Goran Bt
локал патриот
СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ, ПОРАНЕШЕН ПОЛИЦИСКИ ГЕНЕРАЛ-МАЈОР
Поранешниот полициски генерал-мајор Стојанче Ан-
гелов, штипјанец, е претседател на Здружението на при-
падниците на безбедносните сили "Достоинство", фор-
мирано со цел да се избори за нивните права и да го
зачува нивното достоинство. На почетокот на 1996 г. од
полицаец во СВР Штип станува припадник на Единицата
за специјални задачи на МВР (подоцна наречена "Тигар")
прво како полицаец, потоа како командир на одделение,
а од април 1998 г. командир на вод. Во ноември 2000 г.
по ради професионални несогласувања со тогашниот
командир е деградиран во водич на сектор во по ли цис-
ката станица Радуша. Во 2001 г. ден по нападот на тетов-
ското Кале заминува во Тетово како командант во по-
себните единици, каде останува до крајот на мај 2001 г.
Во периодот март-мај учествува во речиси сите поли-
циски операции преземени во тетовскиот регион. На 25
мај 2001 г. е распореден на работно место заменик-ко-
мандант на Единицата за специјални задачи "Тигар". Ра-
ководи и непосредно учествува во речиси сите борбени
дејства на Единицата, сe до 23 јуни 2001 г. кога во бор-
бите во Арачиново е тешко ранет. 17 дена по ранувањето
тргнува на работа каде раководи со проектот "Биди Ти-
гар" за прием на 150 нови специјалци. Во јануари 2002 г.
е унапреден во чин генерал-мајор. Во ноември истата
година, по промената на власта, е деградиран во помлад
инспектор за кражби. И по промената на власта во 2006
г. сe уште се наоѓа на ова работно место.
Господине Ангелов, во државава секојдневно се слу-
чуваат парадокси, па наспроти инсистирањето на ДУИ
да се донесе закон за пензии за припадниците на ОНА,
Вие кои ја браневте татковината треба да ја вратите от-
штетата која државата ви ја исплати за повредите стек-
нати во 2001 г. Образложението на Врховниот суд е де-
ка парите ви биле исплатени според погрешен Закон
(Закон за облигациони односи) наместо според Законот
за посебните права на припадниците на безбедносните
сили...
АНГЕЛОВ: Ваков парадокс во кој оние кои со оружје се
кренаа против државата сега бараат пензии од истата таа
држава, затоа што се бореле против неа, нема никаде во
светот! Наспроти тоа, семејствата на оние кои ги дадоа своите
животи бранејќи ја татковината, како и оние кои беа ранети
или повредени, не добија никаков надомест на нематеријална
штета. Затоа беа принудени да поднесат тужби против својата
држава за да го остварат ова елементарно право. Основните
судови донесоа околу 300 пресуди во корист на воените ин-
валиди и семејствата на загинатите. Овие пресуди ги донесоа
околу 240 основни судии. Околу 60 апелациони судии ги по-
тврдија тие пресуди. Без ниту еден исклучок. Сè до јануари
2006 година, кога Судскиот совет на Врховниот суд на РМ во
состав: Сабит Кранли-претседател, Сафет Алиу, Вера Коцо, Вла-
димир Бабунски и Мирјана Андреева-членови на Советот, до-
несе пресуда против семејствата на загинатите и на воените
инвалиди! Зачудувачка е изјавата од Врховниот суд, дадена
пред неколку дена, дека не станувало збор за неодговорно
или за несовесно работење на судиите, туку тие го погрешиле
законот според кој пресудиле! Погрешиле само 300 основни и
апелациони судии! А тие петмина, па нека се и врховни, биле
во право!
Целосно е неодржливо образложението на Врховниот суд
дека со Законот за посебните права на припадниците на без-
бедносните сили се регулирани правата на воените инвалиди
и на семејствата на загинатите, поради што за нив не може да
се применува Законот за облигациони односи, бидејќи во по-
сочениот Закон на ниту едно место не се спомнува надоместот
на нематеријална штета за воените инвалиди, а висината на
надоместот за семејствата на загинатите е понижувачка.
Образложението кое Врховниот суд го заснова врз Законот
за внатрешни работи, според кој овластените службени лица
се должни работите од своја надлежност да ги вршат и кога
нивното извршување е поврзано со опасност по нивниот жи-
вот е дискутабилно. Врховниот суд тврди дека полицајците ка-
ко припадници на безбедносните сили се должни да се борат
против актите на насилство или терор, поради што било не-
прифатливо стојалиштето на пониските судови, за претрпената
штета да одговара државата! Не е спорно дека полицајците
се должни да се борат против "актите на насилство или
терор"! Но, дали во 2001 г. во Македонија имаше само ак-
ти на насилство и терор и колкав беше нивниот обем?
Што ни се случи во 2001 г.? Вие бевте директен учесник
и многу добро знаете што се случуваше на теренот...
АНГЕЛОВ: Сè уште нема дефинитивен одговор на ова пра-
шање. Неколку наши врвни воени теоретичари и аналитичари
сметаат дека во 2001 година во Република Македонија има-
ше војна. Други автори сметаат дека имавме субверзивна
војна, трети - воена криза, воен конфликт, внатрешен во-
оружен конфликт, вооружен бунт... Албанскиот политички
фактор тврди дека се водела борба за човекови права?!
Единствено неспорно е дека во 2001 г. во Република Ма-
кедонија имаше борбени дејства, иако формално-прав но
не беше прогласена воена состојба! За жал, наместо самите
ние, сега Хашкиот трибунал ќе биде тој кој ќе ни каже што ни
се случи во 2001 г. Колку неговото толкување ќе биде блиску
до вистината е друга работа.
На заканите за тужби и Вие најавивте ваша тужба би-
дејќи, според законите за одбрана и за внатрешни
работи, не сте биле должни да учествувате во борбени
дејства затоа што не била прогласена воена состојба?
АНГЕЛОВ: Според Законот за внатрешни работи, во
услови на воена состојба работниците на Министерството
се мобилизираат и се ангажираат за извршување борбени
задачи. Законот за одбрана предвидува дека во воена сос-
тојба полицијата може да биде употребена за извршување
борбени задачи како составен дел на Армијата. Прет се-
дателот на Република Македонија наредува употреба на
полицијата за извршување борбени задачи во воена сос-
тојба.
Неспорно е дека во 2001 г. во Република Македонија
има ше борбени дејства. Но, воена состојба не беше про-
гласена. Неспорно е дека овластените службени лица на МВР

нивното извршување е поврзано со опасност по нивниот
живот, должни се да се борат против "актите на насилство или
терор". Но, не се должни да извршуваат борбени дејства
доколку не е прогласена воена состојба! А сите загинати и
ранети полицајци, загинале или се ранети во борбени
дејства! Колкава е можноста некој полицаец да биде по-
вреден, да биде ранет или да загине вршејќи типично по ли-
циски работи? А колку пати се зголемува таа можност доколку
полицаецот извршува борбени задачи?
Можат ли сега семејствата на инвалидите, па и на за-
гинатите да ја вратат исплатената сума, дури да плаќаат
и камата доколку не ги вратат парите во предвидениот
рок. По сè изгледа, апсурдот оди и до таму семејствата
да ј плаќаат на државата поради тоа што во 2001 г.
загубиле најблизок...
АНГЕЛОВ: Сумите кои ги досудуваа судовите беа коректни
според нашиот стандард. Во споредба со странските искуства
беа мали. Најголем дел од припадниците на безбедносните
сили кои учествуваа во вооружените дејства беа од средните
или од пониските социјални слоеви. Парите кои ги имаат
земено воените инвалиди и семејствата на загинатите се по-
трошени за враќање кредити, долгови во продавници, до-
градување или поправки на куќите итн. Не верувам дека било
тие пари. А кога на нив ќе се додаде и законската затезна ка-
мата се доаѓа до значително повисока сума, во некои случаи и
повеќе од двојно. Доколку парите бидат вратени државата
ќе заработи од крвта на воените инвалиди и загинатите!
За разлика од припадниците на ОНА, кои беа амнес-
тирани и се најдоа во законодавниот дом, македонските
безбедносни сили сè уште талкаат низ институциите на
системот барајќи ја правдата...
АНГЕЛОВ: Ниту една Влада, почнувајќи од 2001 г. па сe
до денес, не направи сериозни напори да им излезе во
пресрет на нашите проблеми и барања. Затоа ние кои ја
браневме оваа држава во 2001 г. одлучивме да го формираме
Здружението на припадници на безбедносните сили "До-
стоинство". Здружението има повеќе од 3.000 членови, во 35
ограноци низ Македонија. Најголем број од нив се про фе-
сионално вработени во АРМ (Воено воздухопловство, Единица
за специјални намени "Волци", Прва механизирана пешадиска
бригада "Шкорпиони", воени старешини и професионални
војници) и МВР (Единица за специјални задачи "Тигар", Еди-
ница за брзо распоредување, Посебна полициска единица,
Гранична полиција, униформирана полиција), како и припад-
ници на резервниот армиски и полициски состав.
Наша цел е сите ние заедно да се избориме за нашите ос-
новни права и да го зачуваме нашето борбено и човечко до-
стоинство, кое некој упорно се обидува да ни го згази. Во тек е
изработка на веб-страница на Здружението, а контактот е на
е-маил адресата dostoinstvo_mk@yahoo.com
Според Вас, и Законот за посебни права на припадни-
ците на безбедносните сили не ги задоволува основ-
ните ваши барања. Со собирање на 10.000 потписи ќе
барате Собранието да донесе нов Закон...
АНГЕЛОВ: Причините поради кои ќе ја почнеме оваа ини-
цијатива се слабостите на постојниот Закон за посебни права
на припадниците на безбедносните сили. Во него за воените
инвалиди не е предвиден надомест на нематеријална
штета додека висината на надоместот за семејствата на
загинатите е понижувачка. Со него, пред сe, се регулирани
правата на воените инвалиди и на семејствата на за ги-
натите, но не како што треба. Припадниците на безбед-
носните сили, кои не биле ранети или повредени, со овој
Закон не се здобиваат со никакви права освен правото на
бесплатно високо образование. Невработените при пад-
ници на безбедносните сили имаат право на предност при
вработување во буџетските установи, но надлежните ин-
ституции воопшто не ја почитуваат оваа одредба.
За да избегнеме било каква партизација на Здружението,
наместо нашите барања да ги доставиме до Владата, одлу чив-
ме самостојно да покренеме иницијатива за собирање на
10.000 потписи за предлагање за донесување измени и до пол-
нување на постојниот Закон за посебни права. На овој начин
нашите барања, преточени во законски текст, директно ќе ги
доставиме до Собранието на Република Македонија. Прате-
ниците од сите политички партии нека одлучат дали ќе гласаат
за правата на оние кои ја бранеа државата во 2001 г. И сè тоа
во период кога разврската на косовското прашање повторно
ги разбуди големоалбанските апетити!
Кои се вашите барања? Што сакате да измените во по-
стојниот Закон?
АНГЕЛОВ: Пред сè, сакаме да ја исправиме неправдата која
ни ја нанесе Врховниот суд. Во предлог-измените ќе во-
ведеме надомест на нематеријална штета за воените ин-
валиди. Воедно ќе го зголемиме предвидениот надо мест
на нематеријална штета за семејствата на загинатите. Со
сегашниот Закон семејствата на загинатите од 2001 г.
имаат право на надомест од 40 просечни плати (околу
6.800 евра)!
Ќе обезбедиме вработување на неопределено време
за професионалните војници на АРМ и враќање на работа
на поранешните професионални војници, припадници на
безбедносните сили на РМ, на кои им истекол договорот
за работа, а се учесници во вооружените дејства во 2001 г.
и во мисии надвор од територијата на Република Маке-
донија. Колку за појаснување, професионалните војници
на АРМ по наполнети 38 години го губат правото на работа
во Армијата и буквално остануваат на улица!
Ќе внесеме одредба со која припадниците на безбедносните
сили ќе го задржат додатокот на плата по напуштањето на
единиците со кои учествувале во вооружените дејства во 2001 г.
Бараме само да го задржиме оној додаток на платата за кој се
изборивме во 2001 г. Ништо повеќе.
Понатаму, со измените ќе внесеме ослободување од пла-
ќање на придонесот за пензиско, инвалидско и здравствено
осигурување на работодавачот, кој на неопределено време
ќе вработи невработен припадник на безбедносните сили на
РМ, учесник во вооружените дејства во 2001 г. На овој начин
сакаме да ги стимулираме работодавачите, да им дадат вис-
тинска предност при вработувањето на оние кои ја бранеа
државата.
Бидејќи во 2001 г. изгубивме дел од нашето здравје, а веќе
има и појава на т.н. посттрауматско стресно растројство (виет-
намски синдром) сметаме дека наше елементарно право е да
бидеме ослободени од партиципација при користење здрав-
ствени услуги, како и да можеме да се пензионираме 5 години
порано од предвиденото.
Имате ли податоци што навистина направи оваа др-
жава за семејствата на загинатите бранители? Освен,
новогодишните и божикните ручеци на кои се пови-
куваат децата на загинатите бранители, дали државата
целоснo си ја исполнува обврската да се грижи за овие
семејства?