Незадоволни од имиџот на Русија во видео игрите, властите од Кремљ ќе инвестираат преку 13 милиони евра во програмирање на патриотски игрици, а планираат да ги забранат сите изданија каде Русите се претставени како пијани негативци.
Откако ја цензурираа сцената во последната Кол оф дјути, каде играчите можеа да убиваат цивили на московскиот аеродром, тамошните парламентарци сакаат да ги забранат сите "анти - руски" компјутерски игри.
Министерството за комуникации на Русија, од Владата побара 13, 3 милиони евра за производство на видео игри, каде главни карактери ќе бидат руските херои од Втората Светска Војна.
Меѓу плановите на Думата е и формирање на специјална собраниска комисија, чија единствена задача ќе биде надгледување на увозот на игрите, со цел да се одреди кои изданија се навредливи за нацијата.
"Комисијата треба да работи по одреден критериум, кој што ќе ги штити руските интереси и ќе ги сопре обидите за искривување на историските факти, со што се дискредитира земјата," изјавил Павел Зирјанов, член на парламентарниот Комитет за млади.
Речиси е сигурно дека првата игрица што ќе се најде на метата на комисијата е германската "Улица Димитрова," каде играчот управува со 7-годишно дете од Санкт Петербург, кое што краде, убива и лаже, само за да дојде до цигари.
Извор: Он Нет
Хммм конечно на некој му текна дека ова што се прави не е во ред...Имам премногу игри во кои Русите и Германците ( а не се само тие ) се претставени како најбедна раса, убијци, криминалци и.т.н