МВР ќе вработи 300 полицајци

  • Креатор на темата Креатор на темата Forza Milan!!!
  • Време на започнување Време на започнување
Овоа веќе го имаат поминато тие што завршиле полициска академија, зошто пак тестирање и се бара без соодветно обрзование, зошто не се земат оние кои веќе го знаат тоа ги поминале сите обуки додека студирале и нема да има потреба од понатамошна обука и слични глупости? :rolleyes:
 
Затоа и во следните 30 години ќе имаме корумпирани полицајци, со еден јогурт, кутија цигари и макијато ќе ги купам!

Ајмо членски книшки, мнооогу повољноооо :)
 
Затоа и во следните 30 години ќе имаме корумпирани полицајци, со еден јогурт, кутија цигари и макијато ќе ги купам!

Ајмо членски книшки, мнооогу повољноооо :)

Неможеш ти да купиш толку јогурти и макијата колку што можат они да испијат. :)
А и тетоец нешто да части.... ова некој СФ роман ќе да е. :pos:
 
ќе има ли место во тие 300 "спартанци" за officer Rivieri...човекот е ПРО до коска :icon_mrgr:
Поголем дел се веќе вакви.Пошо за ваква реакција спрема правите криминалци не можат ни да помислат (без амин од погоре), ќе си ги носат забите в раце.А можат и да останат без работа поради нивна реакција или поради реакција од МВР - не си ја завршил правилно работата.Никаквата :)
 
Неможеш ти да купиш толку јогурти и макијата колку што можат они да испијат. :)
А и тетоец нешто да части.... ова некој СФ роман ќе да е. :pos:

Не честам, плаќам казна на поинаков начин :D:cool:
 
Јас под зборот полицаец замислувам добро градена личност која има висок степен на кондиција, знае некоја боречка вештина, има цврст карактер, култура, да е во добра психичка состојба и да поседува голема храброст.
Кај нас за жал полицаец претставува недоволно образована личност со низок степен на културна и огромна желба и страст за јадење по биртии... Чисто сумљам дека новите избраници ќе го задоволат мојот критериум, односно светскиот критериум, за тоа како треба да изгледа еден полицаец од кој секако очекуваме да се грижи за нашата безбедност.
 
Овоа веќе го имаат поминато тие што завршиле полициска академија, зошто пак тестирање и се бара без соодветно обрзование, зошто не се земат оние кои веќе го знаат тоа ги поминале сите обуки додека студирале и нема да има потреба од понатамошна обука и слични глупости? :rolleyes:

батка... ти или нејќеш или несакаш да сватиш. а може и неможеш.
5 пати од преска ти кажаа.
бараат полицајци за по УЛИЦА да шетаат.
ако ти се шета по улица со полициска академија, повели.
а пошо више си запнал за акедемија ко слеп за стап,
прашај во мвр кого сакаш, дека ОД ОПЕРАТИВНА гледна точка
еден плавец може со 4 дипломирани криминалисти газот да си
го избрише. 2 години работа и искуство на улица вреди поише
од секоја диплома од полициска академија. Како сакаш реагирај на
ова, ама јас знам дека сум не 100, не 200, туку 1000% во право.

Па ај ќе ги примиш со акдемија, па ќе ги пратиш на терен,
па уште ќе плачат, ја за ова ли учев......
Или... ја ова не го работам, јас сум инспектор/ка.....
Море марш у пичку матер!
Се сакаат на готово. Он да седи во канцеларија, а друг да му
ја тера работата. Така никаде нема, па ни кај нас.
Секоја чест на исклучоците.
 
батка... ти или нејќеш или несакаш да сватиш. а може и неможеш.
5 пати од преска ти кажаа.
бараат полицајци за по УЛИЦА да шетаат.
ако ти се шета по улица со полициска академија, повели.
а пошо више си запнал за акедемија ко слеп за стап,
прашај во мвр кого сакаш, дека ОД ОПЕРАТИВНА гледна точка
еден плавец може со 4 дипломирани криминалисти газот да си
го избрише. 2 години работа и искуство на улица вреди поише
од секоја диплома од полициска академија. Како сакаш реагирај на
ова, ама јас знам дека сум не 100, не 200, туку 1000% во право.

Па ај ќе ги примиш со акдемија, па ќе ги пратиш на терен,
па уште ќе плачат, ја за ова ли учев......
Или... ја ова не го работам, јас сум инспектор/ка.....
Море марш у пичку матер!
Се сакаат на готово. Он да седи во канцеларија, а друг да му
ја тера работата. Така никаде нема, па ни кај нас.
Секоја чест на исклучоците.
Јас сфакам што бараат, но сигурно си немал искуство со глупи улчни полицајци па викаш дека ќе се подобри од оние со диплома.
Како прво уличните полицајци се додека не стекнат искуство се без култура, се прават најпаметни, предизвикуваат тепачки и сл. Кажувам оти тоа лично сум ги видел какви се тие без диплома и некои со диплома, а за други градови не знам како им е однесувањето, и може да ги купеш со едно кафе,пиво и сл
Таков глуп полицаец пред некое време намерно бутна жена и ја скрши раката. Затоа нема ред наместо да се покрај улицата они пијат кафе во спротивниот кафич а друг колега тепа жена на другата улица. :eek:
А верувам дека секој дипломиран полицаец би се нафатил да биде уличен по што платата не им е помала од 300 евра а после ако се покаже може да биде инспектор а ниеден инспектор не е одма седнал во канцеларијата. Не сум завршил полициска академија за да ги бранам они со диплома, ама стави се во кожа на тие што навистина со учење и желба завришле и сега те немаат никој во мвр за да ги примат и седат дома, џабе давање пари за учење. Инспектор се станува над 40 години не на 25. :)
 
Шала на страна, сериозни станаа овие од полиција. До пред 2 години можеше комотно да се демолира низ населба, и да бидеш сигурен дека ќе те "бркаат" неподвижни стоки од 95 кила.
Сега се повеќе гледам спремни типци.
 
Колку само со ова државата си ја побива кампањата за образованието. :facepalm:
Те тераат да учиш, да завршиш високо образование, а потоа вработуваат некои со завршено средно, а тие со факултет за безбедност седат дома. :tapp:
 
Еве го блогот на кој дипломираните криминалисти си ги опишуваат своите патешествија и игнорантскиот однос на тие со чив потпис се запишале на Факултетот за безбедност: http://zdk.blog.mk/, а еве што им пишала министерката, како одговор на нивните барања за јавни огласи и вработување:

http://zdk.blog.mk/2009/11/23/odgovor-od-ministerstvoto-za-vnatreshni-raboti/
До здружение на дипломирани криминалисти
Постапувајќи по вашиот акт, а во врска со вашето барање да се разгледа можноста за вработување на дипломираните криминалисти, МВР согласно законски утврдениот делокруг на своите надлежности, Ве информира за следното:
Во член 95 став 1 од Законот за полиција (Сл.весник на РМ бр.114/06 и 6/09) утврдени се општите услови што треба да ги исполнува едно лице за да може да се заснова работен однос во Полицијата. Во ставот 2 од истиот член утврдено е дека со актот за систематизација на работните места во МВР можат да се утврдат и посебни услови за засновање работен однос во Полицијата.

Членот 96 од наведениот закон, утврдува дека при вработувањето во полицијата треба да бидат соодветно и правично застапени граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, со почитување на критериумот на стручност и компетентност и дека при вработување во полицијата, треба да се почитува принципот на еднаквост на половите…. Членот 97 од Законот, ги утврдува начините на засновање на работен однос во полицијата и тоа, врз основа на јавен оглас и по исклучок, без јавен оглас.
Со Законот за внатрешни работи (Сл.весник на РМ бр.92/09) покрај останатото се уредуваат и правата и обврските на работен однос меѓу кои и условите за засновање на работен однос во МВР и начините на засновање на работен однос.
Од анализата на наведените законски одредби, произлегува дека не е утврдена обврската на МВР да заснова работен однос со дипломираните криминалисти.

Исто така со наведениот закон во членот 162 е утврдено дека во преоден период од пет години, сметано од денот на започнување на примена на овој член, Министерството ги прекинува договорите за вработување на овластените службени лица кои дополнително се стекнало со статус на овластени службени лица кои дополнително се стекнале со статус на овластено службено лице по сила на закон, со навршување на 40 години пензиски стаж на овластеното службено лице, без оглед на неговите години на возраст.
При креирањето на оваа одредба се имаа во предвид заедничките стандарди и принципи на ЕУ, како и европските препораки во однос на димензионирањето на човечките ресурси што предвидуваат достигнување на стандардот 1:300 (еден полицаец на триста жители), при што согласно извршените анализи во МВР, утврден е вкупен број на вработени во Министерството поголем од предвидените стандарди.
За таа цел, согласно компаративните искуства на земјите во транзиција, неопходно е предвидување соодветни механизми за полесно спроведување на реформските процеси (ограничување на бројот на слободни работни места, преквалификација и обука, како и предвремено пензионирање односно овозможување на бенефициран начин …на пензионирање), како можност за подобрување ба персоналната структура согласно препорачаните стандарди за
човечките ресурси неопходни за функционирање на институциите.

Воедно укажуваме дека согласно Законот за полициска академија кој престана да важи со Законот за основање на високообразовна институција Факултет за безбедност во состав на Универзитетот Св.Климент Охридски – Битола (Сл.весник на РМ бр.81/2008), не беше пропишана задолжителна обврска на МВР да вработува кадри кои дипломираат на Полициската академија.
Во контекст на наведеното, а тргнувајќи од принципот на еднаквост на граѓаните, не постои
правна можност да кадрите од Полициската академија имаат приоритет во засновање на работен однос во МВР.
 
Исто како да се :) Он вика дека МВР е должна да им најде работа според стручната спрема.
Да, на вработените во МВР, МВР е обврзано да им најде работа според стручната спрема. А не на сите невработени во државава. :pos: Која е поврзаноста на твојот кум и комшија со МВР? Не може да биде уличен полицаец со факултет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom