Како прво Куранот од кога го пишувал Мухаммед с.а.в.с па се до денес и дури постои свет и век ќе си остане непроменет.
Куранот во потполност се согласува со науката, па во Куранот пред 14 века биле запишани работи кои научниците денес ги откриваат. Како тоа Мухаммед ги знаел тие работи пред 14 века ?
Како што е примерот со месечината: кога една група од луѓе во времето на Мухаммед с.а.в.с бараат од него да им предочи чудо за да поверуваат дека он е Аллахов гласник , па посакуваат од него да ја раздели Месечината на два дела, па ако успее ќе поверуваат,
Мухаммед с.а.в.с упатува молба до Аллах с.в.а и со Аллахово одобрение Месечината се разделува на две половини за одредено време, кога групата го видела тоа, веднаш го обвинила на Мухаммед с.а.в.с дека он е сихирбаз (маѓепсник, волшебник) Еузубиллах, па поставуваат уште еден услов, и велат: Да испратиме луѓе да отидат во пустината па да ги запрашаат тамошните луѓе, дали и тие виделе исто што и ние овде? Така и прават, испраќаат луѓе во пустината и ги прашуваат на луѓето дали забележале нешто невообичаено, тие одговараат дека виделе како Месечината се разделила на две половини, едната половина на едната страна од неботоа, а другата на другата страна од небото, па овие непријатели на Мухаммед с.а.в.с повторно имаат изговор викаат и нив ги маѓепсал (неузубиллах)
Не сакаат да поверуваат во нивните очи и измислуваат секакви невистини, па се повикуваат на нивната лага, и остануваат во мракот на сомнежот.
Ова случување, се потврди во денешно време кога со моќните телскопи може да се види и да се наблудува месечината, за која одредени астролози даваат ваква изјава, дека Месечината по целата нејзина должина има една линија која изгледа како да месечината била одделена па потоа заварена, може се согледа на сликата:
Куранот за ова вели: Се ближи часот и Месечината се располови, а оние кога и да видат чудо главите ги свртуваат и говорат: "волшебништво постојано" Оние не веруваат и ги следат само страстите свои, а Се, е веќе одредено.. (Ел-Камер 54 (ајет 1-3)
Библијата во првата книга Битие вели дека Господ универзумот га створил за 6 дена, кои дена имаат период од 24 часа. Куранот за ова, иако на прв поглед изгледа слично, ако анализираме разликата е црно и бело.
Куранот на повеќе места зборува за створувањето на универзумот, пр. во Сура Јунус 10 (ајет 3) Аллах с.в.а универзумот го создаде за 6 дена (периоди) Арапскиот збор користен во Куранот за ден е: Ејјам кој е множина од ден , и има исто така значење на долг времески период.
Научниците за ова кажување на Куранот немаат никаков приговор, но за тоа што вели Библијата за нив е не прифатливо, за време од 6 дена кои имаат времетраење од 24 часа, дека може да се оформи целиот Универзум. Библијата дава и други невозможни работи кои не се сложуваат со науката, едно од нив е дека: земјата со сите нејзини растенија (вегетација) била створена во третиот ден, а на четвртиот ден Господ ги створил Сонцето и Месечината!
Па како може да се развие вегетација без да има сончева светлина и топлина???
После ова кажетеми како Куранот копирал од Библијата? дури и чудо неможе да биде, затоа што Куранот во потполност се сложува со Науката, а Библијата е во Контрадикторност со Науката.
Како нашиов свет, земјава дојде до егзистенција, како се оформи целава вселена, и се што постои во космосот?
*целава вселена на почетокот била материја во ворма на гас, потоа следувало Биг Банг (големиот удар) од кој се оформиле сете галаксии, планети, и нашава земја!
ова се стабилни факти на науката!!
*кога ги докажа науката, во денешни времиња 50 до 100 години наназат.
*во 1964 год. Арно Пензис и Роберт Вилсон ја добиваат Нобелова награда за разоткриванјето на Биг Банг теоријата.
Според Стивен Хокинс, кој е еден од најдобрите научници во ова поле вели:
Дека Биг Банг теоријата е најголемото откритие на нашиов век, кое откритие ни даде правилна слика на гледање, за настанувањето на универзумов.
*Но дали можеш да ми кажеш кој го напиша ова во Куранот пред 14 векови:
Не гледаат ли оние кои не веруваат дека и небесата и земјата беа, навистина, една целина па Ние ја раздвоивме. (Сурах Ел Енбија 21 (ајет 30)
*Што значи дека Аллах с.в.а во овој ајет ни кажува за Биг Банг теоријата и вели дека на почетокот земјата и небесата беа една целина а потоа ние ги разделивме. Но Куранот дава уште по прецизни објаснувања и вели:
Потоа се упати кон небесата а тие беа како магла, и им рече, и ним и на земјата: Дојдете , сакале или не сакале: Па рекоа: Доаѓаме сакаеќи! (Во Сурах Фусилет 41 ајет 11-12)
*Зборот користен за магла, во Куранот е духан кој значи (чад, магла) кој збор е научно покоректен, отколку Гас.
како може мојава книга Куранов пред 14 векови да зборува за Биг Банг теоријата?
*А оваа теорија е откриена во денешно време
*Кој му кажал на Мухаммед с.а.в.с да напише вакво нешто во Куранот, кој?
Земјава на која живееме, каква форма има ???
*во по ранешни времиња се верувало дека земјата е рамна плоча, некои верувале дека е плоча која ја носат три големи китови.
Но во денешни времиња, технологијата ни докажа дека земјава има топчеста форма јајцевидна форама.
црквата ги осуди на бесилка Галилео Галилеј и Џордано Бруно, само заради тоа што тврделе дека земјата има топчеста форма, спротивно од верувањата на црквата
*Првата личност која докажа дека земјата има топчеста форма е, Францис Дрејк во 1597год.
*како можел Куранот пред 14 векови да даде ваква изјава:
Не гледаш ли дека Аллах, секако, го вовлекува денот во ноќта, а ја вовлекува ноќта во денот. (Сура Лукман 31 ајет 29)
*Вовлекувње мисли на полека, постепено менување на една работа. Во случајов постпено вовлекување на денот во ноќта и постепено вовлекување на ноќта во денот. Овој феномен не е возможе ако земјава е рамна, само доколку е во форма на топка тогаш е можно денот полека да се вовлекува во ноќта, и ноќта полека да се вовлекува во денот!
Куранот дава уште по прецизни објануванја за формата на земјава и вели:
...и Земјата потоа ја израмни (Сурах Ен Нзиат 79 :30)
*Користениот збор во овој случај, за израмни е Дахаха, кој збор има три мислења: едното е израмнување, второто спростирање и третото мислење доаѓа од зборот Дзуија кој значи јајце, и не се мисли на нормално јајце туку токму на јајцето од (Ној) кое има точно форма како земјава, на половите стесната и во средината вширено, а Аллах најдобро знае!
*Денес знаеме дека земјава не е точно во форма на топка туку е во средината вширена, а на половите стесната, јајцевидна форма.
*Кој би можел да ги кажува овие работи кои во денешно време се докажуваат со висока технологија, дали оваа технологија ја имал Мухаммед с.а.в.с пред 14 векови?
*Светлината која ја добиваме од Месечината, кој ја дава таа светлина?
порано се верувало дека месечината има своја сопствена светлина, но денеска науката ни кажува дека Месечината нема своја светлина туку рефлектира светлината од Сонцето.
мојот Куран пред 14 векови вели:
мојот Куран пред 14 векови вели:
*Возвишен нека е Он кој на небесата создаде соѕвездие во кое светилка постави и месечина осветлена. (Сура Ел Фуркан 25 ајет 61)
*Куранот прецизно објаснува дека Аллах с.в.а создаде месечина осветлена. а не дека таа има своја светлина, туку дека е осветлена од сонцето, точно како што науката кажува, дека Месечината рефлектира светлина од Сонцето.
И уште еднаш, како е можно Мухаммед с.а.в.с да пишувал вакви научни факти пред толку време, или овие податоци ги добива од некоја надприродна сила?
Кога јас одев во основно училиште, учев дека сонцето е стационарно! а се друго, сите планети во сончевиот систем се движат околу сонцето, но читаеќиго Куранот сретнав многу интересен податок ,во (сурах: Ел Енбија 21ајет 33) се вели:
И Он ги создаде ноќта и денот , Сонцето и Месечината. И се во вселената плови .
*Арапскиот збор користен во куранот за (плови) е Јесбехун – плови, ротира, се движи, Овој (ајет) дава објаснување дека се што е во вселената плови дури и сонцето, но на училиште го тврдеа спротивното, и сега се доаѓа до прашањето, дали Куранот има научна грешка или пак науката имаше теорија а не факт?
*Елхамдуллилах, науката во тоа време имаше теорија, а денес има факт и го докажа тоа што Куранот го изјави пред 14 векови, дека за време од 25 дена сонцето прави една ротација (движење) околу својата замислена оска, и ако имаме моќен телескоп можеме сонцето да го донесеме на маса и да го набљудуваме, и ќе забележиме дека сонцето има една црна точка во средината, и таа точка за да се врати на истото место потребни и се 25 дена, што докажува дека сонцето ротира околу својата замислена оска.
... И Се што е живо Ние од вода го создадовме. Не веруваат ли? Сурах Ел Енбија 21 (ајет 30)
*Куранот пред 14 векови вели дека се што е живо Ние од вода го создадовме, денес науката ни кажува дека секое живо суштество на земјава, во себе содржи од 50 до 80% вода.
Па кој извор има Куранот ако размислувате?
*Замислете во пустината на Арабија.., кој би можел да помисли дека се е створено од вода? Ако Мухаммед с.а.в.с погодувал, ова никогаш не би можел да го погоди, се би му паднало на памет, но дека се е од вода?..
Одлучете самите колку ова е возможно.
Па кој извор има сега Куранот ??? Но сето ова ќе го крунисам со уште еден научен тест!
Во Математиката има тест кој се вика Теорија на веројатност. Да предпоставиме дека имам две можности едната е точна а другата е грешна, шансите да погодам која е точна се 50% - 50% бидееќи имам само две можности, и ако имам уште една трета можност тука шасите се 25 %
Ако на овој тест го ставиме Мухаммед с.а.в.с. Можноста да погодил дека се е од вода створено, шансите му се 1 према 10 000 затоа што има 10 000 други можности: земја, метал, минерали, и многу други елементи се до 10 000.
Можноста да погодил дека месечината нема своја светлина шансите му се 1 према 2 те. 50%
Шансите да погодил за земјата дека има форма на топка му се 1 према 30 зашто постоеле различни верувања во тоа време, некои верувале дека земјата е петтоаголна некои дека е рамна, некои верувале дека е во ворна на осмограм и тн. Шансите во сите овие случаи Мухаммед с.а.в.с да погодил се:
1према 10 000 врз 1 према 2 врз 1 према 30 или поточно 10 000 х2х30 (нули) па потоа 1 или ...0000000000000000000000000000,1 % се шансите за погодок
нешто проближно до (O)не самата (O) Но во теоријата на веројатност шансите се (O) дека би можел да погоди.
*Што значи дека според науката Мухаммед с.а.в.с не можел никако да погоди што пак докажува и потврдува дека Куранот има извор единствено од Господарот на световите , Семоќниот Аллах с.в.а