии се неточни и симплистички.

За создавањето на сонцето и растенијата, иди прај го тој муабет со Чорбаџија и Микикец.
 
Моралот е социолошка измислица. Моралот и моралните правила, секогаш ме нервирале. Од нив се создаваат тажни фрустрирани депримирани и несреќни луѓе. Од непишаните кодекси на однесување (од тоа како треба да изгледа ,,возрасна,, жена, до број на сексуални партнери кај двата пола, и се останато - би сакала да ја цитирам Шкариќ, за жал книгата ми е далеку) НИШТО не се согласува со моите ставови околу тоа како треба да функционира еден човек.
Посебно не ми се допаѓа библискиот морал, го исклучувам она што е влезено во законите на една демократска земја (не убивај, не кради, на пример). Почитувај ги родителите (да, ако заслужиле), љуби овој или оној (my fucking choice) не врши прељуба (again my fucking choice) итн.
Се надевам дека цивилизацијата ќе доживее свет без вакви поими како (а)моралност, (не)поштеност, растурикуќеност, и останати бљувотини. Се надевам нема да не проголта црна дупка до тогаш....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom