Muhteşem Yüzyıl - Величествениот

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.521
Поени од реакции
8.688
Возраст
35
Знам ќе речете Турска серија јас не гледам бегај таму живи глупости е ,но погледнете ја па тогаш коментирајте ја ,ептен е добра не како другите останати серии Турски,Шпански.Бугарски... само што нашиве ја утнале со синхронизација
muhtesem-yuzyil.jpg


Историска серија за султанот Суљејман :) Ја даваат на Канал 5
 
Се согласувам, додека на некоја македонска телевизија не и' текне да ги инвестира парите во серија од сопствена продукција, јас нема да им ги гледам срањата што ги прикажуваат.
 
Оваа серија ја даваат викенд маратонски на Канал 5, еден асален филм да не можат да дадат за викенд, тоа од приватните телевизии треба се да се убие така што ни роџена мајка да не ги препознае
 
сапунска серија ко сапунска серија......
не е битна продукција (латино, индиска, турска, српска или хрватска), тоа е само губење време, и тоа неквалитетно.
 
Глупости е оваа серија исто како сите други на Сител и Канал 5 :facepalm: нека ги вратат американските крими серии да виде народот шо е убаво :)
Ах Гоце Делчев да знаеше колку ќе се гледат турците немаше со прст да мрдне :pos: :icon_mrgr:
 
Сме биле под турско ропство и ќе бидеме, се шалам :pos: Кога немаме ништо наше ќе пуштаме туѓо :(
 
Епско срање... идам во дневна и ги гледам мајка ми и баба ми го гледаат... и мајка ми онаква целата радосна и среќна
"и глеј сега глеј сега, тие не смеат во очи да го погледнат а таа ќе го погледне и дури ќе му го изговори името"

бре бре бре
 
Низ град со комбе со разглас и Величествениот та Величествениот ( онака со морбиден глас од памет да те извади), а оно ете видиш што било работата, ццц... Кога Ајнштајн зборел за глупоста најверојатно мислел на ова.
 
Ми се свиѓа.Мислам дека не е сапунска бидејќи има 2 сезони и само 39 епизоди.
Да беше американска ќе ја величевте ама не е. :tapp:
 
Искрено не ја гледам, ама барем оваа нема да биде толку срцепарателна ќе има и историски факти и ако е правена по вистински случувања ќе можеш нешто корисно да научиш.
Ако има најдобро меѓу најлошото ова би требало да биде тоа :)
 
Велат дека обработува историски настани (кои не вклучуваат и нас, како дел од Османлиската Империја), но деф нема да ја гледам синхронизирана, ако успеам од некаде да ја симнам со превод ОК, ако не - никому ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom