На кој факултет планирате да го продлжите вашето образование?

  • Креатор на темата Креатор на темата Артиљеро
  • Време на започнување Време на започнување
Јас планирам на земјоделски смер агроекономика
Што мислите?
 

На вежби ако не ви се иде, договорете се да не идете цела група. Така нема минус да добиете пошто сите ве нема :D Еден да се појави он ќе има плус, вие сите минус :D
 
Епа вака луѓе, ке ве замилам за помош :) Сакам да ми кажете се што знаете за државен факултет за Криминалистика :) Ако има некој на форумов кој студира на ваков факултет уште подбро :) Ви благодерам однапред :)
 
На светските универзитети за вакви совети постојат академски советници (academic advisors), ама за жал такви се`уште нема во МК. Ќе си дозволам да се ставам во улога на некаков академски советник.

Кој факултет да се избере? Секој факултет кој ве интересира е одличен потенцијален кандидат. Прво, направете информиран избор. Прочитајте колку што можете повеќе за тој факултет, информирајте се за насоките, студиските планови и потенцијалот за вработување. Дознајте колку се заработува со таа факултетска диплома не само во МК туку и надвор.

Второ, проценете си ги сопствените очекувања и приоритети. Ако имате големи финансиски апетити не избирајте слабо платена професија. Ако успехот за вас се парите, статусот и материјалните ствари (што е океј), тешко да ќе остварите нешто од тоа со факултетска диплома од хуманитарните науки или уметности. Од друга страна, ако можете да живеете со релативно помалку пари, и ако некои други работи ви се поважни, тогаш вашиот избор би можеле да бидат и хуманитарните науки или некоја уметност.

Идеално е да се одбере факултет кој ќе го (за)сакате. Тоа не се случува секогаш. Не се грижете ако немате се`уште јасна престава за идната професија. Сосема е нормално човек да се премисли во изборот на факултетот или професијата.

Сакам да направам една генерална разлика меѓу професии и позиви. Професионалец е секој кој експертски и рутинирано си ја врши професијата.

Позивите се поинакви од професиите. Покрај професионалноста, позивите од вас бараат и етички стандарди кои самите пред себе треба да си ги поставите и да ги следите. Да бидете добар едукатор, лекар, психолог, научник или свештеник е позив, вокација. Мора да си го сакате позивот и луѓето на кои ќе им помагате. Тука нема фолирање. Ако овие ги работите само за пари многу е веројатно дека ќе бидете несреќни и нема да ве ценат. А тоа е жива фрустрација. Се разбира ова не значи дека професиите кои се работат повеќе рутински, се помалку вредни. Вредноста, сепак, вие ќе си ја најдете во вашата идна професија.
 
Да не знае нешто за Фалкутет за физичка култура нешто да каже што како идат работите ?! Фала однапред !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom