Муслиманството vs Рисјанството, разлики и сличности

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaP
  • Време на започнување Време на започнување
Е ајде де кажи хехе.
Фала што ја отворивте темата пак.
И од сега за да не биде некоја тема заклучена дали ќе треба да викаме дека Мухамед и Исус се браќа а исто и Македонците и Албанците?
 
SLaCk напиша:
Е ајде де кажи хехе.
Фала што ја отворивте темата пак.
И од сега за да не биде некоја тема заклучена дали ќе треба да викаме дека Мухамед и Исус се браќа а исто и Македонците и Албанците?

Ако дискусијата на одредена тема повторно предизвика непријатни моменти за членовите на Кајгана, ДА ќе биде заклучена.

Дискутирајте квалитетно и ДОСТОИНСТВЕНО! Ниту една религија или етинчка група не е помалку вредна од другите.
 
Кој има добра конекција и емуле(или некој друг програм за шерање) нека ја симне
30 days: 1x03 Muslims and America
Батката(кој е загреан христијанин) 30 дена се става у кожа на муслиман. Исто има и доста објаснувања. Корисно да се гледа.
Продуцирано од Морган Спурлок, шефот кој го сними Supersize Me
 
NikolaP напиша:
Кој има добра конекција и емуле(или некој друг програм за шерање) нека ја симне
30 days: 1x03 Muslims and America
Батката(кој е загреан христијанин) 30 дена се става у кожа на муслиман. Исто има и доста објаснувања. Корисно да се гледа.
Продуцирано од Морган Спурлок, шефот кој го сними Supersize Me
јас имам
но не сум религиозно настроен ја имам изгубено верата Поради некои неправилности шо се случуваат во неа
 
Не е важно де. Серијата е вери кул, ако си го гледал Super Size Me, го знаеш стилот, ако не гледај го и филмот. Луѓе се поставуваат во туѓа кожа, а и многу работи што не се у реду со модерниот свет, а и Америка се покажуваат.
 
Окаy дечки, сега назад на темата :wink:.
 
CopyOfDeath напиша:
јас имам
но не сум религиозно настроен ја имам изгубено верата Поради некои неправилности шо се случуваат во неа
Неправилности во Верата или во Црквата?
 
SLaCk напиша:
И од сега за да не биде некоја тема заклучена дали ќе треба да викаме дека Мухамед и Исус се браќа а исто и Македонците и Албанците?

Македонците и Албанците се различни, христијанството не е исто што и исламот. Нема потреба никој со сила да го наречува другиот брат. (Мухамед се нарекува себе си брат на Исус, но тоа е друга приказна)

Идејата е за тоа да ги дискутираме разликите без да го навредуваме другиот. На слабиот и несигурниот во себе му е потребно да потценува други за да си даде некава вредност себе си - мислам дека сме доволно силни за да му искажеме респект на она што е убаво во муслимаската вера без тоа да не прави да се чувствуваме помалку христијани.

Порано спомнав дека во суштина нема разлика меѓу пораката на Исус “Која е најголема заповед? Возљуби го Бога со сиот свој ум, срце и душа!“, и пораката на Мухамед: “Бог е еден, голем, милостив и праведен, тој ги гледа сите наши дела и ги знае сите наши мисли, посветете му го животот Нему, чинете добри дела“.

Но, разлики сепак постојат. За разлика од христијанството кое ги содржи Заветот на Исус и европската традиција, муслиманството е далеку повеќе одраз на арапската култура, традиција и начин на живот. А таа култура е толку различна од нашата.

Постои и уште еден друг фактор. Исламот се проширил најдалеку во времето на Отоманската Империја. Но проблемот со Турците е во тоа што нивниот менталитет и култура исто така се поприлично различни од арапскиот, па муслиманската вера пресадена на ова ткиво е нешто поинакво од она во Багдад и Аман. Дополни го тоа со условот за познавање на арапскиот јазик за да може да се познава Коранот и останатите исламски свети книги, и ќе добиеш рамка за доста манипулации кои се продаваат во име на муслиманството, и создаваат погрешна претстава за исламот кај нас.

Мислам дека денес, во 21.век, немаме никаков изговор да бидеме толку заслепени за да го изедначуваме бандитизмот на поединци со исламската религија.
 
Tokmu taka Liprandi.
Никој нема и не смее да си даде за право да негира или омаловажува туѓа вера, религија, живот, одлуки и сл.
Секој сам си е ковач на својата судбина, секој сам си носи одлуки и стои зад нив, секој сам за себе ќе даде отчет, без разлика каде и пред кого.
 
У 30 days, кога христијанов се става у кожа на муслиман и иде да живее меѓу муслимани, на почеток беше доста параноичен. Идат у џамијата и нејќе да пофторува по имамот пошто мисли дека се осудува христијанството и Америка. Исто и Спурлок прави анкета по улица, од тип на што прво ве асоцира со исламот: одговор, кај сите, пушкарски, од прва: тероризам!. Што ве асоцира на тероризмот: муслиманството, средноисточните. Пушка! Ете со тоа ги појат. А да ги прашаш кај се наоѓа некоја држава изван Северна Америка, ќе те гледаат бледо.
Исто така осети и на своја кожа, како гледаат луѓето на муслиманите.
Дечково при крајот на месецот почна стварно да разбира кои се основите и стекна почит( а ова е загреан христијанин, да ве потсетам) кон основите на учењето.
Значи муабетот цело време ми е, победете ги своите ирационални програмирани стравови, и гледајте ги нештата такви какви што се, а не такви какви што се во вашиот ум.
Рисјанството и Муслиманството во својата основа и не се така лоши вери. Ама се корумпирани од властите и институциите за нивна потреба, т.е. владеење со стадото.
 
CopyOfDeath напиша:
Начинот на кој се преповеда Верата
И начинот на кој божјите храмови се користат за ширење пропаганда и омраза, како и институционализирањето на истата, а и мешањето во световните нешта (особено политиката).
 
Постовите се у философија, под догматика.
п.с.
Зошто е а-то битно?
Едни го викаат Абрахам едни Ибрахим, едни Авраам, ја можда Аврам. Важно да се знае на кој се мисли.
 
Garfield напиша:
Tokmu taka Liprandi. Никој нема и не смее да си даде за право да негира или омаловажува туѓа вера, религија, живот, одлуки и сл. Секој сам си е ковач на својата судбина, секој сам си носи одлуки и стои зад нив, секој сам за себе ќе даде отчет, без разлика каде и пред кого.

Ne da se omalovazhuva tugja vera, tuku islamot ne dozvoluva kritika. I vo toa e edna od razlikite so Hristijanstvoto.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom