Муабетчии

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Пошто подфорумов се вика општи муабети и е еден од поактивните, значи дека многу од нас често имаат што да кажат :rolleyes:

Колку зборувате во реалниот живот?
Кога ќе седнете со некого зборувате како навиени или оставате простор и на другите да се искажат? :)

Јас на пример, понекогаш знам да си седнам и да се расприкажам на долго и на широко, иако скоро секогаш оставам простор и на другите да си кажат што си имаат.

Вие како стоите со работава? :D
 
Па јас убаво стојам 40-60 % во зависност од ситуацијата.

ама затоа познавам другарче што кога ќе се расприкаже буквално треба да барам збор како во собрание за да речам нешто.
 
Не сум некој голем муабетџија. У друштво обично оставам простор повеќе на другите, привремено се убацувам со по некоа заебанција. Ма да и ја знам да откачам, па имало моменти коа не можеле да ме сопрат... Али у главном не зборам многу. :)
 
Мило ми е, Васко Ефтов .. ама со луѓе кои ми се по ќеф, или ги познавам подолго време.
 
Зависи од друштво, моментално расположение, временски услови и слично.
Но се обидувам што е можно повеќе да ги оставам другите да зборуваат и да си се отворат.

It's amazing what people say when they think you are stupid :eek:
 
Нормално, знам да кажам и оставам кога треба и другите да кажуваат....Кога сум поднапиен е тогаш малце повеќе мандат имам :D
 
Цело време јас зборам, дали со друштво дали 1 на 1.
 
Обично со нови луѓе сум тивка, оставам тие да го водат разговорот, најчесто сум сериозна и внимавам што зборувам. Секоја чест на исклучоци со кои сум се чувствувала како да ги знам одамна.

Во познато друштво обично сум една од главните што го водат разговорот, но никогаш не ми се случило да објаснувам нешто на долго и на широко, па да не можат другите да дојдат на ред. Сепак, може да се деси и да не ми е за зборење, или да не ми е интересна темата за разговор, па да си седам збуткана во некое ќоше :)
 
Многу зборувам, мислам дека на моменти тоа почнува и да ми смета, ама едноставно не можам да не кажам што мислам по одредено прашање, особено ако имам познавања од областа за која се зборува. Можам да молчам само ако се прави муабет за луѓе или нешта што не ми се познати.

Оставам простор и за другите, поставувам прашања и успевам да размуабетам дури и луѓе кои се препознатливи по молчењето. Не сакам кога е пасивна атмосфера.
 
На почеток во нова средина молкот ми е главна карактеристика. Не можам против тоа. Самата природа ми е таква прво да набљудувам, па да се впуштам во муабет и да се зближам со луѓето. Тогаш единствено што правам е што прашувам. И толку. Потоа пријателски се зближувам со луѓето и си ја покажувам смислата за хумор и разговорната страна. После тоа секогаш ги добивам истите коментари од типот: Абе ти на почеток само молчеше, не беше ваква. Што да правам кога морам да обсервирам најпрво, а за тоа треба време. Инаку страашно многу ме нервираат луѓе кои од една минута познавање си ја шиткаат цела животна приказна. Заморителни ми се, и богами од странец ама ич нејќам да слушам таков муабет.
 
Обично на мене не ми оставаат простор да се искажам... ама не е лошо и да си слушач, никогаш не знае што се можеш да дознаеш :p:cenzura:
 
Хммм... зависи. Сум муабетчика ептен, сакам да правам муабет. да зборам, ама сметам и дека оставам простор и на другите соговорници да се искажат. Едно е човек да е муабетчија, друго е да биде алапача. :)
Порано бев многу срамежлива така што најчесто молчев во поголемо друштво на пример, ама сега и со тоа немам гајле, зборам, зборам... зборам... :D Е сега има периоди кога не ми се збори, кога сакам само да ќутам и да слушам, ама ретки се тие периоди.
 
Повеќе сакам да слушам одколку да говорам.. Во нормала сум не толку комуникативен, али има случаеви кога се отворам па тешко е да ме сопреш..:)
 
Кога соговорникот е немтур гледам јас да го терам муабетот,кога ќе се најде некој брборко се приклучувам само со кратки реченици.Највише ме нервира ко ќе муабетиме у друштво за одредена тема и тој што ќути цело време ќе одвали неаднаш ’’нема врска’’,’’не е така’’,’’глупости’’,’’абе баталите тоа’’...и ко ќе му дадеме збор да се изјасни сакам кажам незнам речам е работава.
 
Праам муабет само у средина у која има луѓе исти ко мене (:
Понекад и на прв муабет, сум се оставала со луѓе на кои ни името не им го знам, со саати сме праеле муабет, без застанување, на секакви теми. И сето тоа почнало со: „Да да...точно. Или кога...бла бла“
Со некои намоќоришта, и да сакаш, не можеш да направиш муабет. Понекад и ја сум таква, we all have bad days, ама некои па цел живот се такви.

Обично не ме нервираат зборлести и некои шо си раскажуваат животни приказни на некој што прв пат у живот го гледаат, ама ме нервираат радознали. Мене сеа ќе ме прашуе, кај учам, шо праам, каква музика слушам, бла бла. Fuck off бре, гледаш дека не ми се праи маубет со тебе.
Ако имаш нешто паметно да ми кажеш - кажи, можеби ќе ми привлечеш внимание и ќе те слушам, а не со сила да ми привлекуваш внимание.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom