MyFitnessPal

Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058


Живееме во ера на смартфони и компјутери кои ни овозможуваат пристап до интернет во секое време.
За разлика од порано, каде се мораш да пишуваш и калкулираш на ливчиња сега ни е овозможено со леснотија да имаме прегледност на она што го јадеме.

Да не дубам многу, накратко ќе пишам збор-два за апликацијата која ја користам секојдневно и ми од голема помош, особено кога сум во брзање и сакам веднаш да го искалкулирам дневниот внес на калории од храната која ја конзумирам.

Се работи за апликација која ќе ви помогне во следење на калориите кои ги внесувате.

Едноставно креирајте акаунт на www.myfitnesspal.com и ги внесувате своите податоци и цел, и самата апликација ви одредува (според целта) дневен внес на калории.

Напомена: Доколку веќе си го знаете потребниот дневниот внес на калории и микро/макронутренти според вашата цел, постои посебен дел каде што самите ќе можете да ги смените тие податоци. За повеќе клик овде.

Потоа кога ќе сакате да внесете оброк кој го имате на денешното мени, притискате на Add Food, и ве испраќа на страната каде што ќе можете со леснотија да го најдете тој оброк од нивната база на податоци и со точност знаете колку калории/протеини/јаглехидрати/масти и др. внесувате со тој оброк.

Забелешка: Доколку не сте сигурни во точноста на информациите прикажани за оброкот, или пак веќе си го знаете точниот број на калории, односно протеини/јаглехидрати и масти од оброкот имате дел каде самите можете да креирате храна, која подоцна ќе ја користете на вашето мени.
За повеќе клик овдe

Се надевам дека ви бев јасен. Темава е отворена за било какви нејаснотии.


Апликацијата е исто така достапна за секој оперативен систем (Android/iOS/Windows Phone)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Не верувајте на калкулаторот за дневни потреби на myfitnesspal мене ми предвидуваше 2400калории за маса, а јас реално на тие калории слабеам. Користете по конкретен сајт за да ги дознаете дневните потреби а потоа внесете ги како Goal во myfittnespal. Инаку јас програмава ја користам контируирано веќе 8 месеци.
 
Член од
3 април 2013
Мислења
175
Поени од реакции
75
Зошто ја нема Македонија на myfitnespal апликацијава знае некој?
 

Charon

Нинџа
Член од
31 октомври 2010
Мислења
428
Поени од реакции
1.104
Многу добра е апликацијава, има опција да се поврзи со Runkeeper и кога трчаш директно ти ги префрла во Exercise.
 
Член од
30 јуни 2011
Мислења
22
Поени од реакции
2
Добра за тие што знаат да ја користат,јас неможам да впишам стек на пример колку штп сакам ми излага или 100 грама или 1 килгорам или јас сум тупав :mad:
Треба да поучам да ја работам
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Добра за тие што знаат да ја користат,јас неможам да впишам стек на пример колку штп сакам ми излага или 100 грама или 1 килгорам или јас сум тупав :mad:
Треба да поучам да ја работам
Постојат повеќе податоци од кои можеш да бираш.
Пробај пиши: chicken breast usda, и најди го тоа што дава како опција 1 грам.
 
Член од
15 февруари 2008
Мислења
395
Поени од реакции
397
Ме нервира што има опција за само 3 оброци+"стрвулинки".
Се подесува ли негде да има 6+ оброци?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ме нервира што има опција за само 3 оброци+"стрвулинки".
Се подесува ли негде да има 6+ оброци?
Се мења како сакаш да ги крстиш и на колку сакаш да ги поделиш, ама иди нека ми текне кај беше тоа.
Јас имам само едно и го иам крстено “јадење“

 
Член од
9 март 2014
Мислења
43
Поени од реакции
11
Ме нервира што има опција за само 3 оброци+"стрвулинки".
Се подесува ли негде да има 6+ оброци?
Оди во Food па Settings и подолу ќе видиш има Meal names и стави си име на оброците имаш за 6 оброци
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Има некоја опција да наместам за секој ден од неделата различен број на калории (goal calories)?
Ќе правам циклична диета и нема да јадам секој ден исто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom