Музика од Исланд

Член од
17 октомври 2011
Мислења
16.226
Поени од реакции
40.444
Локација
Скопје
Сите љубители на музиката од Исланд, можат тука да ги постираат своите видеа, вести, коментари, написи за изведувачите од оваа прекрасна европска островска држава.

IcelandFlag.gif
 
Of Monsters and Men веќе ги запознавме добро, има посебна тема во подфорумот за музика за нив. Еве ги уште еднаш со нивниот најголем хит - Little Talks, овојпат во живо:


Љубителите на нивната музика можат да ги следат и на facebook, на нивната официјална facebook страна: http://www.facebook.com/ofmonstersandmen
 
Музиката во Исланд е една од најубавите во Европа. Споменав и во темата на Of Monster and Men нешто најубаво е на брегот во Рејќавиќ, риба и исландска музика нешто најубаво. Слушаш музика, јадеш риба и го чувствуваш звукот на морето. Кој бил знае!
 
Сигур Рос, Бјорк и другите 5 музичари.
Многу повеќе од само 5 добри музичари се, ќе видиш во продолжение. И јас се изненадив кога почнав да ја откривам ;)
--- надополнето: 26 октомври 2012 во 17:48 ---
Ви претставувам уште еден одличен исландски бенд: Retro Stefson. Retro Stefson е алтернативен (инди) поп бенд од Исланд формиран во 2006 во Рејкјавик. Членови на бендот се:
-Unnsteinn Manuel Stefansson (вокал и гитара)
-Thordur Jorundsson (гитара)
-Logi Pedro Stefansson (бас гитара)
-Jon Ingvi Seljeseth (клавијатури)
-Thorbjorg Roach Gunnarsdottir (синтисајзер)
-Haraldur Ari Stefansson (придружен вокал и перкусии)
-Gylfi Sigurddson (тапани)
Бендот има потпишано договор со Vertigo-Berlin/Universal. Прогласени се за еден од бендовите на Исланд кој ќе го одбележи 21-от век. Нивниот деби албум Montana излегува ексклузивно во Исланд во октомври 2008, а вториот албум, Kimbabwe, во октомври 2010 кој е и нивно европско деби излегувајќи и во Германија во Мај 2011. Во 2012 е најавено излегувањето на нивниот следен албум, насловен Retro Stefson, од кој како синглови се веќе излезени Qween и Glow. Во продолжение уживајте со двете нови песни, како и Velvakandasveinn од Kimbabwe албумот.



 
Soley е следниот исландски изведувач кој што мора да биде слушнат кај нас. Попозната како (поранешна?) пејачка на исландскиот инди-бенд Seabear, Soley Stefansdottir е студент по композиција и пијанистка, исто така. Во март 2010 започнува соло кариера издавајќи го своето деби EP - Theater Island, по што следи албумот We Sink - поп албум кој е опишан дека звучи како сон: сладок и чуден истовремено. Подолу ќе ги слушнете деби синглот Theater Island, и уште неколку песни од деби албумот, како и целиот настап за KEXP радиото.




 
Нивниот избор за песна на Евровизија ми е дефинитивно најдобриот... толку сјајни песни да не знаеш која треба да ја претставува оваа волшебна земја ...


 
Ме насмеа насловот на темата, имам еден пријател кој своевремено додека беше ерген имаше добра колекција на филмови за воздрасни. Во една прилика за да ја убијам осаменоста му побарав да ми позајми некој филм по негов избор. Според неговото толкување тоа беше екстра исландско порно. Океј го пуштам филмов и очекувам да се појават гејзери, некој го мавта качен на санта мраз и во позадина оди музика од Бјорк и се вртат главните улоги Џена Сигурсон, Роко Педерсен итн, итн.
Кога се појавија палми, море, сонце мислев дека чоеков ми дал башка це де и го згрешил, но кога прочитав дека насловот на филмот е Paradise of Island видов колку е сатот.


По темава да кажам дека си ги сакам Бјорк и Сигур Рос.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom